Како знаете дали сте преболеле некого?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
По завршување на врска, секој има свој начин на преболување, тажење и слично.
Но кога ќе пројде тој период на преболување, како човек познава дали преболил или не?
Имате ли начин?
Како сте сигурни дека сте преболеле некој?

Сеедно ви е?
Ве интересираат други личности?
Не размислувате на бившиот партнер?

Ако мислите на бившиот/а, дали тоа значи дека се уште не сте го преболиле?

Како знаете дека вашите чувства исчезнале?
Дали веднаш исчезнале или требало време?
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Епа најдобар начин да знаеш дека си преболил некого е да можеш да го погледнеш во очи а да не почувствуваш ни одбивност ни љубов ни ништо.Да го гледаш како секое друго суштество на планетава Земја...Со секое чувство на гнев,омраза,љубомора или сл. само докажуваш дека ти значи..Кога сето тоа ќе исчезне знаеш дека си го преболила...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Знам дека сум преболела некого кога ми се враќа желбата за излегување, за дружење, за смеење, за работење ... со еден збор желбата за живот.
Покрај тоа, знам дека сум преболела и кога некој друг ќе ми падне во очи и почнувам да мислам на него со насмевка на лицето.
Тоа се тие постојани преболувања што постојано ни се случуваат, а преболување на некоја вистинска љубов незнам дали има и како би изгледало.:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Знам дека сум преболела некого кога ми се враќа желбата за излегување, за дружење, за смеење, за работење ... со еден збор желбата за живот.
Покрај тоа, знам дека сум преболела и кога некој друг ќе ми падне во очи и почнувам да мислам на него со насмевка на лицето.
Тоа се тие постојани преболувања што постојано ни се случуваат, а преболување на некоја вистинска љубов незнам дали има и како би изгледало.:toe:
Вистинска љубов според мене не се преболува. Може човек само да се залажува дека преболил, но сепак самата помисла на изгубената љубов - боли.

Инаку и јас мислам дека кога почнува друг човек да ми паѓа во очи и да мислам на човекот кој почнува да ми се свиѓа, а не на бившиот, можам да кажам дека сум преболела.

А да и сепак ќе кажам дека и времето игра огромна улога, како што поминува време и како што поминувам време подалеку од бившиот, само по себе заборавам да мислам, да се потсеќам и едноставно сами по себе чувствата си одат.

После останува само...рамнодушност и евентуално почит. Во зависност од односот кој сме го имале по раскинувањето.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Знам дека сум преболела некого кога ми се враќа желбата за излегување, за дружење, за смеење, за работење ... со еден збор желбата за живот.
Покрај тоа, знам дека сум преболела и кога некој друг ќе ми падне во очи и почнувам да мислам на него со насмевка на лицето.
Тоа се тие постојани преболувања што постојано ни се случуваат, а преболување на некоја вистинска љубов незнам дали има и како би изгледало.:toe:
Па тие ти се преболувањата бе Дивне, дали тие „постојаните“, дали на вистинска љубов, кој да им ја најде границата и разликата на крајот на краиштата...

Инаку цитирав зошто и за мене важи ова од постов. Кога ќе излезам од притаената депресија, кога веќе не ги правам нештата зошто морам, туку зошто сакам. Кога веќе кон личноста не чувствувам омраза, презир, љубов, фрустрација, желба за одмазда- што и да сум чувствувала откако сме прекинале. Гледам на него како убав период на животот, убаво сеќавање. Мада е тешко да се разграничи... Некогаш си во заблуда дека си го преболел/а, зошто се убедуваш себеси дека е тоа така, а следна прилика да го видиш, и пак истото...
Во главном кога ќе се заинтересираш за некој друг (ама вистински да се загрееш за него, а не да бидеш со него како замена, rebound guy и слични “техники“ на преболување), веројатно си го преболела претходниот. :toe:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Па тие ти се преболувањата бе Дивне, дали тие „постојаните“, дали на вистинска љубов, кој да им ја најде границата и разликата на крајот на краиштата...
Границата се запознава само со една таква искусена непријатна работа. Се` друго е празен муабет. Затоа и кажав дека не знам како би изгледало тоа, дека ништо од тоа што ми се случувало не ми оставило траен белег или болка. Верувам дека само вистинската љубов тоа го може, а тоа не се споредува со сите други пообични врски. Не дека тие не значат ништо како такви, но секако кога веќе можат крајно да се преболат, не се нешто посебно вредни.

едит: Времето сигурно ја игра најголемата улога во преболувањето. Ништо не поминува за еден ден ... како што ни требало време да се навикнеме и засакаме, така ни треба и повеќе време да се одвикнеме од некого или истиот да престанеме да го сакаме.
 
С

Сатори

Гостин
По завршување на врска,секој има свој начин на преболување,тажење и слично.
Но кога ќе пројде тој период на преболување,како човек познава дали преболил или не?
Имате ли начин?
Како сте сигурни дека сте преболеле некој?
Никогаш не сум.
Не си дозволувам себеси, да ги правам тие претпоставки на преболување некој, емоциите со текот на времето се стопуваат, исчезнуваат, да, но сигурноста во тоа мене ми е многу мала.
Веројатно кога некој ќе го исфрлам од животот, буквално ќе му забранам да биде дел од него, дошол до границата на преболување.
Со тоа не мислам на емотивниот дел, никогаш не сум била емотивна, со емоции можам да се справам, штом мојот ум го исфрли од игра, тогаш, „преболено е“.

Сеедно ви е?
Ве интересираат други личности?
Не размислувате на бившиот партнер?
Не ми е сеедно, ама фантастично добро глумам сеедно. :)
Други луѓе секогаш ме интересираат, кога излегувам од врска, само имам можност да го реализирам интересот кон нив, иако, тоа не мора генерално да биде така.Еве и сама гледам. :)
Додека дали размислувам, да, многу, само и тоа мине.

Ако мислите на бившиот/а,дали тоа значи дека сеуште не сте го преболиле?
Не.Тоа значи дека имам премногу слободно време за да ја си тупам главата.

Како знаете дека вашите чувства исчезнале?
Дали веднаш исчезнале или требало време?
Колку време ми треба зависи од тоа колку сум била навлезена во врската, ама, не ми треба баш многу време, напротив, брзо ги лечам тие „рани“.
Емоциите ми исчезнуваат сами по себе, обично, кога ќе си заминам од некоја врска веќе немам емоции.:toe:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Нормално дека е тешко на почетокот...но кога ќе видиш дека нема веќе што да направиш во врска со тоа се помируваш и вртиш нов лист,е кога ќе го свртиш листот веќе си преболел :toe:
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
248
Поени од реакции
8
Јас сум сигурна само ко ќе го видам бифшиот со друга а мене ми е сеедно. И го видов да и сеедно ми беше :) после пола година..блах :tapp:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Како знам? Кога немора да мислам на неа едно 100 пути на ден, и кога општо ке ја заборавам...и кога ќе ја видам ако си речам, еј да бе со оваа идев тогаш и тогаш, значи дека сум heal-нат!!
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Знам по тоа што кога ќе се сетам на врската не се каам за истата,не жалам за истата,не ми недостига,туку гледам на тоа како добра лекција,и мило ми е што сум имала можност да ја научам истата.

Сеедно ви е?
Сеедно не ми е,не сум рамнодушна при средба со бивши исто како што не сум рамнодушна и кога ќе сретнам пријател со кој што веќе го немаме муабетот, а и не сакам да бидам рамнодушна,зошто сепак биле дел од мојот живот,не треба сега одма да заборавам на се што било.Едноставно продолжувам понатаму,а тие остануваат како добар спомен на нешто што тогаш било убаво(или не).

Ако мислите на бившиот/а,дали тоа значи дека сеуште не сте го преболиле?
Не,тоа значи дека секогаш одвојувам барем малку време од животов да мислам на глупости.Не мора да значи дека уште имам чувства,може да значи дека само се присеќам на добрите стари времиња,гледам кај сум грешела за да знам за друг пат :)

Како знаете дека вашите чувства исчезнале?
Дали веднаш исчезнале или требало време?
Знам по тоа што кој ќе се сретнам со бившиот,ги нема веќе пепрутките во стомакот,по тоа што сум се заинтересирала за друг,не мислам толку често на него итн итн итн...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Кога имам пеперутки во стомак, предизвикани од некој друг:)
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
знам дека сум го переболела ако не чекам со домасниот и мобилниот во раката нестрпливо да зазвони и ако не плачам на песните,,наши,, и едноставно ако не почуствувам ништо во негова близина!тогаш знам дека е минато!
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
По завршување на врска,секој има свој начин на преболување,тажење и слично.
Но кога ќе пројде тој период на преболување,како човек познава дали преболил или не?
Имате ли начин?
Не би го нарекла баш начин. „Време лечи се“. Оставам времето да биде лекот, иако некогаш не многу често ми помагало. Знаело да биди и многу заебано, и да прави да бидам уште повеќе повредена.

Како сте сигурни дека сте преболеле некој?
Како шо кажаа другите погоре. Кога престанувам да размислувам како да му вратам, кога почнувам пак искрено да се смејам и да излегувам, кога не мислам на него...

Сеедно ви е?
Епа, кога вистински ќе го преболам, нормално дека ќе ми биди сеедно шо работи, со кој оди, како му е.
Ако уште се сеќирам како е, ако се интересирам со кој оди, тогаш значи уште гаам некакви чувства за него.


Како знаете дека вашите чувства исчезнале?
Дали веднаш исчезнале или требало време?
Како шо кажав погоре.
Го оставам времето да си го каже своето.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
па ако ми е сеедно,,веќе не ме интересира ,, други почнуваат да ми го привлекуваат вниманието,,ако не се замарам како претходно,,а најсигурен метод--кога ќе се заљубам во друг:vozbud::pipi::pipi::pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom