Ако фатам да објаснуем ја као глеам, ќе се љути нарот. Високо академски речник не задржуе внимание и ги дисоцира луѓето од нивната реалност шо им изглеа дека е јака пошо им е поплавена со јаки сентименти, па таквиот муабет ќе им се чини „ко некоја теорија". А место да зборуеме за Попери, пошо тоа е нели наивно, треба да се фатиме за пушките и јако да кажеме како ни е доено преку кур од орките. Луѓе трзаат на такви работи, не на некојси теории. И емоциите даваат зачин на храната, само мене ми е пресилен зачинов, а и знам дека после имаш проблеми со стомак ако го претераш.
Ама да не идам јабана. Сакаш да ти ја објаснам мојата дефиниција? Вака...
Витгенштајн бил филозоф кој зборуел дека јазикот е лимитиран кога стануе збор за дефиниции. Тешко ни е да напраиме демаркација меѓу стол и нестол. Што е стол и кои атрибути го дефинираат? Мора ли да има четири ногарки, три? Дали ако зеам камен и седнам на него, сеа тој стануе стол пошо сум му доделил таква функција? Ама ако идеме со тој пристап, ќе заглавиме у тешкото.
Кога сме кај јазикот, според етнологијата, јазикот има највисок ред на приоритетност кога зборуеш за некаков етникум (
@Beric Dondarrion, 2016). А потоа идат други меки културолошки елементи ко обичаи, религија, верувања за светот, па и гени како помалку приоритетни. Албанците се населење кое е дефинирано од својата националност што е политичка категорија. Заеднички елемент им е јазикот, па помалку обичаите (варираат) и верата (има католици и православни), па нешо делат некои алели, ама има голема варијација зависно од географскиот регион, па бараат хаплогрупи R1b, Y (У-ДНК) итн. У Босна почесто ќе најдеш хаплогрупа I, овде ќе најдеш застапеност на E-V68 многу поише него у Албанија итн. - нешо шо укажуе на генетски диверзитет!
Што кључили? Јазикот е најсилниот елемент што е заедничко НЗС за сите Албанци, а после другите културолошки елементи. Потоа е субјективното чувство на самоидентификација. А и проблеми праат феномени ко Шкретите пошо тие се македонско населење шо лафи Албански одамна.
Тоа е најобјективниот одговор шо можеме да го дадеме ја и етнологијата колку што знам (може има подобра дефиниција).
Ти имаш боље решење?