Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Член од
7 мај 2007
Мислења
170
Поени од реакции
120
Дали "eVisitor" Визата е бесплатна за посета во Австралија со Бугарски пасош, еден мој пријател сака да поднесе Виза за посета у Австралија, видел на владиниот вебсајт дека е бесплатна (не се плаќа) за ЕУ пасоши пошто он има Бугарски пасош па не е сигурен дали е така. А за Македонските пишува дека е 195 долари (Visitor Visa Subclass 600) и не даваат на нас eVisitor. И ако поднесе со Бугарски пасош проблем ли ќе биде оти он нема банкарска сметка и имот во БГ како доказ.
Да, бесплатна е, нема врска дали има имот и сметка во БГ или не, нема да има никаков проблем.
 
Член од
20 март 2025
Мислења
42
Поени од реакции
82
Мислам дека треба од Битола да се биде.. Првиот чекор
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
590
Поени од реакции
1.973
Некој да има искуство со Future Option, агенција од Србија за посредништво на студентска виза за Австралија?

Заинтересиран за упис на мастер студии, нормално со цел да останам долгорочно таму.
У описот што го добив у мејлот од агенцијава вика дека по завршување на студии визата може да се промени или продолжи…

Прашањето повеќе ми е и у контекст дали некој бил преку студентска виза и останал долгорочно таму?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.097
Поени од реакции
11.504
Можеш со години да се влечкаш на студентски визи, а да не добиеш перманент виза, треба и таа опција да ја имаш во предвид. Агентот ќе ти каже се и сешто да ти ги земе парите, твое е да си направиш рисрч дали тоа држи вода.

Колку што знам после завршување на мастерсот имаш право на 485 виза (една или две години). Во тој период ќе треба да најдеш или фирма да те спонзорира за 482 работна виза или уште подобро 186 перманент виза. Од мое лично искуство ова ретко се случува, затоа треба да имаш и план Б (дали брачна виза или нешто друго).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom