Романци и Бугари робуваат во Прага
петок, 05 февруари 2010
Тие во Чешка се експлоатираат како евтина работна сила за седум и пол евра седмично
Прага - Информациите на специјалните одделенија на чешката полиција и невладините организации што се занимаваат со заштита на човековите права покажуваат дека во Чешка се' повеќе се интензивира трговијата со евтина работна сила и со работници, во поново време најчесто од Романија и од Бугарија, што се експлоатираат како робови.
Во последните години трговијата со луѓе се покажува како многу профитабилен бизнис од кој само во Чешката Република на овој начин криминалните групи заработуваат по неколку милиони евра.
Тие најчесто преку агенции за посредување им ветуваат работа на луѓето и за тоа земаат пари од нив, а подоцна ги принудуваат да работат за мали дневници.
Меѓу првите жртви на мафијата што се занимаваше со трговија на луѓе во 90-тите години од минатиот век беа Украинците, потоа Виетнамците и Монголците, додека во последно време се' повеќе се зголемува бројот на наемните работници од Бугарија и од Романија. Романија и Бугарија се членки на Европската унија, поради тоа на работниците од овие земји не им се потребни работни дозволи, доволна им е само регистрација во Заводот за вработување, со што стануваат лесна мета за злоупотреба.
Во 2009 година во Чешка се регистрирани 4.578 работници од Бугарија и 3.789 од Романија.
„Повеќето од жртвите најчесто се користат за физичка работа, на полињата или во градежништвото, а мал е бројот на оние што се принудени на проституција“, изјави за ЧТ 24, Ромулус Унгуреану од романскиот Оддел за борба против трговијата со луѓе.
Луѓето кои во своите татковини завршиле високо образование, во Чешка често заработуваат по 7,5 евра седмично за секојдневна работа, вклучувајќи ги саботите и неделите.
Овие лица најчесто не сакаат да се вратат дома, бидејќи нивните семејства се надеваат дека тие тука заработуваат пари, а и за патот до Чешка зајмувале средства од свои пријатели и роднини.
Работниците, и покрај лошите услови, се плашат јавно да зборуваат или да поднесуваат жалби поради тоа што заканите и експлоатацијата тешко се докажуваат, а државните органи не може да реагираат кога немаат докази.
Чешкото министерство за труд и социјална политика има подготвено измени и дополнувања на законот за вработување, кои се однесуваат на условите за работа на агенциите што посредуваат при вработувањето.
Полицијата кон крајот на минатата година во северна Чешка прекина еден од синџирите што се занимаваат со трговија на луѓе и тројца државјани на Украина се соочуваат со 15-годишна казна затвор. (МИА)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D...85A032951D5144
Ne sum nitu noter,nitu pak sudski preveduvac,ako nemas doverba na makedonskite mediumi,togas ajde sikter na bugarskite forumi i sajtovi..