Како да си фатам девојка?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.853
Поени од реакции
8.398
Oko mene su, u stvari, Licemeri i govnari Svako mi za dusu pije A znam, lazu drkadzije Svako ko je tu plakao Posl'o bi me u pakao A gore mi pevaju popovi I nasledjuju me lopovi Sapucu samozvani proroci Upropastise ga poroci Dok izjavljuju saucesce Pljuju po meni sve cesce i zesce Na glavu mi stavljaju lovore Drze mi posmrtne govore Stoka sto laze kako zine Preuvelicava moje vrline
Screenshot_20241119_133233_Gallery.jpg
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.441
Како зрела личност упатиме како би реагирала некој да ти се заканува, пишува и прогонува ? Што да правам да молам некој аман дојди кафе да пиеме или крени еднаш ти телефон не само јас!? За што сум незрел ?
Види пробај Рохипнол, ГХБ, Хлороформ па може убодеш нешо.
 
Член од
21 ноември 2024
Мислења
1
Поени од реакции
2
Ќе ти кажам како да најдеш сродна душа, не девојка што може да те напушти за неколку месеци. Ова што ќе те научам го имам читано од разни духовни книги за љубовта и животот пред 15-тина години. Ова што ќе го научиш, имај го вмрежано во главата бидејќи ќе ти помогне за се' во животот, не само за „сродна душа“.

Проблемот што го имаш, не само ти, туку многу луѓе (и мажи и жени) е дека не се сакаш себеси. Не се почитуваш. Како сакаш да имаш долга врска, кога не се ни сакаш себеси? Најважната работа за привлекување сродна душа е твојот начин на размислување кон љубовта, кон себеси. Отсега натаму, мораш да размислуваш и ИСКРЕНО да веруваш дека ти си најдобрата личност што ја има. Дека си достоен за љубов, за почит, за разбирање. Дека си среќно во врска (или брак, зависи од тебе). Почни да медитираш, да одиш во себеси со мислите, не надвор од тебе. Финтата е, да дојдеш до степен каде искрено, на природен и здрав начин, ќе веруваш дека си достоен за љубов. Кога ова ќе се случи, автоматски ќе престанеш да „бараш“ жена, и ќе почнеш да се сосредоточуваш кон својот живот.

Ќе почнеш да се грижиш за себеси, да се почитуваш, да се сакаш, да си имаш свои цели во животот, да си имаш свое „држење“ (фрејм). Ти ќе си бидеш својот главен лик во животот. Ти ќе си бидеш број 1. Не е ова самобендисано, бидејќи го правиш на природен начин, без да добиеш нешто од други, без да манипулираш, буквално, духовно кажано, ќе бидеш „чиста“ душа.

Сега интересниот дел, ти всушност ништо не правиш конкретно за да „најдеш“ девојка, туку сега твојот начин на размислување и идентитет е променет. Кога ќе си го тераш сега нормалниот живот, ќе имаш посебна енергија околу тебе. Енергија на љубов, самодоверба, сакање. Луѓето околу тебе автоматски ќе бидат привлечени кон тебе, а нема ни да знаат зошто. Сигурен сум дека и ти си го приметил ова, кога ќе видиш кон некој човек, сите го сакаат, го почитуваат, го сметаат за добар пријател, човек, колега итн. Зошто? Затоа што тој човек има работено на себе. Се смета за достоен. Кога ќе дојдеш до овој степен, целта нема да ти биде „да ја најдеш совршената жена“, туку да си го подобруваш својот живот најдобро што можеш. Нема да ти биде гајле што мислат другите луѓе за тебе, бидејќи ти си НАЈДОБРИОТ за себеси! Ќе си правиш што сакаш, тоа што мислиш дека е најдобро за себе.

И на крај, еден ден конечно ќе се сретнеш со твојата сродна душа. Едноставно ќе се поврзете. Се' ќе тече правилно. Разговорите ќе ви течат лесно, ќе сакате да бидете во свое присуство итн. Кога ова ќе се случи, нема пак да се вратиш кон старите корени, на пример „леле, што ќе мисли на мене, ако ѝ згрешам, ќе ме напушти, морам да се правам фраер итн.“. Убаво е да мислиш дека си фраер, секако, ама да биде со здрава доза, не треба да биде манипулирачки или на лош начин. И, така, ќе престанеш да бараш потврда од неа и ќе бидеш слободен, ќе бидеш вистинскиот ти, и таа ќе те сака таков како што си искрено. Сега сте две души што решивте заемно да си го живеете животот. Батали она „станувате една душа“. Тоа се глупости. Две души сте, и решивте заемно да си помагате. Ама нема само ти да бидеш ваков, туку и твојата жена ќе биде исто како тебе, тоа е најдоброто во ова. Ќе привлечеш иста личност како и ти самиот. Ќе живеете заедно, ќе си се почитувате и сакате, ама ќе знаеш дека животот не ти е таков поради неа, туку поради себеси. Истото мислење и таа ќе го има за себе. Тоа е законот за претпоставки и привлечност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom