Скоро пола буџет потрошен за кампањи, реклами, соопштенија и повици. Државниот ревизор утврдил фрапантни податоци за расходите на Владата за 2008-ма. Од вкупно 20 милиони евра, скоро 10 отишле за медиумски услуги.На кампањите и рекламите им припаѓа најголемиот дел од ставката Стоки и услуги, за која се одвоени цели ¾ од буџетот на Владата. За капитални расходи потрошила само еден процент, а пари за тековни резерви немала.
Во конечниот извештај за претходната година, кој се уште не е официјално објавен, ревизијата констатирала дека 30 проценти од вработените во Владата се ангажирани преку агенции за привремени вработувања. Од нив, спротивно на законот за државни службеници, висок процент биле на раководни позиции.
Владата им давала плата и на 101 лице вработено според Рамковниот, иако тие до крајот на 2008. не почнале да работат. Поради ограничените просторни услови, физички не можеле да присуствуваат на работните места, а некои од нив примале плата и покрај тоа што биле ангажирани на други работни места.
Ревизорот не се убедил дека законски и наменски се потрошени и 150.000 евра за хонорари на членовите на второстепените владини комисии. Спротивно на деловникот, дел од именуваните лица не биле државни службеници, а за секретар на една од нив биле ангажиран пензионер. Се плаќале и тие што не решиле ниту еден предмет.
Државниот ревизор не можел да се увери и во оправданоста за направените трошоци за кафиња, сокови и ручеци. Неколкуте стотини владини службеници потрошиле 200.000 евра. Освен нив, владата спротивно на законот им префрлила пари за храна, превоз и плати и на вработените во Македонската радио телевизија. Над 700.000 евра.
Одговорни за финансиските извештаи на Владата се премиерот Никола Груевски и Генералниот секретар Стојан Тодоров.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114779
Вака се трошат нашите пари,за да можат да лаат некои (незнам како да ги наречам а не ги навредам) од кога ќе изгледаат сител телевизија!