За сето ова е виновна само владата на Република Македонија. Да не ги донесеше тие закони за старосната граница за коли и големи даноци и акцизи, мислам дека никој немаше да вади пасош бугарски или лична карта. Но друга е политиката на владата, функционерите во владата се некои од големите директори или управници во салоните за нови коли и нормално дека ќе забранат увоз на стари коли само за нивните да се продаваат.
Тоа се случи пред едно 7-8 години, кога беше пуштен законот за увоз на стари коли, и тогаш опадна продажбата на нови коли во Македонија. Се се работи за пари и профит, даноци, акцизи и слично.
Но сега слушам нешто муабети дека ќе им било дадено на сите што имаат бугарски коли,
слободно да се префрлат на наши таблици без никакви давачки. Ако знае некој нешто за ова нека пиши, не сум сигурен јас, само од муабети што слушам

.