Абе ај жити мене...
Да не сакаш да ми кажеш сеа дека ти само во момент на афект сакаш да ги „снема“ сите хомосексуалци?
Дека само кога си нервозна не ги сакаш?
Можеш да пробаш да ме убедуваш во тоа, ама не верувам дека ќе ме убедиш.
Јасни ми се твоите ставови за хомосексуалноста.
И еве, бев фина да ги прочитам сите твои ставови на темава што дискутираме, и сфатив дека на пример си силно убедена дека болестите како СИДА ја имаат само хомосексуалците или потекнува од нив, и дека е возможно една болест да ги убие сите хомосексуалци..
Пошто нели, болестите убиваат според хомоскесуална определба.
А и приметувам дека те дирна што јас лично те нападнав поради некој твој став искажан во афект.
А замисли да почнам да те напаѓам на пример како изгледаш, се облекуваш, со кого излегуваш, со кого се дружиш, со кого спиеш итн.
Е така им е на хомосексуалците кога ја читаат темава.
Коментари од типот:
се стварно потценувачки и навредувачки.
Ја да бев аут бој на пример, немаше да ми биде убаво.
А од кај птребата да на некој направиш да не му биде убаво ради твоите забелешки?
Сите коментари напишани во афект повредуваат некого, а ти свесно повредуваш друга личност.
Аман, значи.
Верник си, толеранција почни да си градиш за другите луѓе, особено за оние што се различни од тебе.
А и сама си кажа дека тоа се нивни „гревови„, не твои, шо се замараш и не ми е јасно ЗОШТО не сакаш да постојат?
Што ти имаат згрешено лично тебе, па да не ги сакаш?
Зашто знаеш, јас обично мразам луѓе што ме имаат повредено, ме имаат малтретирано физички или психички и сл.
Ама ниеден хомоесксуалец не ми греши ништо со самиот факт дека е хомосексуалец.
И инаку, мајка ми е католик и е голем верник и кога ме воспитувала покажала многу поголема толеранција на оваа тема од сите вас заедно, зашто она верува дека сите сме деца на Бог и дека Бог не сака без разлика какви сме зашто не може некој што не направил да не не сака.
Само може да и се заблагодарам што нема ставови слични на твоите и што ми ја покажала убавината на човекувата различност.
Сега може да се осмелиш да ме наречеш млада за дискусија, детинеста или недозреана и тврдоглава.
веѓа