Како да се задржат младите во државава

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
точно,но за да останат што се’ е потребно?
значи работа и тоа добро платена, но не мислиш ли дека решавањето на стамбеното прашање кај повеќето е главниот проблем, поаѓајќи од тоа што цените на станови/куќи во МК се баснословни- приближно исти ко и во некои европски држави каде стандардот на граѓаните е дааалеку повисок од тука, и да повеќето неможат- не оти несакаат да имаат сопствен дом - немаат можност и цел живот да работат само за стан да го купат( се разбира доколку работат за онаа просечна македонска плата) Тука отпаѓа и она - со подигање кредити-оти глава нема цел живот да кренат од рати, камати.....
сепак доколку и МК реализира некој ваков- а можеби и подобар проект да младите ги обезбеди со покрив над глава(сопствен) дека со тоа ќе им го тргне најголемиот терет од глава- а они понатаму верувам дека ќе се снајдат
Можност во Мк за такви населби за млади ИМА со оглед на тоа што е земја недоволно населена - значи постои земјиште кое наместо да зее празно -=може да им се даде бесплатно на секој еден - меѓутоа , незнам која им е политиката на челниците:unsure:
--- надополнето: 11 август 2012 во 10:28 ---
само да надополнам , чисто онака ко информација- во Солун куќа од 167 мк со прекрасно уреден двор од 360 мк,..... чини 139.000 евра - а иди во Црниче ил Пржино ил Козле и најди по таа цена
овде не се сложувам со вас целосно.
еве и моиве деца се млади,или беа млади пред десетина години.
Се одомија ,створија семејство,деца,проаѓат години ( 5-о оделение)
Работа нема,ние помагаме,точно дека е важно кров над глава. Но
време е и за второ дете,ајде и тоа бидна,може и во една соба да се
живее,мада не е угодно и комфорно. Ама работа нема ни по 10 години.
Јас имам еве еден стан, но многу работев и сум мислел на овој случај дека ќе биде потребен некогаш уште еден и сум заработел и купил.
Сега му викам на зетот: одете во станот,сами е поубаво.
Одговор: Ја ! А кој ќе плаќа струја.
Еве уште еднаш - НЕ работат,немаат пари ама баш за ништо ни денар
Значи пропаѓа ова „Хрватското“ и ова твоето.
На прво место е работата.Работата е најважна.Без работа ништо.
Ако тие работат,лесно потоа за стан, е како.
Е како и јас седев под кирија долго време на УЛ „ Гемиџиска“ и си плаќав,и убаво ми беше,млади сами во стан па и со мали деца.
Ама работевме јас и жената и со коклу толку штедевме и купивме стан
А што ако ни даде државата стан а ние не работиме или било кој друг.
КОЈ ЌЕ ПЛАТИ СТРУЈА - што вика мојот зет.
Ај објасни го ова сега.
Македонија ќе даде во Овче Поле и Мариово,плацеви и материјал за куќи,на кој луѓе ,на луѓе без работа. Работа треба,куќа потоа.
--- надополнето: 11 август 2012 во 13:25 ---
Чичко Анчо мојот Трпе е имагинарен онака го наведов само, твојот е некој реален и постои, ти само потврди дека таквите случаи постојат.
точно дека постојат и тоа не малку.
Се изненади и ќерками,оди таму да праша за работа,за во образование се работи ( за професор) кога таму директор тој ТРПЕ. Со ниеден ден работен стаж и со ниедна деветка во индекс а директор го клајле.
И сакаш да не биде,кога бре.
И не само што е сега тој дојден и седнат таму,туку лека полека ете ти ги брачедите и сваќите од Дебар кај него на гурбет од чистачка до генерал.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Заради беспарицата дојдовме до степен кога меѓу нас константно се провлекува незадоволство, огорченост и депресивност! Степенот на култура е на многу ниско ниво! Фактот што се отворија факултети во секој град, и што со пари се искупија дипломи и звања, резултираше со квантитет, а квалитетните кадри се бројат на прсти, и истите бранат други бои, бидејќи во матичната земја не наоѓаат ниту разбирање, ниту пак можат да се развиваат согласно нивната струка!
Секојдневните ситуации кои се најчесто common sence, чекање испред шалтери, за обичен документ, бирократија.....па се до апсурдни случаеви,апсурдни судски спорови!
Живееме во време кога ни се ветува мед и млеко, а позади таа театралност, се крие вистинскиот нарав на она што не очекува, а со негативен предзнак! Живееме во време, кога ја гледаме сопствената земја, како без борба му ја даваме на туѓинци, кога сите не негираат, и кога немаме никакви права како народ! Во својата земја сме странци....
Поразителен показател на она што ни се случува може да се најде, во црната хроника.... Секој ден се повеќе и повеќе ќе се изначудиш на нови и грозоморни вести, кои се случиле или кои допрва ќе се случат,во својот град или па во соседното село, град... насекаде!
Воопшто не ме чуди што еден млад и способен поединец се одлучува за живот во странство!
Нас не ни треба реформи, НАС НИ ТРЕБА РЕВОЛУЦИЈА!
 
T

Tetro

Гостин
НАС НИ ТРЕБА РЕВОЛУЦИЈА!
Ние, Македонците, сме претежно мрзелив народ и нонстоп кукаме како многу работиме а пари нема.... е нема, и нема да има, кога законите ги штитат само газдите, а не работничката класа. И промени, реформи, не бива од одма, тоа постепено иде.
За нас, лекот е овој http://www.youtube.com/watch?v=JwfCRAtkYEI
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Ние, Македонците, сме претежно мрзелив народ и нонстоп кукаме како многу работиме а пари нема.... е нема, и нема да има, кога законите ги штитат само газдите, а не работничката класа. И промени, реформи, не бива од одма, тоа постепено иде.
За нас, лекот е овој http://www.youtube.com/watch?v=JwfCRAtkYEI
Леле немој вака јавно да даваш идеи, ни ја укинаа дневната тарифа, сега можи и lights off да ни напрает! :pos:
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
како ??
одговор: никако
па и уште ако влезиме некогаш во ЕУ... е тогаш државата че се прополови ..
да се земам јас на пример .. завршувам факултет (уште малку).. завршувам магистерски... а АУ ФИДАЗЕН .... како што кажа Anco
нема смисла да се распавам со некој Трпе шо на 27 години е пикнат како директор... едноставно тоа е понижување.....
оваа влада е неспособна (кај е неспособна па уште е и полоша од предходните влади).... така да ќе треба уште барем 3-4 години за да народот свати дека не е розово во државава... па да ги сменат... па после дури другата некоја влада по 3-4години ако можи малку да смени.....тоа е многу време...
а че ги сменат.. и тоа че ги сменат тие 95% запишани студенти секоја година,... че ги сменат земјоделците... е така
на секој млад му е јасно „колку е сато“ ..... во моето опкружување незнам еден што планира иднина овде.. да речи јас имам бизнис идеа и че ја остварам овде...... не од што му е став .. туку од тоа што се паметни и знаат како стојат работите...
овде во македонија бизнис почуваат оние транзициските богаташи... кои што се наполниле капитал па евтината рабтна сила сакаат да ја искористат (пошто надвор од МК че му бараат повисока плата)..
дури и родителите си ги советуваат децата да одат странтсво... па сегга види до кај е стасана работата

одговор на темава ќе дадам вака
како да се избркаат младите од државата:
- со завршување на процесот на лустрација
- со трошење на сите пари во Скопје
- посебно трошење на Скопје 2014
- вработување со партија ....
- вработување на неквалификуван кадар
- преееееееголема администрација (а сепак за некаква потврда се чека со месеци)
- намалување на животен станддард (третина од население сиромашно (абе пола население))
- многу други причини
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Може да се задржат само со визна бариера, со ништо друго во оваа земја.
Мислам дека и железно ѓуле од едно 30 кила на кус синџир оковано за нога би свршило работа. Да не спомнувам што во ниеден авион не би го примиле....носачот на ѓулето. ;)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Поглуп проект немам видено.Којзнае колку пари ќе здипли градоначалникот од неговите пријатели со градежни фирми и купување градежни материјали по х2 цени.


.
заради ова ли велиш глуп проект?
Па што врска има тоа тој колку пари ќе здипли ? Важно ќе има за сите:icon_lol:
а врбите можеа бар 8 брачни пара да закрпат
--- надополнето: 11 август 2012 во 17:50 ---
Ние, Македонците, сме претежно мрзелив народ и нонстоп кукаме како многу работиме а пари нема.... е нема, и нема да има, кога законите ги штитат само газдите, а не работничката класа. И промени, реформи, не бива од одма, тоа постепено иде.
За нас, лекот е овој http://www.youtube.com/watch?v=JwfCRAtkYEI
така е , освен „лекот“ - скраја да е
--- надополнето: 11 август 2012 во 17:59 ---
овде не се сложувам со вас целосно.
еве и моиве деца се млади,или беа млади пред десетина години.
Се одомија ,створија семејство,деца,проаѓат години ( 5-о оделение)
Работа нема,ние помагаме,точно дека е важно кров над глава. Но
време е и за второ дете,ајде и тоа бидна,може и во една соба да се
живее,мада не е угодно и комфорно. Ама работа нема ни по 10 години.
Јас имам еве еден стан, но многу работев и сум мислел на овој случај дека ќе биде потребен некогаш уште еден и сум заработел и купил.
Сега му викам на зетот: одете во станот,сами е поубаво.
Одговор: Ја ! А кој ќе плаќа струја.
Еве уште еднаш - НЕ работат,немаат пари ама баш за ништо ни денар
Значи пропаѓа ова „Хрватското“ и ова твоето.
На прво место е работата.Работата е најважна.Без работа ништо.
Ако тие работат,лесно потоа за стан, е како.
Е како и јас седев под кирија долго време на УЛ „ Гемиџиска“ и си плаќав,и убаво ми беше,млади сами во стан па и со мали деца.
Ама работевме јас и жената и со коклу толку штедевме и купивме стан
А што ако ни даде државата стан а ние не работиме или било кој друг.
КОЈ ЌЕ ПЛАТИ СТРУЈА - што вика мојот зет.
Ај објасни го ова сега.
Македонија ќе даде во Овче Поле и Мариово,плацеви и материјал за куќи,на кој луѓе ,на луѓе без работа. Работа треба,куќа потоа.
--- надополнето: 11 август 2012 во 13:25 ---


точно дека постојат и тоа не малку.
Се изненади и ќерками,оди таму да праша за работа,за во образование се работи ( за професор) кога таму директор тој ТРПЕ. Со ниеден ден работен стаж и со ниедна деветка во индекс а директор го клајле.
И сакаш да не биде,кога бре.
И не само што е сега тој дојден и седнат таму,туку лека полека ете ти ги брачедите и сваќите од Дебар кај него на гурбет од чистачка до генерал.
и јас anco, не се сложувам потполно со твојот или ако повеќе љувиш Вашиот пост- оти гледам ме персирате
а тоа се однесува на следното: велиш/те дека сте штеделе ( којзнае од што се’ сте се лишиле со вашата жена) за да купите уште еден стан- и веројатно тоа во времето кога Господ одеше по земја.
Како и многумина ;)
Нооооооооо, замислете вашите деца решиле да се одомаќинат и треба да живеат одделно, да имаат свој дом - Во случајов вие го нудите вашиот стан, ама доколку државата им даде земјиште со платени комуналии и бесплатен градежен материјал -они ќе имаат своја куќа, а велите дека ви се на терет оти не работат .
Па така anco, вие ќе можевте тој стан или да го изнајмувате и да земате по една македонска плата , а во зависност од локацијата каде се наоѓа - можеби и повеќе, ИЛИ уште подобро ќе го продадевте тој стан и ќе им ги дадевте парите на децата да започнат свој бизнис- така ќе си го имаа решено и стамбеното прашање и ќе си заработуваа
просто нели?!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
1. Eкономија,работа,солидна плата
2. Ефикасен систем,закон и ред.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
заради ова ли велиш глуп проект?
Па што врска има тоа тој колку пари ќе здипли ? Важно ќе има за сите:icon_lol:
а врбите можеа бар 8 брачни пара да закрпат
А значи не е крадење додека секој си го добие својот дел.Добра логика нема што.

Тоа што парите за тој проект излегле од џебовите на некој работници што работат 8 саати дневно во форма на данок нема везе.Важно е да дел да се добие само.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
А значи не е крадење додека секој си го добие својот дел.Добра логика нема што.

Тоа што парите за тој проект излегле од џебовите на некој работници што работат 8 саати дневно во форма на данок нема везе.Важно е да дел да се добие само.
ти изгледа стварно не сфаќаш или пак се правиш дека не разбираш
што доби ТИ од врбите? алооооооооооо
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ние, Македонците, сме претежно мрзелив народ и нонстоп кукаме како многу работиме а пари нема.... е нема, и нема да има, кога законите ги штитат само газдите, а не работничката класа. И промени, реформи, не бива од одма, тоа постепено иде.
За нас, лекот е овој http://www.youtube.com/watch?v=JwfCRAtkYEI
Али ова е нашата иднина иако филмот е за друга држава



Додека чекате закони кои ќе ве штитат вас државата собира моќи веќе 100 години.Денес сме практично робови без синџири.
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Моментално никако не можат да ме задржат да останам овде и нема да останам. Очајна ситуација со невработеност, ужасни услови во администрацијата, бедни плати... Многу ми е тешко што морам да си одам од мојот дом и мојата татковина ама тоа е тоа, животот тука заврши... :notworthy:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
ти изгледа стварно не сфаќаш или пак се правиш дека не разбираш
што доби ТИ од врбите? алооооооооооо
Ќе добијам од твоите станови исто колку што сум добил и од врбите или од кој било друг проект АБСОЛУТНО НИШТО.

Може јас и мојата фамилија да не плаќаме даноци а и ништо да не добиваме за возврат а ти и кој други сакате правете проекти со владата за куќи и станови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom