Како се вовело обожувањето на дева Марија - Богородица

Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
КАКО СЕ ВОВЕЛО ОБОЖУВАЊЕТО НА ДЕВА МАРИЈА - БОГОРОДИЦА

Освен многуте богови, што ги имале паганите, тие имале и многу богинки, од кои најпочитувана била таканаречената Диана, или како што другите ја нарекувале Јуона. Ја претставувале со венец на главата и уште ја викале „небесна царица . Јудејците, иако не биле пагани, многупати вовлекувани во паганството, ги копирале соседните пагански народи, та и тие почнале во времето на пророкот Еремија, да кадат и да и принесуваат лебови на таа богинка. (Еремија 7:18; 44:17,25).
Паганските обичаи и идејата за обоготворување на познати и заслужни луѓе не можела да се искорени сосем меѓу некои пагани дури и кога станале христијани. Во христијанството немало други богови, освен еден Господ Бог. Идејата за паганството некако се задржала во обожувањето на светците, како подолни богови и посредници пред поголемите, и на мајката Исусова, како велика богинка и „небесна царица. Во почетокот на христијанството, при ревносното проповедање на апостолите и нивните следбеници, тие заблуди строго се изобличувани и не биле распространети.
Подоцна, тие пагански идеи повторно се вовлекле во христијанството. Во четвртиот век се вовело најнапред поклонувањето и молењето на светците, а потоа и поклонувањето и молењето на мајката Исусова, најпрво во Арабија од една секта, наречена Колиридијани, принесувајќи и лебови како на „небесна царица“ * Тогашните црковни учители им се противеле на таквите поклонувања, та за некое време и ги стопирале. Во петтиот век почнале Дева Марија да ја нарекуваат „Богородица“ и постепено да и искажуваат поголема чест, додавајќи го името Небесна Царица.
Триста и осумнаесетте Свети Отци во симболот на верата ја нарекуваат „Марија Дева". Дева Марија била мајка на Исус само по тело (Рим. 1:3). Во деветтиот век масовно и се поклонувале и и се молеле. Целото време, а особено во последните времиња, поклонувањето на Марија го надминало дури и поклонувањето на Господ Исус Христос. Некои отишле дотаму што сосем произволно дури и нејзиното зачнување го прогласиле за безгрешно, правејќи догма, која не само што не е потврдена од Св. Писмо, туку е и јавна заблуда. Така и денес продолжуваат да и се поклонуваат и молат двапати и трипати повеќе отколку на самиот Исус Христос. Така, сега тие поправилно е да се нарекуваат маријани, а не христијани. Други пак, иако ја отфрлаат заблудата за безгрешното зачнување на Дева Марија, сепак, не помалку од првите и се поклонуваат и и се молат како на мајка Божја и ја почитуваат како Небесна Царица. Според Св. Писмо, само семоќниот и сеприсутниот Господ Бог царува и на небото и на земјата. (2 Мојс.15:18; Пс. 9:16; 145:10; откр. 11:15) Нема друг соучесник во Неговото царување. (Данаил 4:34). Светото Писмо учи дека единствениот спасител на светот е Исус Христос (Дела Ап. 4:11-12) и единствениот посредник меѓу Бог и луѓето. (1 Тим. 2:5; Јован 14:6). Затоа ни Дева Марија, ни друг некој може да не спаси или да посредува за нас. Кога некои му рекле на Исус, како што читаме во евангелијата: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе". Тој одговорил: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?". Покажувајќи со раката на учениците, вели: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка." (Мат. 12:47-50; Марко 3:31-35). „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат." (Лука8:21).
Од овие Исусови зборови станува јасно дека Тој многу повеќе го почитувал духовното родство отколку телесното. Со тоа јасно не учи дека духовните роднини, т.е. сите што ја исполнуваат Неговата волја, му се подраги дури и од мајка Му. Уште повеќе, Тој ни покажува дека во управувањето на своето небесно царство ни најмалку не ја меша мајка си, по тело, се со цел да ги испревари следбениците и да ги зачува од заблудата за која, расудувајќи човечки, би можеле да паднат - да и се молат нејзе за помош и да се надеват на спасение од неа. Ако Исусовата мајка имала таква власт да помага и да содејствува во спасението на луѓето, дали боговдахновените апостоли би премолчиле и не би кажале нешто за неа? Немаше ли нешто повеќе да напишат за неа, да ја препорачаат на грешниците и да ги побудуваат сите за да прибегнуваат кон неа? Секому му е познато каква ревност имал апостол Павле за спасението на луѓето, а тој не го ни споменува името на Дева Марија. Јован, којшто го напишал своето Евангелие најдоцна од сите други евангелисти, со посебна цел - да го надополни напишаното од нив, на кого таа (Дева Марија) му била препорачана од Христос како мајка и кај кого таа живеела по Христовото распнување, не напишал ништо повеќе одшто другите за неа, ни пак за пејзината смрт. Освен на едно место (Дела ап. 1:14), апостолите не спомнуваат ништо за неа ни во делата апостолски, ни во посланијата.
Премолчувањето од апостолите и многу кусото спомнување од евангелистите за мајката Исусова,мислите ли дека е непочитување и презир кон неа? Не! И ова, како и Христовите зборови погоре, не се ништо друго освен предупредување за нас, како што веќе рековме, да не паднеме во заблуда – да и се поклонуваме и да и се молиме. Навистина, ние сме должни и треба да ја сакаме како мајка на Исус, на Спасителот, и да ја почитуваме како најблажена и најблагословена меѓу жените (Лука 1:42). Но од тоа не произлегува дека треба да и се поклонуваме и да и се молиме. Кога жената од насобраниот народ извикала и рекла: „Блажена е утробата, што Те носела, и градите, од кои си се хранел!", Исус одговорил: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат". (Лука 11:27-28). А на друго место: „Блажени се бедните по дух"; „Блажени се оние што плачат"; „Блажени се кротките", итн. (Матеја 5:3-12). Исто така е кажано и за Јаил во Светото Писмо: „Нека е благословена мегу жените Јаил" (Судии 5:24).
Произлегува ли од сето тоа дека треба да им се поклонуваме и да им се молиме на блажените и благословените? Има и такви што мислат, затоа што Христос бил девет месеци во утробата на Дева Марија, ја осветил и и дал божественост, та затоа треба да и се поклонуваме. И таквото мислење, ако добро се испита, не држи да се земе како основа за поклонување. Со ништо не се докажува дека Христовото деветмесечно живеење во Дева Марија и дава божественост. Ако
во еден сандак биле ставени скапоцени камења, а потоа изведени, останува ли нешто од скапоценоста во сандакот? Треба ли тој сандак да се цени според цената на скапоцените камења? И Христовото живеење во Дева Марија не ни дава право нејзе да и се поклонуваме или да и се молиме како на осветена и обоготворена. Погрешното мислење за поклонувањето и молењето произлегува од заблудата на некои коишто мислат дека Дева Марија е мајка на вечното божество Исусово. И уште нешто, апостол Павле вели дека Светиот Дух, кој е Бог, живее во вистинските христијани. „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас". (1 Кор. 3:16,17, 2 Кор. 6:16). Сепак, тоа не значи дека треба да му се поклонуваме и да му се молиме на секој христијанин, во кого живее Бог - Свети Дух. Најпосле ќе речеме, дури и да била Марија мајка на божеството Исусово (како што не била), сепак, не треба да и се поклонуваме и да и се молиме, зашто е забрането. Св. Писмо не дозволува поклонување на никој друг освен на Господ Бог. „На Господа, твојот БОГ, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш." (Мат. 4:10) „И ако некој згреши, кај Отецот имаме застапник, Исуса Христа, праведникот." (1 Јован 2:1). „Зашто еден е БОГ, и еден е посредникот помегу Бог и лугето - Човекот Христос Исус". (1 Тим. 2:5) „Зашто под небото нена друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме." (Дела Ап. 4:12). „И рече Марија: Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој." (Лука 1:46-47)
 
S

Sagan

Гостин
Сите митологии имаат врховни божици, како Фреја во нордиската, Хера во хеленската, Нут во египетската, Ина во асирската...
За разлика од реалистичниот поглед на овие, од Христијаните наречени пагански религии, каде врховните божества обично се жени на врховните богови, монотеистичкиот концепт се судрува со проблемот на еден бог. Ако бог има жена, постои опасност од поделба на моќта, а со тоа се урива монотеизмот, кој пак бил основа на легитимитетот на “земскиот владетел“ - “пратеникот божји“.
Па така, најлесно било оваа врховна божица да му биде... телесна мајка на божјиот син.

Христијанството е продолжување на суштествувањето на паганските митологии и обожувањето на култот кон Сонцето, каде секое паганско божество си има соодветна христијанска замена, со друго име.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Интересно. Некои ќе те прашаат зошто го обожуваш Исус кога тој бил човек, не бил божји син...други ќе те прашаат зошто го обожуваш Исус кога е прашање дали постоел и како историска личност.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
КАКО СЕ ВОВЕЛО ОБОЖУВАЊЕТО НА ДЕВА МАРИЈА - БОГОРОДИЦА

Освен многуте богови, што ги имале паганите, тие имале и многу богинки, од кои најпочитувана била таканаречената Диана, или како што другите ја нарекувале Јуона. Ја претставувале со венец на главата и уште ја викале „небесна царица . Јудејците, иако не биле пагани, многупати вовлекувани во паганството, ги копирале соседните пагански народи, та и тие почнале во времето на пророкот Еремија, да кадат и да и принесуваат лебови на таа богинка. (Еремија 7:18; 44:17,25).
Паганските обичаи и идејата за обоготворување на познати и заслужни луѓе не можела да се искорени сосем меѓу некои пагани дури и кога станале христијани. Во христијанството немало други богови, освен еден Господ Бог. Идејата за паганството некако се задржала во обожувањето на светците, како подолни богови и посредници пред поголемите, и на мајката Исусова, како велика богинка и „небесна царица. Во почетокот на христијанството, при ревносното проповедање на апостолите и нивните следбеници, тие заблуди строго се изобличувани и не биле распространети.
Подоцна, тие пагански идеи повторно се вовлекле во христијанството. Во четвртиот век се вовело најнапред поклонувањето и молењето на светците, а потоа и поклонувањето и молењето на мајката Исусова, најпрво во Арабија од една секта, наречена Колиридијани, принесувајќи и лебови како на „небесна царица“ * Тогашните црковни учители им се противеле на таквите поклонувања, та за некое време и ги стопирале. Во петтиот век почнале Дева Марија да ја нарекуваат „Богородица“ и постепено да и искажуваат поголема чест, додавајќи го името Небесна Царица.
Триста и осумнаесетте Свети Отци во симболот на верата ја нарекуваат „Марија Дева". Дева Марија била мајка на Исус само по тело (Рим. 1:3). Во деветтиот век масовно и се поклонувале и и се молеле. Целото време, а особено во последните времиња, поклонувањето на Марија го надминало дури и поклонувањето на Господ Исус Христос. Некои отишле дотаму што сосем произволно дури и нејзиното зачнување го прогласиле за безгрешно, правејќи догма, која не само што не е потврдена од Св. Писмо, туку е и јавна заблуда. Така и денес продолжуваат да и се поклонуваат и молат двапати и трипати повеќе отколку на самиот Исус Христос. Така, сега тие поправилно е да се нарекуваат маријани, а не христијани. Други пак, иако ја отфрлаат заблудата за безгрешното зачнување на Дева Марија, сепак, не помалку од првите и се поклонуваат и и се молат како на мајка Божја и ја почитуваат како Небесна Царица. Според Св. Писмо, само семоќниот и сеприсутниот Господ Бог царува и на небото и на земјата. (2 Мојс.15:18; Пс. 9:16; 145:10; откр. 11:15) Нема друг соучесник во Неговото царување. (Данаил 4:34). Светото Писмо учи дека единствениот спасител на светот е Исус Христос (Дела Ап. 4:11-12) и единствениот посредник меѓу Бог и луѓето. (1 Тим. 2:5; Јован 14:6). Затоа ни Дева Марија, ни друг некој може да не спаси или да посредува за нас. Кога некои му рекле на Исус, како што читаме во евангелијата: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе". Тој одговорил: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?". Покажувајќи со раката на учениците, вели: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка." (Мат. 12:47-50; Марко 3:31-35). „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат." (Лука8:21).
Од овие Исусови зборови станува јасно дека Тој многу повеќе го почитувал духовното родство отколку телесното. Со тоа јасно не учи дека духовните роднини, т.е. сите што ја исполнуваат Неговата волја, му се подраги дури и од мајка Му. Уште повеќе, Тој ни покажува дека во управувањето на своето небесно царство ни најмалку не ја меша мајка си, по тело, се со цел да ги испревари следбениците и да ги зачува од заблудата за која, расудувајќи човечки, би можеле да паднат - да и се молат нејзе за помош и да се надеват на спасение од неа. Ако Исусовата мајка имала таква власт да помага и да содејствува во спасението на луѓето, дали боговдахновените апостоли би премолчиле и не би кажале нешто за неа? Немаше ли нешто повеќе да напишат за неа, да ја препорачаат на грешниците и да ги побудуваат сите за да прибегнуваат кон неа? Секому му е познато каква ревност имал апостол Павле за спасението на луѓето, а тој не го ни споменува името на Дева Марија. Јован, којшто го напишал своето Евангелие најдоцна од сите други евангелисти, со посебна цел - да го надополни напишаното од нив, на кого таа (Дева Марија) му била препорачана од Христос како мајка и кај кого таа живеела по Христовото распнување, не напишал ништо повеќе одшто другите за неа, ни пак за пејзината смрт. Освен на едно место (Дела ап. 1:14), апостолите не спомнуваат ништо за неа ни во делата апостолски, ни во посланијата.
Премолчувањето од апостолите и многу кусото спомнување од евангелистите за мајката Исусова,мислите ли дека е непочитување и презир кон неа? Не! И ова, како и Христовите зборови погоре, не се ништо друго освен предупредување за нас, како што веќе рековме, да не паднеме во заблуда – да и се поклонуваме и да и се молиме. Навистина, ние сме должни и треба да ја сакаме како мајка на Исус, на Спасителот, и да ја почитуваме како најблажена и најблагословена меѓу жените (Лука 1:42). Но од тоа не произлегува дека треба да и се поклонуваме и да и се молиме. Кога жената од насобраниот народ извикала и рекла: „Блажена е утробата, што Те носела, и градите, од кои си се хранел!", Исус одговорил: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат". (Лука 11:27-28). А на друго место: „Блажени се бедните по дух"; „Блажени се оние што плачат"; „Блажени се кротките", итн. (Матеја 5:3-12). Исто така е кажано и за Јаил во Светото Писмо: „Нека е благословена мегу жените Јаил" (Судии 5:24).
Произлегува ли од сето тоа дека треба да им се поклонуваме и да им се молиме на блажените и благословените? Има и такви што мислат, затоа што Христос бил девет месеци во утробата на Дева Марија, ја осветил и и дал божественост, та затоа треба да и се поклонуваме. И таквото мислење, ако добро се испита, не држи да се земе како основа за поклонување. Со ништо не се докажува дека Христовото деветмесечно живеење во Дева Марија и дава божественост. Ако
во еден сандак биле ставени скапоцени камења, а потоа изведени, останува ли нешто од скапоценоста во сандакот? Треба ли тој сандак да се цени според цената на скапоцените камења? И Христовото живеење во Дева Марија не ни дава право нејзе да и се поклонуваме или да и се молиме како на осветена и обоготворена. Погрешното мислење за поклонувањето и молењето произлегува од заблудата на некои коишто мислат дека Дева Марија е мајка на вечното божество Исусово. И уште нешто, апостол Павле вели дека Светиот Дух, кој е Бог, живее во вистинските христијани. „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас". (1 Кор. 3:16,17, 2 Кор. 6:16). Сепак, тоа не значи дека треба да му се поклонуваме и да му се молиме на секој христијанин, во кого живее Бог - Свети Дух. Најпосле ќе речеме, дури и да била Марија мајка на божеството Исусово (како што не била), сепак, не треба да и се поклонуваме и да и се молиме, зашто е забрането. Св. Писмо не дозволува поклонување на никој друг освен на Господ Бог. „На Господа, твојот БОГ, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш." (Мат. 4:10) „И ако некој згреши, кај Отецот имаме застапник, Исуса Христа, праведникот." (1 Јован 2:1). „Зашто еден е БОГ, и еден е посредникот помегу Бог и лугето - Човекот Христос Исус". (1 Тим. 2:5) „Зашто под небото нена друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме." (Дела Ап. 4:12). „И рече Марија: Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој." (Лука 1:46-47)
Пошто на воа протестантиве во манир им е плукањето по Црквата и барањето раски во туѓите очи, без притоа да седнат пред огледало и да ги видат гредите во своите очи, а омилениот „папагализам„ е оној во стилот „...ние не го правиме тоа што го прават православните..., па дајте конечно да видиме, што, „у ствари„, Вие правите на планот на спасението на Вашите души? Како се спасувате, освен што до бесвест го „проучувате„ Светото Писмо?
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10

А зошто не ги оставиш луѓето да си го кажат своето мислење, туку се лепиш како некоја „мува наплувка на гомно“?
И каде тоа во постот на госпел прочита православие или православна црква?

Се чудам до кога ќе трае твојот цинизам и сарказам во сите твои постови, а од друга страна се декларираш за голем православен „рисјанин“????:sick::sick::sick:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А зошто не ги оставиш луѓето да си го кажат своето мислење, туку се лепиш како некоја „мува наплувка на гомно“?
Ааааа, „нападот е најдобра одбрана, така? Проверена протестантска финта...

Прво и основно, никому не му забранив да пишува, тоа јасно соти на почетокот од мојот денешен пост, а „лепењето„ на се сешто се случува токму кон Црквата!
--- надополнето: Aug 29, 2011 11:15 AM ---
И каде тоа во постот на госпел прочита православие или православна црква?
Она кое Ти не го гледаш, други го „заприметуваат„ од врвот на Шар Планина, а има и такви кои се троа подолго на форумов од Тебе!

--- надополнето: Aug 29, 2011 11:20 AM ---
Се чудам до кога ќе трае твојот цинизам и сарказам во сите твои постови, а од друга страна се декларираш за голем православен „рисјанин“????:sick::sick::sick:
Не се декларирам нит за „голем„ нит за „мал„ но она кое ми „оди„ на нервните завршетоци, тоа е плукањето по Црквата, на која плуканица, одделни самонаречени „хрситијански„ заедници градат „тешка„ теологија, која се сведува на „...ние не правиме тоа што прават православните...„ а на прашањето кое веќе го имам поставено, а кое се однесува на начиот на кој се спасуваат самонаречените христијани, добивам молк како одговор!

Едноставно, не сте живи ако не пљукнете по Црквата! Се чини дека таа (Црквата) Ви е опасна пречка, па пошто ништо не и можете, тогаш можете барем вербално да се „празните„!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прво и основно, никому не му забранив да пишува, тоа јасно соти на почетокот од мојот денешен пост,
Но сепак подло се обиде да ја смениш темата на муабет тука поставувајќи оф-топик прашања до протестантите: Како се спасувате, освен што до бесвест го „проучувате„ Светото Писмо?
Дали темава е за начинот на кој што се спасуваат протестантите или пак за тоа како се вовело обожувањето на дева Марија?

Едноставно, не сте живи ако не пљукнете по Црквата!
Никој тука не плука по Црквата, туку воведот на темава објаснува аргументирано, историски и библиски подржано како се вовело обожувањето на дева Марија.
Ако ти како член на МПЦ сметаш дека во твојата црква Марија не се обожува, тогаш изнеси го твојот став по можност аргументирано. Остави ги другите да си го изнесат слободно својот став. Времето на инквизицијата одамна помина, а ти немаш сила ни моќ да го повратиш назад.
 
S

smexy

Гостин
1.Google Magna Mater
2.Read
3.????
4.Profit.

Ова е многу постаро од Римјаните ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали темава е за начинот на кој што се спасуваат протестантите или пак за тоа како се вовело обожувањето на дева Марија?.
Повеќе е од очигледна грешката од самиот пост, кој вели дека сме ја „обожувале„ Мајката Божја, но никој во Црквата не исповеда „обожување„ на луѓе, па нека се тие и Свети.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:24 PM ---
Никој тука не плука по Црквата, .
Неееее, во прашање е фатаморгана....:confused:
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:25 PM ---
, туку воведот на темава објаснува аргументирано, историски и библиски подржано како се вовело обожувањето на дева Марија.
Воведот на темата е „утнат„ во старт, како што напишав претходно. Уште помалку постои „библиско докажување„ за „обожувањето„ на Мајката Божја, што е дополнителна „утка„ во постот.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:27 PM ---
Ако ти како член на МПЦ сметаш дека во твојата црква Марија не се обожува, тогаш изнеси го твојот став по можност аргументирано. .
Ај кажи ми какви сакаш да бидат тие „аргументи„?

Веќе напишав: Црквата не ја „обожува„ Мајката Божја, но ја цени, ја вреднува и ја прославува, согласно нејзните заслуги.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:28 PM ---
Времето на инквизицијата одамна помина, а ти немаш сила ни моќ да го повратиш назад.
Обрати се Папата Бенедикт, тој е сигурно позапознаен со инквизицијата.
А ја батка, разбира се дека немам намера нешто да враќам, особено ако никогаш и не ми припаѓало.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Повеќе е од очигледна грешката од самиот пост, кој вели дека сме ја „обожувале„ Мајката Божја, но никој во Црквата не исповеда „обожување„ на луѓе, па нека се тие и Свети.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:24 PM ---

Неееее, во прашање е фатаморгана....:confused:
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:25 PM ---

Воведот на темата е „утнат„ во старт, како што напишав претходно. Уште помалку постои „библиско докажување„ за „обожувањето„ на Мајката Божја, што е дополнителна „утка„ во постот.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:27 PM ---

Ај кажи ми какви сакаш да бидат тие „аргументи„?

Веќе напишав: Црквата не ја „обожува„ Мајката Божја, но ја цени, ја вреднува и ја прославува, согласно нејзните заслуги.
--- надополнето: Aug 29, 2011 2:28 PM ---

Обрати се Папата Бенедикт, тој е сигурно позапознаен со инквизицијата.
А ја батка, разбира се дека немам намера нешто да враќам, особено ако никогаш и не ми припаѓало.
:pos: да си ебеш векот бе ајдук, увек ти успева да ме насмееш.
Абе како не се обожавало море ? Вчера празникот за што беше ?:tapp: Или одавате само почест, на некоја која што 2000 години и оди на рака да му набива рогови на целото човештво демек „ безгрешно зачнала“ :pos: еј ме пресмеа да си ебеш векот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
:pos: да си ебеш векот бе ајдук, увек ти успева да ме насмееш.
.
Еве, и ја се смеам на Твојте глупости, види: :pos:
--- надополнето: Aug 29, 2011 3:07 PM ---
Вчера празникот за што беше ? .
За сеќавање и одбележување на Нејзиното успение, т.е. упокојување. Ти текна? :icon_lol:
--- надополнето: Aug 29, 2011 3:08 PM ---
да си ебеш векот.
...и ја на Тебе...:icon_lol:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
...демек ова...да не останиш покусо, така???
Никако „покусо„, само „подолго„! :cool:
--- надополнето: Aug 30, 2011 2:57 PM ---
:pos:
Согласно „сврти го и другиот образ“.
Ами како...:)

А другиот образ се врти само во случај на примање/прифаќање праведна осуда и навреда, а не како Тебе ќе Ти текне, разбираш...
--- надополнето: Aug 30, 2011 2:59 PM ---
Ако кажеше: „да ми Измиеш автомобилот“ Дали исто ќе одговореше ...и ја на Тебе.., ? :tapp:
А замисли ситуација, да се работеше за некоја друга понуда, а? :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom