Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

Член од
14 јануари 2025
Мислења
8
Поени од реакции
18
Па баш и не. Но, Македонците си го свиткале опашот.
Се надевам дека Македонците не се откажале, бидејќи целото тоа бугарско писмо, со своите неосновани и нелогични тврдења, не успева да обезбеди ниту една конкретна и валидна причина за отфрлање на предлогот. Сè е рекла-казала. За секоја реченица кои бугарите ги напишале во писмото, постојат безброј документи што ги докажуваат нивните лаги, и тоа директно од архивите на американската влада. Ова е затоа што Америка е присутна тука веќе 200 години.

Понатаму, постоењето на оваа организација, „Потомци на бегалци од Северна Македонија“, е од сомнителен карактер. Тројцата потписници на писмото, вклучувајќи го и проф. Трендафил Митев, се истите и познати пропагандисти кои активно шират навреди и невистини за македонскиот народ веќе три децении. Тие објавуваат книги и често се појавуваат на бугарската телевизија, каде што ги навредуваат Македонците. Ниту еднаш во нивните објавени дела или телевизиски настапи не ја споменале оваа организација. Дополнително, оваа организација нема ниту веб-страница, ниту сцијална мрежа или Фејсбук профил, што ја доведува во прашање нејзината легитимност, особено бидејќи тврди дека има 400,000 членови. Нема информации за целите на организацијата, што сака да постигне или како може да се донираат средства.

Дигитализацијата на архивите што започна пред неколку години во САД, Велика Британија, Грција и Русија, испумпа богатство на документи и информации во корист на Македонија што претходно беа непознати или недостапни. Не е чудно што авторите на ова писмо напишале такви изјави во писмото што се сосема различни од нивните претходни изјави и тврдења, наведувајќи различни датуми, личности и бројки. На пример, во неговите книги од 1999 и 2005 година, Трендафил тврди дека Македонците биле создадени од Тито и комунистичка Југославија во 1945 година. Сепак, во ова писмо, тој за првпат ги споменува Советскиот Сојуз и комунистичка Бугарија, и ја наведува 1934 година како годината на создавање на Македонците.

ОВА Е МНОГУ БИТНО:

1, Фактот дека Бугарија не е во право е многу пати докажано во Меѓународниот Суд за Човекови права. Сите Македонци кои ја тужеле до сега Бугарија, сите го добиле случајот, а Бугарија во сите од нив прогласена за виновна. Еден од нив е и случајот на Станков и ОМО Илинден против Бугарската држава. Линк: овде

2, Нивното писмо е полно со навреди и содржи најлоши можни карактеризации за Македонија, но не успева да понуди ниту една валидна причина за одбивање на предлогот. Слично како на пример, ако Франција и Италија се расправаат дали пицата е италијански специјалитет или француски, и после Франција почнува со навредувачки тон да ја обвинува Италија дека биле фашисти и Мусолини убил безброј луѓе. Оваа изјава на Франција нема врска со тоа чија е пицата, а најмалку дека е француска. Исто и ова писмо на бугарите, епитетите дека македонците се србо-македонци и титови комуности, немаат никаква врска со оваа декларација, не се никаково објаснување и не дава одговор на прашањето зошто барањето на македонците треба да се одбие, а зошто пак бугарското да се прифати.

3. Прославата се однесува на Македонско-Американското пријателство во целиот период од Илинденското Востание до денес. Бугарското писмо тврди дека оваа декларација за Македонско-Американското пријателство задира во бугарското социо-културно наследство, бидејќи и таа и Грција имаат право што се однесува на регионот Македонија. Оваа нивна изјава е неоснована бидејќи декларацијата не се однесува за прослава на географскиот регион Македонија, туку на сојузништвото помеѓу македонскиот и американскиот народ во последните 125 години. Бугарите не се дел од ова, па дури и да сакаат да направат нешто слично и посебно, тие немаат основа за тоа, бидејќи во текот на овие последниве 125 години, особено во најтешките моменти за САД, како во Првата и Втората Светска Војна и Студената Војна, Бугарија секогаш доброволно ја заземаше непријателската страна на САД и војуваше против неа, нејзините интереси и нејзините западноевропски сојузници. Нема ниту еден дел од нејзината историја каде Бугарија може да се пофали дека некогаш била сојузник на САД, па сега се обидува тоа постигнување на Македонците да го претстави како свое - бугарско, а во спротивно ако не успее, тогаш се обидува да го оспори, со тезата, која веќе и не и работи, а тоа е дека не постојат македонци. Му доаѓа некако како: “ ...или славеникот ќе биде Бугарија или никој...“

4. Во Втората Светска Војна, на 13 Декември 1941 година Бугарија официјално и објави војна на САД и Велика Британија и се приклучи на страната на Хитлер, каде што ја спроведуваше нацистичката идеологија врз Македонците и изврши невидени злосторства против човештвото, вклучувајќи го и холокаустот, каде што Бугарите ги депортираа сите македонски Евреи во концентрационите логори на смртта. Бугарија изврши нечуени злосторства за кои никогаш не беше казнета, ниту пак до денес се има извинато. Овие информации се изоставени во ноивното писмо. Ги заборавиле или не ги знаат?

5. За разлика од Бугарите кои официјално се прогласија за непријатели на САД во таа војна, Македонците и во Америка и во С Македонија застанаа на страната на САД како нивни сојузници. Еве неколку документи од архивата на САД, каде во 1940 година, Македонците во САД се приклучуваат во Американската војска. Македонците беа сојузници на Американците и се бореа рамо до рамо против непријателите на САД. И тоа е суштината на оваа декларација, прослава на сојузништвото и придонесот на Македонците во развојот и одбраната на Американското опшество, каде што непријателството на Бугарија кон САД во таа и другите војни не е за славење. Овие документи исто така ја докажуваат нивната лага во тврдењето дека во 1945 година Тито и комунистичка Југославија вештачки ги создаде “Македонците“. За контраст, подоле се закачени две слики: една од американски весник, друга од веб-страницата на Американската Амбасада во Софија, кои покажуваат дека Бугарија и објавила војна на САД. Тоа се едни од најглавните карактеристики, размислување и менталитет по кои се разликуваат Македонците од Бугарите, бидејќи нацистичката идеологија меѓу бугарскиот народ денеска е најизразена од било кога. Софија е преплавен од наци графити. Еве некулку слики од различни делови од Софија.

6. Веднаш по завршувањето на Втората Светска Војна, Бугарија се приклучи на страната на Русија и Сталин во Студената Војна против САД и беше еден од основачите на Варшавскиот Пакт, кој беше специјално создаден против САД. Како дел од таа војна, Бугарија половина век (1945-1991) учествуваше во пропаганди и ширеше непријателство против САД и беше членка на тој пакт до последната милисекунда од неговото постоење. Бугарија израсна неколку генерации под таа пропаганда, вклучувајќи ги и овие тројца потписници на тоа писмо. И овие информации недостасуваат во нивното писмо, а се многу важни, кога ќе земеш во предид се тоа што напишале.

7. Гробиштата на англиските и француските војници во Македонија (Калето во Скопје, Битола, Дојран), кои во текот на Првата Светска Војна херојски се бореа и ги агубија животите за да ја ослободат Македонија од бугарскиот окупатор, сведочат за сојузништвото кое Македонскиот народ го има со Америка и нејзините западни сојузници.

ЗАКЛУЧОК:

Точно е дека Бугарија е дел Македонската историја, ама тој дел се однесува на непријателската и губитничката страна. Додека оваа декларација се однесува помеѓу оние кои беа сојузници и победници, а тоа се Американците и Македонците, а не Бугарите. Кога некој не те кани на роденден и гледаш не ти отвара врата, ти намерно и упорно ѕвониш и тропаш со намера да замараш и да да уништиш забава.

ОРГАНИЗАЦИЈАТА:

Тврдат дека се потомци на бегалците од Северна Македонија и дека кога Тито дошол на власт, си ги спасиле своите животи пребегувајќи во Бугарија.

Прва работа: Бегањето во Бугарија, во земјата која беше комунистички уште пострашна, е периодот точно кога Сталин се уште бил жив и ја имал Бугарија под своја власт. Со други зборови, бугарите во тоа писмо им кажуваат на американските политичари дека Сталин ги спасил/бил спасител и ги заштитил нивните човекови права и слободи од демонот Тито (во писмото го нарекуваат Диктаторот). Кој нормален би пребегал кон Сталин и да бара Сталин да му ги заштити неговите човекови права и слобода (или да тврди дека Сталин му ги заптитил неговите човекови права)?

Втора работа: Бидејќи познавам неколку фамилии Бугари во Скопје, кои со генерации живеат во Скопје, и никогаш немале проблем ниту биле гонети од ниедна власт, останува заклучокот дека овие таканаречени бегалци се всушност оние Бугари - бегалци кои учествувале во грабежите и масакрите и/или го помагале депортирањето на Македонските Евреи за време на Бугарската окупација на Македонија. Кога веќе станало јасно дека Хитлер ќе ја изгуби војната, овие Бугари, плашејќи се од мислата дека треба да се соочат со лицето на правдата и фактот дека ќе треба да одговараат за своите злодела, се одлучиле на бегство. Потсети се: 11 илјади депортирани Евреи од Македонија никогаш не се вратија. Испарија како водена пареа од зовриена вода. До сега никој не одговарал за ова злосторство. Епа кој ќе одговара, кога сите пребегале во Бугарија!

Инаку, слично такво писмо имаат пратено и до претседателот на Хрватска и претседатлот на Словенија, со клевети против Македонците. А друго писмо пратиле и до Албанските политички партии во Македонија, раскажувајќи им на албанците како бугарите и албанците биле сојузници во минатото против србите, потикнувајќи ги и давајќи им подршка да се креваат и сега на бунтови против македонците-титови комунисти.

Да не замарам многу, зошто вака можам до бескрај за бугарските лаги и пропаганди. Или да пратам писма таму каде што бугарите го пратиле тоа нивно писмо и да ги разобличам сите нивни лаги, кои иначе не се ни многу, ниту јаки. Да се претставам како “Друштво на избеганите Македонци од окупираниот дел на Македонија кој се уште е под Бугарска окупација“ со број на членови околу пола милион. Или “Друштво од духовите на Македонските Евреи кои во гасните комори беа убиени од рацете на бугарскиот народ“.

Еве една анализа од 1918 година од американски експерт кој дава точна анализа на карактерот на Бугарија и препорака до властите во САД како да ја казнат Бугарија за нејзиното нечовечко однесување во таа (Првата Светска) војна. Опишаниот карактер е истиот кој и денес го има.

New York Tribune, Октомври 13, 1918 г.
Во одлучувањето на иднината на Бугарија, сетете се на нејзиното минато - од Е.М. Чедвик

Нејзините зделки секогаш биле дволични

Основната точка што мора да се има предвид во секој обид да се разбере или да се справи со Бугарија е дека таа не признава никаков морален закон за нациите и дека нејзиниот единствен водечки принцип е нејзиниот сопствен материјален интерес.

Како што штотуку ги предаде Централните сили на првиот здив на поразот, така сигурно ќе не предаде и нас кога ќе смета дека е во нејзин интерес. Единствениот начин да ја држиме надвор од неволји е да ја разоружиме и да преземеме контрола над секое средство преку кое може да ни наштети.

Навистина, некултурен дух владее во Бугарија. Понекогаш се искушуваме да се прашаме дали таа некогаш може да се цивилизира самата. „Вредностите“ на штедливост и индустрија, кои про-бугарите толку гласно ги тврдат за неа, не се доказ за цивилизација, бидејќи се ограничени на чисто материјалнa благосостојба и се одделени од сите оние идеални аспирации кои единствено ја осветуваат и штедливоста и индустријата. Бугарите малку се промениле од времето кога кинески историчар пишувал за нивните хунски предци во предхристијански времиња: „Кога имаат предност, напредуваат; кога немаат предност, се повлекуваат; не се срамат да бегаат, а кога ја задржуваат предноста,тогаш тие не признаваат ни обичај, ни правда... Тие ја почитуваат силата и енергијата; ја презираат староста и слабоста.

Бугарите со оружје во рака претставуваат најголема закана за цивилизацијата. За нашата безбедност, а особено за безбедноста на нашите верни балкански сојузници, кои се бореа толку херојски во долгиов конфликт со многу малку поддршка, не можеме да имаме доверба во Бугарија. Никогаш не било можно, а оние кои се обиделе, платиле висока цена за експериментот. Историјата на Бугарија е полна со прекршени договори, предавства, неблагодарности и лаги. Никогаш големите сили не вложиле повеќе напори за мала нација отколку за Бугарија, но нема ниту една од нив чија рака таа не ја 'каснала' порано или подоцна.

Лукавото патување на пропагандата

Фактот дека улогите на Бугарија во врска со нејзиното минатото обично се занемаруваат или забораваат, тоа не ја намалува нивната важност. Тоа е само резултат на бугарската активност во други насоки. Во својата пропагандна работа, Бугарите покажаа нешто што приближува на генијалност. Многу од извонредните заблуди што сè уште постојат овде (во Америка) во врска со однесувањето на Бугарија, не само во минатите времиња, туку и за време на оваа војна (Првата Светска), и уште повеќе за време на балканските војни од 1912-'13 година, се должат целосно на ефикасноста на нејзината пропаганда.

Искористи човек, па прободи го во грб

Исмејување

Во претстојните месеци, може да биде корисно да се потсетите како Бугарија се однесуваше со своите пријатели. Бугарија го должи своето постоење на Русија, и додека можеше да извлече корист од тоа, ја истакнуваше својата (иако мала) словенска крв да ги придобие руските симпатии. Откако ја искористи Русија за да го обезбеди своето ослободување од Турција и реши дека во иднина повеќе корист може да добие од тевтонски, отколку од словенски сојуз, таа ја отфрли целата словенска врска и се сврте кон Австро-Унгарија. Нејзиниот изговор беше стравот дека Русија ќе ја апсорбира на патот кон Константинопол. Факт е дека, иако Русија во минатото работеше на воспоставување на словенско влијание на Балканот наспроти австриското, таа постојано ја третираше Бугарија подобро од другите словенски држави. Ако требаше да се жртвува една балканска држава за предноста на друга, секогаш Бугарија излегуваше најдобро кога Русија можеше да го направи тоа. Бугарија, навистина, ѝ должи на Русија многу повеќе од својата обична слобода; но во раните денови на нејзиното учество во оваа војна, бугарските весници во Софија беа преполни со груби и невкусни шеги кои ја исмејуваа реакцијата на Русите кога дознаа дека Бугарија им го свртила грбот и се приклучила на страната на Австро-Унгарија.

На ист начин, таа се сврте и против Англија, без оглед на огромните напори на Гладстон во нејзина корист и огромната количина на помош, симпатии и поддршка од секакви видови што ги доби од Англија и Британците. Дури и антибританската насоченост на германскиот печат бледнее кога ќе се спореди со навредите фрлени од Бугарија на Британците. Франција, исто така, доби дел од бугарските навреди и исмејувања, и покрај нејзината долга пријателска врска со Бугарија; и покрај нејзините повторени напори да ја подобри мизерната состојба на Бугарите во деновите на турското владеење.

Најмалку што можеме да направиме за да им помогнеме е јасно да покажеме дека нивниот поглед на светот е неподнослив во оваа фаза на развојот на светот.

Немезис, во најсоодветна форма, конечно ја зафати Бугарија и ја предаде нејзината судбина во рацете на сојузниците. За безбедноста на сето што го држиме свето, да се сетиме на минатото на Бугарија при одлучувањето за нејзината иднина.

1940.10.16-1943.12.31_US-Army-mobilisation-cards-Jordan-Angeloff.jpg 1940.10.16-1943.12.31_US-Army-mobilisation-cards-Lazo-Stoicheff.jpg 1940.10.16-1943.12.31_US-Army-mobilisation-cards-Peter-None-Jovanoff.jpg 1940.10.16-1943.12.31_US-Army-mobilisation-cards-Tase-Jim-Petroff.jpg 1940.10.16-1943.12.31_US-Army-mobilisation-cards-Tomas-Costa-Masloff.jpg US Embassy Sofia-.jpg Bulgaria declares War on US-.png Bulgaria2024.jpg БГ.jpg Бугарија-Наци.png Бугарија-ЕУ.jpg Bulgaria 2024 03.jpg Bulgaria 2024 08.jpg Бугарија.jpg
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
30.062

Прегледај го приврзокот 445399Прегледај го приврзокот 445400Прегледај го приврзокот 445401Прегледај го приврзокот 445402Прегледај го приврзокот 445403Прегледај го приврзокот 445404Прегледај го приврзокот 445405Прегледај го приврзокот 445406Прегледај го приврзокот 445407Прегледај го приврзокот 445413Прегледај го приврзокот 445414Прегледај го приврзокот 445409Прегледај го приврзокот 445410Прегледај го приврзокот 445411
Ќе им дојде Владимир Владимирович како што им дојде Јосиф Џугашвили 45та и ќе ги подеси пак на фабричко. Џабе си прават украински филмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.242
Поени од реакции
12.943
Ќе им дојде Владимир Владимирович како што им дојде Јосиф Џугашвили 45та и ќе ги подеси пак на фабричко. Џабе си прават украински филмови.
Па после Прва Светска Војна и после фабричко подесување после Втора Светска Војна, и повторно истата песна 100 (СТО) години подоцна, нема лек за овие.

Единствено да се избегнува впарување со нив за да не се загади македонската ДНК, не сме нешто посебен народ, но ќе бидеме бетер ако се впаруваме и размножуваме со ваков отпад од човечка ДНК.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.571
Поени од реакции
3.885
1741492068600.jpeg
Директен доказ од најголемиот пропагатор од Бугарија. Македонците си се нарекувале Македонци, иако тој ги сметал за бугари и така ги пишувал во своите книги и пописи.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.545
Поени од реакции
7.029
Нашата дипломатија, држава, треба многу да работи и преку независни експерти во странство да се избори во докажување на нашето потекло кое несомнено нема врска со бугарија, србија и другите соседни народи, бугарите ова го правеа овие децении и тоа многу умешно.
Ние мораме ако треба и со концесии на некои ликови да го докажеме нашето различно потекло, на наша страна е вистината, но ако опстојуваат пропагандните тези на соседите и некој упорно не тера на заеднички настани и чествувања јас не би сакал Македонија да стане членка на ЕУ.
Се додека не се стави крај на бугарскиот шовинизам и тврдења за бугарски идентитет во минатото на Македонија не треба да се оди напред кон еу, се додека таа еу дозволува бугарските ботови и пропаганда да се гласни и хистерични, особено тие изроди што се иселиле во бугарија пред којзнае колку години и денес врескаат поради нивната криза на идентитет, што би рекле на бугарски нека реваат, ние треба да си го сработиме нашето, наша должност кон нашите претци е да го зачуваме нивното достоиство и идентитет кој никогаш не бил бугарски.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.859
Поени од реакции
9.488
Знае некој да одговори како се нарекувале нашите источни соседи пред доаѓањето на Бугаринот Аспарух?
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.235
Поени од реакции
9.959
Знае некој да одговори како се нарекувале нашите источни соседи пред доаѓањето на Бугаринот Аспарух?
Веројатно генетски народот што живеел пред Аспаруховите Бугари на територијата на денешна Бугарија биле Тракијците.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
749
Поени од реакции
634

Милен Врабевски почна да финансира ин-витро и во Македонија. Жалка Македонија. Во Мала Преспа им купил возило за брза помош, возило за пожарна, им ги опреми амбулантите, им прави прегледи со специјалисти од бугарија и од германија, ќе им купи смарт табли за учениците, им купил ќумбиња за ладните училници, го финансира Малиот битолски монмартр, а што направи Македонија за нив?

Па после ќе отвараме теми на форуми Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења.
 
“Не верувајте им на Данајците и кога дарови ви носат!“

Човекот изгледа си има криза на идентитет, па сега сака тоа да го наметне на сите нас, ние сме Македонци по потекло, него ако тоа не му се свиѓа нека бара стручен лекар, јас не му негирам ако имал некој дедо што може се осеќал за бугар, само незнам со кое право ни кажуваат нас за нашите корења, јас знам кој сум, сигурно нема Врабевски да го слушам или нивните историчари.
 
Aспарухов потомок ли е овој?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
749
Поени од реакции
634
Повредени од Кочани во никој случај не требаше да се праќаат на лечење во соседни земји. Што подалеку тоа подобро. Двете соседни земји секогаш ќе не потсетуваат дека они ни помагале.
Инаку заборавив да кажам, врабчево и цркви гради во Македонија. Во Верово или Делчево, не се сеќавам.
 
Црквата ептен ги боли, и ќе маваат пак со историски измислици против црквата, додека Петар и слични се испостави на Белград, Партениј е Бугарски играч, не треба ние да бидеме наивни и да не го читаме уставот на БПЦ каде што се повикуваат за наследници нс Охридската архиепископија, Бугарите преку Партениј и Вселенската партијашија со именувањето се надеваат за идна окупација на Македонија.
 
Член од
14 јануари 2025
Мислења
8
Поени од реакции
18
Нашата дипломатија, држава, треба многу да работи и преку независни експерти во странство да се избори во докажување на нашето потекло кое несомнено нема врска со бугарија, србија и другите соседни народи, бугарите ова го правеа овие децении и тоа многу умешно.
Ние мораме ако треба и со концесии на некои ликови да го докажеме нашето различно потекло, на наша страна е вистината, но ако опстојуваат пропагандните тези на соседите и некој упорно не тера на заеднички настани и чествувања јас не би сакал Македонија да стане членка на ЕУ.
Се додека не се стави крај на бугарскиот шовинизам и тврдења за бугарски идентитет во минатото на Македонија не треба да се оди напред кон еу, се додека таа еу дозволува бугарските ботови и пропаганда да се гласни и хистерични, особено тие изроди што се иселиле во бугарија пред којзнае колку години и денес врескаат поради нивната криза на идентитет, што би рекле на бугарски нека реваат, ние треба да си го сработиме нашето, наша должност кон нашите претци е да го зачуваме нивното достоиство и идентитет кој никогаш не бил бугарски.
Апсолутно! Точно така! Во тоа и лежи успехот на Грција што го доби најголемиот дел од Македонија, а Бугарија само 10%. Многу е битно тоа кој ја претставува нацијата. Грците имале своја држава, свој крал, свои амбасадори и новински агенции, кои им овозможувале будно да ја следат бугарската пропаганда и да го известуваат својот народ секој момент што се случува. Користејќи ги овие широки придобивки, Грчката влада и грчкиот народ секогаш биле во можност во секоја прилика навреме и соодветно да одговарат секогаш на секоја бугарска провокација и пропаганда насочена против нив и нивните интереси во Македонија.

Еве два примери: првиот е објавена статија од обичен граѓанин во весникот во 1907 година, која објаснува како работи бугарската пропаганда. Второто е писмо од 1918 година од Грчката кралска влада до Американскиот државен секретаријат, во кое се објаснува зошто Македонците кои зборуваат словенски јазик не се Бугари. (забелешка: грчката влада во 1918 ги именува македонците како Македонци). Целта ми преку овие 2 примери да покажам дека и народот и владата учествувале за одбрана на своите интереси во Македонија. Исто така дека бугарската пропаганда е стара од првиот ден на формирањето на денешнава бугарска држава. Преводот е под сликите

5. 1907 Indianapolis Star - Greek_view.png

Indianapolis Morning Star

7 Март 1907

Што има историјата на Бугарија да покаже на светот? Ништо добро; само варварски дела; тоа е сè. Повеќето нации имаат некои лоши луѓе меѓу нивните истакнати и благородни, но Бугарија, како нација, сè уште не успеала да покаже на светот еден добар човек. Зошто?

Бугарите беа странци во Европа. Не повеќе од 1.000 години, тие дојдоа од дивите територии на Русија, главно од бреговите на реката Волга, и сè уште зборуваат јазик сличен на рускиот. Тие се настанија јужно од реката Дунав, каде што беа многу лоши соседи за Грците.

Нивната главна работа беше да уништуваат и со сила да земаат имот на други луѓе и да убиваат и протеруваат оригиналните жители на таа земја. Грците од Цариград и Македонија се трудеа да ги цивилизираат овие чудни Бугари. Грците им дадоа религија и ги преобратија во христијанство, но овие луѓе никогаш не можеа да се цивилизираат, со многу малку исклучоци.

Бугарите отсекогаш биле злобни и неблагодарни луѓе. Во времето кога грчките императори од Цариград водеа војни против азиските орди од Арапи и Турци, обидувајќи се да ги спречат да ја нападнат Европа, во тој критичен момент, неблагодарните Бугари секогаш биле зафатени во позадина, пустошејќи ја грчката земја и палејќи грчки градови. Грците, се разбира, во многу случаи ги казнуваа предавничките Бугари, но без успех.

Бугарите никогаш не се бореа против Турците. Тоа беа војниците на царот на Русија кои им дадоа независност на Бугарија во 1877-78. Ако Бугарија сакаше да се бори против Турците во името на христијанството, таа пропуштила одлична можност пред девет години кога Грците се бореа со големата Отоманска империја. Тоа што не им помогнаа на Грците е добар доказ за нејзината дволичност и неискреност. Бугарските друштва имаат опасен метод; тие пуштаат многу банди убијци кои бараат пари со сила и закани од секое богато семејство што можат да го заплашат за поддршка на нивните патриотски друштва (како што без срам ги нарекуваат). Лукавите Бугари потрошија многу пари за нивната пропаганда, дури и субвенционирајќи дел од европскиот печат; така, тие ја заведуваат светската јавност за нивните злосторства и секогаш ги обвинуваат Грците за немирите во Македонија. Тие тврдат дека се обидуваат да ги ослободат Македонците.

Да ги ослободат Македонците со што и од кого? Со крадци и убијци, со одметници и опасни банди на разбојници? Гледајќи дека Турција не може да се справи со овие бугарски банди, Грците повеќе пати протестираа до европските сили, но никој не сакаше да ги слушне нивните протести, бидејќи бугарските агенти на европските дворови беа зафатени со негирање на сите поплаки против нивната пропаганда. Ниту една европска сила не би се обидела да го запре убиственото дело на бугарските друштва. Во оваа безнадежна состојба, Грците беа принудени да преземат чекори за своја заштита со организирање вооружени банди да војуваат против бугарските друштва и нивните шпиони. Грците, исто така, со прокламација го свртија вниманието на големите сили на фактот дека Бугарија никогаш немала и никогаш нема да има права во Македонија.

П. Драсас, Грк од албански родители, Американски државјанин, Вашингтон, Индијана.

Picsart_25-04-16_17-11-21-796.jpg
02.jpg
03.jpg

Picsart_25-04-16_17-09-57-203.jpg

КРАЛСКА ЛЕГАЦИЈА НА ГРЦИЈА
ВАШИНГТОН

26 октомври, 1918.

Мој драг господине Филипс,

Според моето ветување, ви испраќам кратка белешка за етнолошкиот состав на Вилаетот на Битола.

Прикачувам турски статистики кои ја делат популацијата во тој Вилает според националности.

Бидејќи немам статистики за училиштата, прикачувам публикација од една млада Французинка, Жен Стефанополи, издадена во 1903 година, која ги дава бројките на Турците.

Книгата на господин Вирџили не е во нашата библиотека и ја побарав во Рим. Ќе ви ја испратам штом ја добијам.

Следната недела ќе ви ги предадам статистиките за Тракија.

Со почит,
Г. РУСОС.

Господин Вилијам Филипс,
Помошник државен секретар,
Вашингтон, Д.Ц.
JSM/GIK

-1-

Во своите тврдења дека цела Македонија им припаѓа, Бугарите се најмногу заинтересирани за северниот дел од Вилаетот на Битола. Тие тврдат дека речиси целото население во овој дел од Вилаетот е апсолутно и целосно бугарско, и дека, следствено, треба да им припадне според принципот на националностите.

Бугарите го повторуваат ова тврдење толку многу пати што многу граѓани на други нации изгледа дека го поверувале без сериозно да го испитаат.

Да видиме дали постојат елементи кои дозволуваат незаинтересирано испитување на прашањето.

ИСТОРИЈА

Во средниот век, Византиската империја претрпе низа инвазии од различни племиња кои, доаѓајќи од длабочините на Азија, емигрираа во Европа. Хуни, Авари, Готи и Остроготи, Словени, и други, го преплавија царството на Византија како што се ширеа кон југ или запад.

Македонија го формираше преминот преку кој сите овие бранови на варвари се ширеа во нивното движење на флукс кон југ и рефлукс кон север.

Секое од овие племиња, во поминување, оставаше по некој од нивните членови. Тие стануваа фиксни, населени елементи, прегрнуваа христијанството, мешајќи се со локалниот елемент кој веќе ја имаше византиската цивилизација, со кој станаа импрегнирани.

Бугарите, од своја страна, го напаѓаа Балканскиот полуостров. До 803 година, никогаш не успеаја да стигнат подалеку од планината Балкан.

Нивниот крал Крум, откако го победи Никифор, Император на Византија, ја нападна Македонија и Тракија. Тој беше избркан од Императорот Лео V. во 814 година. Доминацијата на Крум траеше од 25 јули, 811, до 13 април, 814, или околу три и пол години.

Бугарскиот крал Симеон повторно ја освои Македонија и ја поседуваше 25 години (900-927). Неговиот наследник Петар го изгуби своето царство, бидејќи беше победен од Императорот Никифор Фокас, чии што наследник, Императорот Зимискис, ја направи дури и Бугарија византиска провинција.

Конечно, Самуил, прогласен за цар на Бугарите, повторно ја окупира Македонија и ја поседуваше 21 година (1002). Тој беше избркан од генералот Н. Уранос.

Крстоносците ја направија кралство. Србите, заедно со Византијците, ја освоиле повторно. Но Турчинот се појави, ја нападна три пати, и последната инвазија целосно ја уништи византиската моќ (1331-1430).

Дури и Солун, кој никогаш не беше освоен ниту од Бугарите ниту од Србите, ја изгуби својата слобода.

Историското истражување ни покажува, затоа, дека Бугарите никогаш не ја поседувале Македонија континуирано, ниту доволно долго за да можат да влијаат на автохтоните словенски населби, или оние кои се доселиле таму; или, со еден збор, да го променат нејзиниот карактер и менталитет.
Понатаму, бугарската цивилизација беше примитивна, додека цивилизацијата на Византијците беше многу висока. Оваа околност ја исклучува можноста за какво било влијание, бидејќи супериорните цивилизации се тие кои влијаат на инфериорните. Инфериорните само уништуваат.

Бугарија беше прва освоена од Турците, кои ги уништија сите нејзини религиозни организации и веднаш започнаа со исламизација.

Бугарите, следствено, никогаш не можеа, под освојувачкиот Турчин, да ја бугаризираат Македонија, бидејќи нивниот број не беше доволно голем за да се чувствуваат стеснети во провинцијата која ја окупираа. Од друга страна, нивната земја беше многу богата, рамнина, и тие, следствено, немаа интерес да ја напуштат богата земја за да населат друга која беше прилично планинска и следствено помалку плодна.

ЈАЗИК

Хетероклитната композиција на Македонија се манифестира во јазикот кој го зборуваат народите кои живеат таму.

Нивниот јазик е составен од грчки, албански и словенски зборови, последните во мнозинство.

Србите тврдат дека Македонците можат полесно да се разберат со нив отколку со Бугарите.

Имаме, следствено, нов доказ за хетерогената композиција на населението во оваа провинција.

Со текот на времето, се изврши работа на асимилација.

Населението кое живее во близина на компактни групи кои веќе се формирале, е влијаено од нив.

Така, населението на југот на Македонија и на крајбрежјето целосно се апсорбирани, дури и во однос на јазикот, од грчкиот елемент, кој беше бројен таму.

Оние кои живеат во близина на српските или бугарските граници се исто така под влијание на оваа близина, како во однос на јазикот, така и на карактерот.

Но ова влијание слабее како што се оддалечува од овие центри на привлечност, и така во центарот и западниот дел на Македонија, композицијата на групите останала речиси аморфна.

Велиме „речиси аморфна“ затоа што моќно влијание ги зафати, религиозното влијание.

Тоа беше Грчката Црква која ги управуваше сите православни христијани поробени под Турчинот. Тие сите, без разлика на раса, беа нарекувани како грчки „Румиси“. Црквата беше грчка. Сите тие, следствено, го стекнаа навикот да се сметаат за Грци.
Автоматски споено мислење:

“Не верувајте им на Данајците и кога дарови ви носат!“

Човекот изгледа си има криза на идентитет, па сега сака тоа да го наметне на сите нас, ние сме Македонци по потекло, него ако тоа не му се свиѓа нека бара стручен лекар, јас не му негирам ако имал некој дедо што може се осеќал за бугар, само незнам со кое право ни кажуваат нас за нашите корења, јас знам кој сум, сигурно нема Врабевски да го слушам или нивните историчари.
Денес, бугарската фурна за производство на свежи пропаганди пушта во промет нови видови дефиниции за тоа што значел зборот "Македонец" во и околу годините на Илинденскиот период. Ја шират заблудата дека под зборот "Македонци" се подразбираат "Бугари" или "бугарски Македонци", сметајќи ги како синоними, и дека "Македонец" се однесува на областа Македонија, а не на посебен етнос. Кога ќе се каже дека Гоце Делчев бил "бугарски Македонец" или "Македонец", всушност се мисли "Бугарин" и дека нема разлика меѓу тие изрази.

Нигде нема да сретнете дека и Турците од Македонија во времето на Османлиската империја се нарекувале "турски Македонци", или дека Кемал Ататурк, кој е роден во Солун, е дефиниран како "Македонец" или "турски Македонец". Дури ни денес, луѓето од турската етничка заедница во Македонија не се викаат меѓу себе "јас сум турска Македонка", ниту пак меѓу Албанците "јас сум албанска Македонка".

Следен пат ќе слушнете од Бугарите дека под "Македонци" се подразбираат сите луѓе од областа Македонија. (Нешто како чинија овошна салата составена од различни плодови: Албанци, Власи, Турци, Бугари, Грци).

Целта им е, со тие нивни различни тумачења и нелогични логики, да предизвикаат збунетост, несигурност и криза на идентитет меѓу Македонците. Тие сметаат дека колку почесто поединецот се среќава со овие дефиниции, толку повеќе се шансите да ја постигнат целта.

Фактички, со тие дефиниции, всушност можат да го збунат самиот Бугарски народ. Се знае, или се Македонци или не се. Или се Турци или не се. Или се Бугари или не. Или се Албанци или не се. (Единствено ако некој има родители од различни националности).

Овие настапи на бугарската пропаганда покажуваат дека таа тоне во кал. Бидејќи сите овие нови документи, кои се испумпаа во последниве години од различни архиви на земјите кои биле лични сведоци во Македонија во тоа време, само ги откриваат манипулациите и лагите на Бугарија, а со тоа паралелно го зајакнуваат македонскиот идентитет. Поради тоа, додека тоне во тиња, таа се фаќа за сламка во надеж дека нема да потоне. Македонскиот национализам е резултат на бугарскиот шовинизам. Колку повеќе бугарите настапуваат против македонците, толку повеќе се зајакнува чувството меѓу Македонците за македонски идентитет и одбивност кон бугарскиот.

Ако мислат дека Македонците се Бугари и дека ја изгубиле Македонија, нека ја бараат вината таму меѓу нив. Македонците ниту биле дел од договорите за поделба, ниту потпишале разни договори за тоа. Ниту некој ги прашал.

Во бугарскиот учебник по историја пишува дека идејата за сојуз со Грција и Србија за да се подели Македонија е Бугарија.

"...Бугарија станува иницијатор за создавање на заеднички Балкански сојуз, кој ќе го реши националното прашање и на останатите народи. Во 1912 година се склучуваат договори со Србија, Грција и Црна Гора. По прв пат, Бугарија се откажува од водената долги години политика за создавање на автономна Македонија и се согласува на поделба на областа..."
Picsart_25-04-17_18-17-54-707.jpg
Picsart_25-04-17_17-50-06-270.jpg

Така да, Бугарија преку разни тајни и јавни договори со Србија, Грција и Големите сили, најактивно учествуваше во поделбата на Македонија и Македонците. Спротивно на волјата на македонскиот народ, Бугарија ја распродаде македонската земја меѓу балканските држави како компири на селски пазар.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom