Сакам дефиниција за Алфа мажјак. Да видам дали се палам на алфа или бета мажјаци. По ваши дефиниции, нормално.

И фрази за собирање на девојки од двата вида на мажјаци.

Па да споредиме кои повеќе палат кај жените.
Алфа значи прв. Алфа мажјак не е мажјакот со име Алфа, туку конструкцијата, парадигмата "Алфа мажјак" во науките за природата се користи за категоризирање, или обележување на "главниот" или на the leader of the pack. Во секој pack, односно во секоја "група" дефинирана како конструкција од единки, една, во даден временски период е најјака. Главна. It's just how nature is. Дали е група на мравки, пчели, мајмуни, лавови, ајкули, орли или луѓе, сосема е небитно, битно еден во групата е главен, и за тој еден, истражувачите (пошо научници ако пишам на шкорпи ќе му експлодира мозокот) од прости практичко-семантички причини во литературата го ословуваат како "алфа".
Значи, кај луѓето, бидејќи пековите или групите/клановите/друштвата се флуктуирачки, оној кој што е алфа во едно друштво може во друго друштво да не биде алфа. Алфа е секогаш еден, по дефиниција, во затворено множество. А кој ќе биде тој еден, Природата тој проблем го решава просто. Со војна.
Кога бикови од две стада или лавови од два пека ќе се "судрат", ако разликата во нивната јачина е очигледна, послабиот веднаш "со почит" ја прифаќа позицијата бета (што, као шо глеаш, кај луѓето, не е случај секогаш). Доколку пак не се знае кој е по јак, дилемата се разрешува со конфлкт односно пресметување со кој природата воспоставува баланс во облик на хиерархија, а не еднаквост, односно вертикала а не хоризонтала (аргументот пораи кој анархистите се глупи).
Значи, сеа знаеш што е Алфа. Коа го знаеш ова, во практиката многу лесно ќе можеш, со ситни обзерваторски напори, да дознаеш и Кој е алфа.
Дали те привлекува? Секако и секогаш. Природата твојот мозок, во име на опстанок на видот, го вржала да препознаваш добро од лошо, ген со висок survival и reproductive value од ген со низок. Од таа причина не те привлекуваат луѓе на кои им опаѓа косата или забите, инвалиди, болни луѓе, премногу слаби или дбели и така натаму.
Се надевам дека сега тоа "привлекува" нема да треба да ти го објаснувам и сама ќе сфатиш дека не значи дека ако некој те привлекува ќе завршиш со него. Тоа е веќе по комплексен процес на кој влијаат многу фактори, во кој јас би сакл да навлезам, ако те интересира, но сега за сега главно е да сфатиш дек тој процес Започнува со Атракција и истата е примарна и есенцијална.
Што се однесува до пик-апот, фразите односно зборовите со кои ќе започнеш разговор воопшто не се битни. Зборовите не се numenon, the thing itself, туку се симболи кои ја креираат асоцијацијата за трансакцијата на идеи which is communication, да се комплетира ефективно. Значи, битен е симболот, а не зборот што во себе го носи симболот. Испраќањето на симболи пак кај човекот во многу мал дел се содржи во зборовите, тежиштето навалува накај говорот на тело. Значи не е битно што ќе ти кажам, туку како и од кој sate of mind доаѓа истото. И затоа што тој сенс кај жената ( која повторно од биолошки причини мора многу по внимателно да бира) е изоштрен в'крај, немоеш да глумиш главен, ако стварно не си главен. Тоа пак е, причината поради која шкорпи го јаде срањето што на алфа мажјакот ќе му остане и го неќе.