- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 277
- Поени од реакции
- 29
КАКО СЕ ВОВЕЛО ОБОЖУВАЊЕТО НА ДЕВА МАРИЈА - БОГОРОДИЦА
Освен многуте богови, што ги имале паганите, тие имале и многу богинки, од кои најпочитувана била таканаречената Диана, или како што другите ја нарекувале Јуона. Ја претставувале со венец на главата и уште ја викале „небесна царица . Јудејците, иако не биле пагани, многупати вовлекувани во паганството, ги копирале соседните пагански народи, та и тие почнале во времето на пророкот Еремија, да кадат и да и принесуваат лебови на таа богинка. (Еремија 7:18; 44:17,25).
Паганските обичаи и идејата за обоготворување на познати и заслужни луѓе не можела да се искорени сосем меѓу некои пагани дури и кога станале христијани. Во христијанството немало други богови, освен еден Господ Бог. Идејата за паганството некако се задржала во обожувањето на светците, како подолни богови и посредници пред поголемите, и на мајката Исусова, како велика богинка и „небесна царица. Во почетокот на христијанството, при ревносното проповедање на апостолите и нивните следбеници, тие заблуди строго се изобличувани и не биле распространети.
Подоцна, тие пагански идеи повторно се вовлекле во христијанството. Во четвртиот век се вовело најнапред поклонувањето и молењето на светците, а потоа и поклонувањето и молењето на мајката Исусова, најпрво во Арабија од една секта, наречена Колиридијани, принесувајќи и лебови како на „небесна царица“ * Тогашните црковни учители им се противеле на таквите поклонувања, та за некое време и ги стопирале. Во петтиот век почнале Дева Марија да ја нарекуваат „Богородица“ и постепено да и искажуваат поголема чест, додавајќи го името Небесна Царица.
Триста и осумнаесетте Свети Отци во симболот на верата ја нарекуваат „Марија Дева". Дева Марија била мајка на Исус само по тело (Рим. 1:3). Во деветтиот век масовно и се поклонувале и и се молеле. Целото време, а особено во последните времиња, поклонувањето на Марија го надминало дури и поклонувањето на Господ Исус Христос. Некои отишле дотаму што сосем произволно дури и нејзиното зачнување го прогласиле за безгрешно, правејќи догма, која не само што не е потврдена од Св. Писмо, туку е и јавна заблуда. Така и денес продолжуваат да и се поклонуваат и молат двапати и трипати повеќе отколку на самиот Исус Христос. Така, сега тие поправилно е да се нарекуваат маријани, а не христијани. Други пак, иако ја отфрлаат заблудата за безгрешното зачнување на Дева Марија, сепак, не помалку од првите и се поклонуваат и и се молат како на мајка Божја и ја почитуваат како Небесна Царица. Според Св. Писмо, само семоќниот и сеприсутниот Господ Бог царува и на небото и на земјата. (2 Мојс.15:18; Пс. 9:16; 145:10; откр. 11:15) Нема друг соучесник во Неговото царување. (Данаил 4:34). Светото Писмо учи дека единствениот спасител на светот е Исус Христос (Дела Ап. 4:11-12) и единствениот посредник меѓу Бог и луѓето. (1 Тим. 2:5; Јован 14:6). Затоа ни Дева Марија, ни друг некој може да не спаси или да посредува за нас. Кога некои му рекле на Исус, како што читаме во евангелијата: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе". Тој одговорил: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?". Покажувајќи со раката на учениците, вели: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка." (Мат. 12:47-50; Марко 3:31-35). „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат." (Лука8:21).
Од овие Исусови зборови станува јасно дека Тој многу повеќе го почитувал духовното родство отколку телесното. Со тоа јасно не учи дека духовните роднини, т.е. сите што ја исполнуваат Неговата волја, му се подраги дури и од мајка Му. Уште повеќе, Тој ни покажува дека во управувањето на своето небесно царство ни најмалку не ја меша мајка си, по тело, се со цел да ги испревари следбениците и да ги зачува од заблудата за која, расудувајќи човечки, би можеле да паднат - да и се молат нејзе за помош и да се надеват на спасение од неа. Ако Исусовата мајка имала таква власт да помага и да содејствува во спасението на луѓето, дали боговдахновените апостоли би премолчиле и не би кажале нешто за неа? Немаше ли нешто повеќе да напишат за неа, да ја препорачаат на грешниците и да ги побудуваат сите за да прибегнуваат кон неа? Секому му е познато каква ревност имал апостол Павле за спасението на луѓето, а тој не го ни споменува името на Дева Марија. Јован, којшто го напишал своето Евангелие најдоцна од сите други евангелисти, со посебна цел - да го надополни напишаното од нив, на кого таа (Дева Марија) му била препорачана од Христос како мајка и кај кого таа живеела по Христовото распнување, не напишал ништо повеќе одшто другите за неа, ни пак за пејзината смрт. Освен на едно место (Дела ап. 1:14), апостолите не спомнуваат ништо за неа ни во делата апостолски, ни во посланијата.
Премолчувањето од апостолите и многу кусото спомнување од евангелистите за мајката Исусова,мислите ли дека е непочитување и презир кон неа? Не! И ова, како и Христовите зборови погоре, не се ништо друго освен предупредување за нас, како што веќе рековме, да не паднеме во заблуда – да и се поклонуваме и да и се молиме. Навистина, ние сме должни и треба да ја сакаме како мајка на Исус, на Спасителот, и да ја почитуваме како најблажена и најблагословена меѓу жените (Лука 1:42). Но од тоа не произлегува дека треба да и се поклонуваме и да и се молиме. Кога жената од насобраниот народ извикала и рекла: „Блажена е утробата, што Те носела, и градите, од кои си се хранел!", Исус одговорил: „Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат". (Лука 11:27-28). А на друго место: „Блажени се бедните по дух"; „Блажени се оние што плачат"; „Блажени се кротките", итн. (Матеја 5:3-12). Исто така е кажано и за Јаил во Светото Писмо: „Нека е благословена мегу жените Јаил" (Судии 5:24).
Произлегува ли од сето тоа дека треба да им се поклонуваме и да им се молиме на блажените и благословените? Има и такви што мислат, затоа што Христос бил девет месеци во утробата на Дева Марија, ја осветил и и дал божественост, та затоа треба да и се поклонуваме. И таквото мислење, ако добро се испита, не држи да се земе како основа за поклонување. Со ништо не се докажува дека Христовото деветмесечно живеење во Дева Марија и дава божественост. Ако
во еден сандак биле ставени скапоцени камења, а потоа изведени, останува ли нешто од скапоценоста во сандакот? Треба ли тој сандак да се цени според цената на скапоцените камења? И Христовото живеење во Дева Марија не ни дава право нејзе да и се поклонуваме или да и се молиме како на осветена и обоготворена. Погрешното мислење за поклонувањето и молењето произлегува од заблудата на некои коишто мислат дека Дева Марија е мајка на вечното божество Исусово. И уште нешто, апостол Павле вели дека Светиот Дух, кој е Бог, живее во вистинските христијани. „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас". (1 Кор. 3:16,17, 2 Кор. 6:16). Сепак, тоа не значи дека треба да му се поклонуваме и да му се молиме на секој христијанин, во кого живее Бог - Свети Дух. Најпосле ќе речеме, дури и да била Марија мајка на божеството Исусово (како што не била), сепак, не треба да и се поклонуваме и да и се молиме, зашто е забрането. Св. Писмо не дозволува поклонување на никој друг освен на Господ Бог. „На Господа, твојот БОГ, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш." (Мат. 4:10) „И ако некој згреши, кај Отецот имаме застапник, Исуса Христа, праведникот." (1 Јован 2:1). „Зашто еден е БОГ, и еден е посредникот помегу Бог и лугето - Човекот Христос Исус". (1 Тим. 2:5) „Зашто под небото нена друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме." (Дела Ап. 4:12). „И рече Марија: Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој." (Лука 1:46-47)