Како да се помогне на стечајците?

H

^HITMAN^

Гостин
Токму овој потег ми ја даде идејава за нашата земја.Гледаме дека сме за нигде,не јаде бирократија,невработеност,сите не тапкаат по рамо а светлина не гледаме.Во име на кризата и нашите економски показатели со добра надворешна политика може да помине нов систем,незнам како би се нарекол.Државата отвара извозни капацитети,си го вработува населението,договорно го зголемува стандардот и ја подобрува сликата.Нејзино е да отвори капацитети за готови прозиводи,во одбрани сектори,да откупи дел од полупроизводите кои ни се маана и да пласира надвор.Потоа веднаш нека ја продаде,само да изигра како електро шок во економија.
И така економските промотери немаат работа барем нека продаваат.Услови не се создаваат,странски инвестиции нема,конкуренција никаква.
Од друга страна може и курсот на НБРМ да се измени во флуктуирачки,после „шокот“.
(ова нали би успеало само со луѓе кој сакаат добро на народот)
Се сложувам и сметам дека треба да се искористи времето на криза, како алиби за таквата одлука која мислам дека е против слободата на пазарната економија, НО во време на војна и криза нели "се" e дозволено за излез од таквата ситуација. Ми се допаѓа идејата и јас имав размислувано и дискутирано за таква слична идеја. Само незнам дали нашиот закон и устав го дозволува тоа. И како што кажа, треба луѓе кои навистина му сакаат добро на народот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Преквалификација ! Читав дека во Англија луѓето пред пензија што останале без работа одат на преквалификација,учат компјутери или некој занает,било што и после некое време се квалификувани во одредена област.. а кај нас и на 45 - 50 год нејќат ни да чујат за тоа, ама знаат да фрлаат со јајца и да глумат "штрајк со глад "

Resenie ednostavno: Parite za mnogubrojnite spomenici da se prinamenat za gradenje na fabriki, mali proizvodni pogoni i slicno i da se vrabotat ovie lugje. Dravata ke bide sopstvenik na ovie taka nareceni fabriki i taa ke raspolaga so imotot i so ishodot od rabotata. Podocna taa ke gi plsira na pazarot i ke gi prodade. So prihotot ke giplati rabotnicite i rabotata e resena...
znam deka resenievo e malce nevozmozno bidejki i ne sum bas sigurno deka drzavata moze da prezeme vakvi merki, no sepak bi bilo prekrasno koga bi im se dala takva moznost na stecajite i na site dr sto ostanaa nevraboteni vo nasava drzava.

Девојче оваа слика се вртеше али пред 20 год,више тој филм не го гледаме, кога бевме СРМ у СФРЈ
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Прекфалификација можеби е добра работа во држави каде после тоа може да се најде работа (значи планска и организирана, а не обука која едина цел ќе има само заработка на пари од фирмата која истата ќе ја изведува), но овде дури и да заврши нов занает, ново школо...џабе оти работа нема. Као најтазе пример фармацевтите, завршиле школо кое не е така лесно, научиле занает за на крај да ги остават на улица. Доколку пак на тие 40-50 години од доктор, аптекар...треба да стане програмер, тоа е друго. Ама на тие години тоа нема да се случи едно ради афинитетот, друго ради самите години.
Со други зборови, дупло фрлени пари (еднаш за нивно факултетско школување како фармацевти, вторпат за преквалификација). Од овој маѓепсан круг едино чаре не е квалитетна и организирана преквалификација туку самопренасочување -продавање на пиперчиња и штавељ на пазарче или изработка на месени производи за некоја фирма.
Ради тоа и овој вид пренасочување на работната сила е минато, односно нешто што било во СФРЈ (иако и тогаш не толку успешна). Единствен вентил на вишокот работната сила кај нас (и земјите слични на нашата) од дамнина (од бугарско, српско, јгуословенско и македонско) било одењето на работа во друга земја, друго ништо не не спасува.

Инаку во доста (со саглам економија) земји приватни и државни фирми редовно ги праќаат вработените на курсеви, дообуки као апгрејд/апдејт на постоечките знаења.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Преквалификација ! Читав дека во Англија луѓето пред пензија што останале без работа одат на преквалификација,учат компјутери или некој занает,било што и после некое време се квалификувани во одредена област.. а кај нас и на 45 - 50 год нејќат ни да чујат за тоа, ама знаат да фрлаат со јајца и да глумат "штрајк со глад "
Убаво си читал за Англија,колку е таму невработеноста?Под 5%?
Аман бе згазнете на земја,прекфалификација за 50 годишњаци!Младината дома седи,старите ќе се вработеле,ова во Аватар да не го има или во 2012:)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Зошто не е возможно да гради?Мислиш нема концепти за ваков чекор?
Зашто е незамисливо државата да гради фабрики во Пазарна Економија, кога би се нарекувале Социјалистичка Република Македонија би било можно...
Се инсистира и монополите да бидат во приватна сопственост(со државна контрола)...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не дека не ја поддржувам таквата идеја. Јас поддржувам секаков чекор кој би се превземал со цел да им се помогне на стечајците. Но, незнам Леандра, дали во капиталистичко општество е дозволиво тоа и што таквиот чекор ќе повлече со себе. Имаше минатата година дури и национализација на банки во капиталистички општества но тоа се случи во време на најголемата светска криза после 70 години. Доколку такво нешто се случеше пред 3 години, таквата држава ќе беше окарактеризирана како иста со диктарутата во Венецуела.
не да треба, туку МОРА да отвара, овој збор "отвара".... условно, не мислев на сечење ленти:)
..од друга страна секој бизнис се почнува само со една цел: да се продаде...организиран, спакува во добра амбалажа,..................... со профит!!!
Всушност тоа е вредноста на иновацијата: да уочиш потреба, да смислиш решение, да организираш производство.....и....да го продадеш тоа со заработка на оние на кои им треба медиум за умножување на нивниот куп пари кој постојано бара начин како да излезе од банкарската зандана на пазарот, за да се МНОЖИ...неризично.....а бе чиста природна реакција...
...и ова не го зборувам на памет...последните 35 години од тоа живеам......:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зашто е незамисливо државата да гради фабрики во Пазарна Економија, кога би се нарекувале Социјалистичка Република Македонија би било можно...
Се инсистира и монополите да бидат во приватна сопственост(со државна контрола)...
Како е незамисливо кога видовме како се национализираат банки и огромни корпорации.Или тоа важи за сите освен за нас?
И кај нас во пазарна економија државата купува фабрики,се со цел да ги продаде на странци(Емо Охрид),зошто да не изгради нови?И така Бунарџик е празен,сама нека си ги искористи бенефициите од економската зона:)(може ќе изгради после пат,до таму и железница)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Како е незамисливо кога видовме како се национализираат банки и огромни корпорации.Или тоа важи за сите освен за нас?
И кај нас во пазарна економија државата купува фабрики,се со цел да ги продаде на странци(Емо Охрид),зошто да не изгради нови?И така Бунарџик е празен,сама нека си ги искористи бенефициите од економската зона:)(може ќе изгради после пат,до таму и железница)
остај ова клинциве што папагалски повторуваат некоја песничка на која всушност не и ги разбираат зборовите...ДРЖАВАТА ...модерната капиталистичка по ново, напреден капитализам=социјализам , по старо..МОРА тоа да го прави и СЕКАДЕ го прави , во сите пори на општеството........
...само некои клинци во некои бананасти...додека не созреат државички, тоа не го сваќаат, посебно приучените на разноразни фон-овски и бојо-вски школии :)
и за очекување е ..., во денешно време малку млади луѓе навистина седнуваат да научат , а потоа да применат нешто...во сите области повеќе се практицира нивото на бескрајна журка :)
 
B

Borg_Drone

На државата според мене должност и е да гради инфраструктура, но не и фабрики.Кога ќе се обезбеди инфраструктура, инвеститорите сами ќе си дојдат и они самите ќе си го направат своето.Ние основното го немаме за привлекување инвеститори.
Треба да земеме пример од нашите соседи, за кои упорно велиме дека се најзадолжени во Европа.Да, најзадолжени се ама еве ќе ја земам за пр. Хрватска да видите што е изградено таму:

Единствено Агенцијата за државни патишта има распишано тендер за изработка на проект за изградба на делницата од Демир Капија до Смоквица, од Коридорот 10, во должина од 27 километри, а во тек е и изградбата на 7,6 километри патен правец Табановце - Куманово, кој ќе биде автопатско решение и ќе чини близу 9 милиони евра, но се гради со заеднички средства, односно, со помал дел домашно учество и со заем од Светска банк

И, тоа е се' што планира државата да го гради како автопат со сопствени средства. Затоа, пак, седум патни правци од Коридорот 8, со вкупна должина од 560 километри, ќе бидат изградени со автопатско решение, но преку давање под концесија. Станува збор за делниците: Романовце - Деве Баир (граница со Бугарија), во должина од 70 километри, обиколница на Скопје - Блаце (граница со Косово), 13 километри, од Гостивар до Требеништа, односно, до аеродромот во Охрид, 93 километри, од Ќафасан, поточно од границата со Албанија до Битола во должина од 85 километри, 130 километри од границата со Грција, Меџитлија до Велес, 120 километри од Велес до Обел, границата со Бугарија, и околу 50 километри од патниот правец Штип - Миладиновци. Треба да се напомене дека изградбата на овие патни правци ќе биде комплетна обврска на идниот концесионер, што значи дека државата нема да вложи ништо.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=928315E6D6CB764D8CA4EAAE6A389CF9

И треба да се вложува во археологијата, но и во заштита на нашето културно богатство.Самата држава од археологијата може многу пари да заработи, но тука не говорам само за вложување во ископувањето на некое место каде што се одвивала некоја битка и сл., туку говорам за градење патишта со цел да се направи достапно тоа место за туристи.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На државата според мене должност и е да гради инфраструктура, но не и фабрики.Кога ќе се обезбеди инфраструктура, инвеститорите сами ќе си дојдат и они самите ќе си го направат своето.Ние основното го немаме за привлекување инвеститори.
Должност и е да создава услови,ама не ги создава,мора да најдеме алтернативно решение.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Ништо не е невозможно. Нели французите неколкупати железницата те ја приватизираа, те ја земаа под државна капа. Државата интервенира на разни начини (сигурно економистите ги учат тие мерки на школо) ама нашите фирми каде имаше удел државата се ужас (Охис беше една од нив). Едино функционира субвенционирањето (ако не сум грешка, тоа е една од мерките).

Еве како Калифорнија за да попуни буџет му ја мисли да легализира марихуана
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C04E37346A6F8140BD26DF14D7B42A91
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
остај ова клинциве што папагалски повторуваат некоја песничка на која всушност не и ги разбираат зборовите...ДРЖАВАТА ...модерната капиталистичка по ново, напреден капитализам=социјализам , по старо..МОРА тоа да го прави и СЕКАДЕ го прави , во сите пори на општеството........
...само некои клинци во некои бананасти...додека не созреат државички, тоа не го сваќаат, посебно приучените на разноразни фон-овски и бојо-вски школии :)
и за очекување е ..., во денешно време малку млади луѓе навистина седнуваат да научат , а потоа да применат нешто...во сите области повеќе се практицира нивото на бескрајна журка :)
Навистина не те сватив, и не ти ја разбрав поентата на постот :toe:

@Leandra
Кога тоа купувале корпорации и банки? За време на рецесијава за да ги спасат од нивното пропаѓање и на уште некој друг со нив?

Ај едно онака просто али апла просто прашање: Дали ти би ја продала златната рипка(корпорацијата, банката) која исполнува желби(милиони)???

мислам дека одговорот е и повеќе од јасен....

И бај д веј, да речеме дека владата ќе ги купи Окта, Скопска Пивара, Макпетрол, Фершпед итн, и мислиш дека тие луѓе со по 300 000 милиони во џеб ќе отворат нов бизнис или ќе си го прчат двете нозе на Хаваи, Мајами.... ти што би направила? (искрено)...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ништо не е невозможно. Нели французите неколкупати железницата те ја приватизираа, те ја земаа под државна капа. Државата интервенира на разни начини (сигурно економистите ги учат тие мерки на школо) ама нашите фирми каде имаше удел државата се ужас (Охис беше една од нив). Едино функционира субвенционирањето (ако не сум грешка, тоа е една од мерките).

Еве како Калифорнија за да попуни буџет му ја мисли да легализира марихуана
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C04E37346A6F8140BD26DF14D7B42A91
ужасот е заради сосема други причини...: тоталниот себичен примитивизам на нашите луѓе...потпомогнат со БЛАГА "незаинтересираност" на ЕU и соседите за нашиот опстанок , што во комбинација со немањето чувство за национална целина и невидена дрчност...доведе до тоа до што доведе...сеа останува само да се чека на која страна ќе се навали целата скаламерија која во моментов балансира на врв на оштрица...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Ништо не е невозможно. Нели французите неколкупати железницата те ја приватизираа, те ја земаа под државна капа. Државата интервенира на разни начини (сигурно економистите ги учат тие мерки на школо) ама нашите фирми каде имаше удел државата се ужас (Охис беше една од нив). Едино функционира субвенционирањето (ако не сум грешка, тоа е една од мерките).
Субвенционирањето ДА, али ПЛАСМАН? хахахаха... еее колку проблеми имаме....
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ништо не е невозможно. Нели французите неколкупати железницата те ја приватизираа, те ја земаа под државна капа. Државата интервенира на разни начини (сигурно економистите ги учат тие мерки на школо) ама нашите фирми каде имаше удел државата се ужас (Охис беше една од нив). Едино функционира субвенционирањето (ако не сум грешка, тоа е една од мерките).

Еве како Калифорнија за да попуни буџет му ја мисли да легализира марихуана
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C04E37346A6F8140BD26DF14D7B42A91
Железницата е во огромни долгови, а Французите сакаат да ја земат без пари.Неодамна мислам дека наши претставници од МЖ побараа да им се прости уште еден долг, но не им беше исполнета желбата.Со целосно право.
Државата нека ги плати долговите на МЖ, па после тоа може едниот дел акции да го продаде, а другиот дел нека го раководи самата држава.Нели овие портокаловиве планираа златен процент систем?!
Згора на се железницата во долгови, а железничката инфраструктура не е подобрена уште од времето на Турците, но исто така и не е довршена онаа железничка релација која ќе ни овозможи поврзаност со Бугарија и нејзиното пристаниште.
Да не говориме за возовите што се користат, претежно од советско потекло „Горбачов“ класа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom