Како го разбирате светото тројство?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1 ) Христ - Јас не сум добар туку единиот Бог ....
Ова е лажна изјава на Исус. Исус не вели дека не е добар, туку вели: "Зошто ме нарекуваш добар? Добар е само Бог." Со ова Исус имплицитно му кажал на човекот дека Тој е Бог, бидејќи како што знаеме Исус не направил ниту еден единствен грев. Знаеме дека фарисети, закониците и свештениците го демнееле секој Негов потег за да го уловат како прави некој најситен грев за да можат да го осудат, но и покрај деноноќното демнеење, тие не нашле ниту еден грев кај Него. Штом не направил ниту еден грев, значи бил/е добар. Штом е добар, според Неговата изјава, Тој е Бог.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
1 „Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?” 2 Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал.
3 Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
4 А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.
5 За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.
6 Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
7 Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.
8 Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт.
9 Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.
10 Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.
11 Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.
12 Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Светото тројство го сочинуваат синот, таткото и светиот дух.
Синот е Исус и тој е и човек и бог.
Таткото е татко на Исус и тој никоаш не се појавуе и не се знае неговиот облик, тој се прикажуе како светлина и само се слуша неговиот глас.
Светиот дух се појавува во облик на бел гулаб.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Zosto Isus gi koristi zborovite JAS SUM???
2 Mojseeva Izles 3/14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ, ме испрати при вас.’”
e dobro de , I JAS SUM .. pa so ..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За Природата на Бог (Тројството)



Убеден сум дека човекот не е способен, а најмалку компетентен во целост да ја спознае природата на Бог, и како таков не е способен да даде сеопфатен одговор на прашањето: Каква е природата на Бог?
Со други зборови, колку и да се трудиме, ние не можеме да го сместиме Бог во некоја наша хипотеза, теорија или филозофија. Не можеме да го сведеме Бог во некаков систем на равенки или да го сместиме во епрувета. Обратното верувам е можно, но не и ние Него.
Дефиницијата, математички гледано, претставува ограничување на објектот што го дефинираме од останатата околина. Јасно е дека ние со нашиот ограничен ум не можеме да ограничиме едно безгранично битие како што е Бог. Следствено човекот не може да го дефинира Бог.
Но ако е така, дали тоа значи дека ние не треба ни да се обидеме да дознаеме нешто за Бог? Дали нашиот исконски копнеж за Бог би запрел тука? Не!
Иако ние преку научен метод не можеме да извлечеме многу информации за тоа каков е Бог и каква е Неговата природа (освен тоа дека е совршен дизајнер и плански создател кој со љубов и грижливо го создал светот), сепак Бог благоволил Тој да направи чекор и да ни се објави нам.
Овој начин на откривање на вистината се вика Откровение.
Како христијанин верувам дека Бог ни се објавува во Библијата, каде покрај другите суштински работи, Тој благоволил да ни открие и некои работи за Себе, за Својот карактер и за Својата природа. Барем онолку колку што Тој сметал дека е потребно за нас согласно нашиот умствен капацитет. Сепак верувам дека тоа е доволно за да можеме правилно да комуницираме со Него и правилно да Го обожаваме.
За изненадување на повеќето муслимани овде на форумов, Библијата објавува дека постои само ЕДЕН Бог и дека не постои друг Бог освен Него. Доказ за тоа се следниве стихови од Светото Писмо:
Второзаконие (5 Мојсеева 6:4; Марко 12:29; Римјаните 3:30; 1 Тимотеј 2:5; 1 Коринт 8:4-6 итн.)
Бог е еден, но ни се претставува во множина. (сингуларитет во плуралитет)
Ова ги збунува не само муслиманите, туку и многу млади (во верата) христијани. Одговорот зошто ова не збунува веќе го наведов во воведот погоре.
Уште на првите страници на Библијата, зборот Бог (хебрејскиот збор Елохим) е множина (еднина е Ел или Елоах). На пример:
"На почетокот Бог (Елохим) ги создаде небото и земјата. “ (Битие 1:1)
Интересното тука е тоа што иако зборчето "Бог" е во множина, глаголот "создаде" е во еднина, а не множина "создадоа" како што би очекувале.
Самиот Бог често зборува во прво лице множина. (Битие 1:26; 11:7; Исаија 6:8 итн.).
Но како да го разбереме ова, како може Еден да ни се објавува во множина?
Ако размислиме малку и ако разгледаме наоколу ќе видиме дека тоа и не е толку нелогично и невозможно. Постојат многу творби кои претставуваат еднина од множина, па се чини како Творецот да си ја пресликал оваа особина и врз Своите творби.
Најдобар пример за ова сме ние луѓето. Човекот се состои од дух, душа и тело. Можеби за изненадување на некои, но и човекот е тројство. Што и не е така чудно ако се потсетиме дека човекот е создаден според Божјиот образец. Размисли сега добро: дали во себе гледаш три личности или една?
Телото без дух е мртво. Духот без тело не е човек. Сепак телото не е исто што и духот, ниту пак душата. А сепак сите три заедно сочинуваат не три, туку еден човек.
Друга илустрација можеме да покажеме со јајцето (од кокошка). Тоа се состои од лушпа, белка и жолчка. А сепак немаме три јајца, туку едно јајце.
Ако земеме микроскоп и набљудуваме некој дел од телото ќе видиме дека тоа се состои од милиони живи клетки, од кои секоја е жива сама по себе. Сепак животот на секоја од нив во некоја смисла зависи од телото, од крвта која ги храни. Гледаме како клетките си служат една на друга, како едни органи помагаат други, тие пак трети, едни управуваат, други се управувани. Сепак не станува збор за огромна фабрика на луѓе, туку за само ЕДЕН човек. Колку е тоа чудесно, колку божествено го дизајнирал тоа нашиот Создател.
Бог е Тројство. Татко, Син и Свети Дух. Зборот Тројство е кованица од две зборчиња: Тројца и Единство. Синоними се Троица, Троеден итн. Сепак сите овие ја рефлектираат истата вистина: имено, еден Бог, но во множина од три лица.
Еден од доказите за ова е стихот кој го напиша Миралем: Матеј 28:19.
"..одете и крштевајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух.. “
Интересно е што вика "името" (еднина), а не “имињата”.
Има многу докази во Библијата дека Таткото е Бог, дека Синот е Бог и дека Светиот Дух е Бог. Еве неколку стихови кои го потврдуваат тоа:
Таткото е Бог. 1 Коринт 8:6; Ефес 4:6; Римјаните 1:7 итн
Синот е Бог. Јован 1:1,14,1,20,28,31; Римјаните 9:5; Филипјаните 2:6; Тит 2:13; Евреите 1:8; Откровение 1:17,18 итн.
Светиот Дух е Бог. Дела 5:3,4; 2 Коринт 3:18;
Еве неколку стихови кои ги ставаат во тесна спрега лицата на Тројството:
(Христовиот Дух = Светиот Дух)
"..тие (пророците) испитуваа на кое и на какво време посочување Христовиот Дух, кој беше во нив.. “ 1 Петар 1:11
"..ниедно пророштво во Писмото не е од нечие сопствено толкување, зашто никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога” 2 Петар 1:20,21
(Светиот Дух = Исусовиот Дух)
Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја зашто Светиот Дух им
забрани да го проповедаат словото во Азија. А кога дојдоа спроти
Мисија, се обидоа да отидат во Витанија, но Исусовиот Дух не им дозволи.
Дела 16:6
(Божјиот Дух = Христовиот Дух)
"Но вие не сте телесни, туку духовни, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов. “ Римјаните 8:9
Манифестацијата на Светото Тројство е очигледна и во следниве библиски случки и цитати:
Крштевањето на Исус (Матеј 3:16,17)
Големата заповед на Исус (Матеј 28:19)
Благословот на Петар (2 Коринт 13:14)
Несоомнено, сите божествени атрибути (создавањето на светот, сеприсутноста, семоќноста, сезнајноста, итн.) низ целата Библија им се припишуваат еднакво и на Таткото и на Синот и на Светиот Дух.
Нека Бог ви даде мудрост да го разберете тоа, или пак доволно вера да го прифатите почитувајќи го авторитетот на Светото Писмо.
Простете ако ова беше предолго.
Поздрав!
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Ali Isus imal aftoritet taka sto od tie zborovi Jas Sum Strazarite padnale.
Ke ti preporacam da ides do erusalim i na tie svestenici tamu da im kazes na Evrejski Jas Sum. Ti garantiram nema ni 5 stoti delovi od sekundata da bides ziv.
Da de .. sakaj si gi neprijatelite ... :helou:


Erusalim monks gone wild !!:pos2::pos2:
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302

Но како да го разбереме ова, како може Еден да ни се објавува во множина?
.........
Најдобар пример за ова сме ние луѓето. Човекот се состои од дух, душа и тело. Можеби за изненадување на некои, но и човекот е тројство. Што и не е така чудно ако се потсетиме дека човекот е создаден според Божјиот образец. Размисли сега добро: дали во себе гледаш три личности или една?
Телото без дух е мртво. Духот без тело не е човек. Сепак телото не е исто што и духот, ниту пак душата. А сепак сите три заедно сочинуваат не три, туку еден човек.
...
Бог е Тројство. Татко, Син и Свети Дух
. Зборот Тројство е кованица од две зборчиња: Тројца и Единство. Синоними се Троица, Троеден итн. Сепак сите овие ја рефлектираат истата вистина: имено, еден Бог, но во множина од три лица.

Нели Бог е безграничен, почеток на се и ништо и нема ништо пред него?
Зошто тогаш би се врзал за бројот 3?

Тројството е резултат на ограничувањата и самобендисаноста на човековиот ум. Еден од низата обиди да се убедиме дека сме позначајни од зрно прашина.
 
A

ateist

Гостин
Ова е лажна изјава на Исус. Исус не вели дека не е добар, туку вели: "Зошто ме нарекуваш добар? Добар е само Бог." Со ова Исус имплицитно му кажал на човекот дека Тој е Бог, бидејќи како што знаеме Исус не направил ниту еден единствен грев. Знаеме дека фарисети, закониците и свештениците го демнееле секој Негов потег за да го уловат како прави некој најситен грев за да можат да го осудат, но и покрај деноноќното демнеење, тие не нашле ниту еден грев кај Него. Штом не направил ниту еден грев, значи бил/е добар. Штом е добар, според Неговата изјава, Тој е Бог.
Чорбаџи се читаш ли ти што пишуваш , и го разбираш ли воопшто тоа што го пишуваш ...леба ти ?

Исус не вели дека не е добар, туку вели: "Зошто ме нарекуваш добар? Добар е само Бог." .....ЕПА НЕ ПО ВРАТ ПО ШИЈА СЕ ВЕЛИ

Евреите 5 ред - 5 , 6 , 7 , 8 и 9

Така и Христос не се прослави (докажа ) сам Себеси за да стане Врховен свештеник туку Оној Кој Му рече
Ти си Мојот Син
денес Те родив ....( создадов ВО КОНКРЕТНО ВРЕМЕ НА КОНКРЕТНО МЕСТО.....значи нее како и Бог безпочетен туку отпосле создаден )

ред 7 --- Тој во деновите на својот живот во тело Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи на Оној Кој кој можеше да го спаси од смрт (значи самиот неможел...немал таква моќ да се спаси себеси...не бил севозможен како и Бог)

ЧОРБАЏИ , ЧОРБАЏИ....ВИЕ СТЕ У СТВАРИ СЕКТА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

ДОБРО ДЕ ...ПОЕВТИНА ВАРИЈАНТА....НЕМА ИКОНИ , СВЕЌИ..ДРН ДРН

АМА НАЈЕВТИНА Е АТЕИСТИЧКАТА ЗНАЕШ

СЕ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ И БЕЗ ВАШИТЕ ДРНДУПКИ
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ne .. zatoa go preflija vo vtoriot tim .. ne go bivase u napadot so Alah ..
A vo vrsla so Alah (za islamot zboram) e lazna religija, prepisana od Biblijata od nekolku manijaci sto bi sakale svezo meso (devici), a i baska temelot ne vi cini! Ishmael e nezakonsko dete, na Abraam i Agara.(imame i grd zbor za toa vo jazikot).. pa sea videte i sami...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom