Какво однесување кај вас предизвикува контра ефект?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кај мене лично контра ефект предизвикува играње игри и калкулации од типот “топло/ладно“. И игрите со “игнорирање“ исто кај мене не поминуваат. Ако некој ме игнорира со цел за да биде забележан и да ми го привлече вниманието за да си играме куче/мачка ќе постигне сосема спротивен ефект. Во такви ситуации, јас си се повлекувам и си продолжувам понатаму. Ако некој има интерес за мене, очекувам истиот да го покаже, а не да си играме сега брканица. Кај мене тие игри секогаш предизвикуваат одбивност и контра ефект.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас не сум психолог, меѓутоа од она што психолози го дискутирале, акако јас сум го разбрал е следново:

Секој човек по природата на нештата има потреба од друг човек до него.
Секој човек по природа е егоист, и затоа повеќе милува да биде сакан отколку да сака.

Доколку таа особина на егоизам во текот на детството до својата 10 та година некаде не е потисната од општите услови на средината во која расте, тогаш како нус продукт најчесто се јавува состојбата љубомора, и не само во љубовта, во подоцнежните години, откако ќе ги осознае клучните работи за квалитетна егзистенција.

Значи не постои скала на љубомората. Постои различен степен на самоконтрола кај единката кај која егоизмот е на енормно високо ниво.
Начинот на кој таа љубомора се изразува во една љубовна врска е оној што ти, јас и многумина го опишуваме тука на форумов.

Дури постојат и размислувања дека може еден добар психолог да влијае врз таквата состојба на една единка.

Уште велат дека егоизмот го имаме сите, начинот на кој се справуваме со него кај повеќето е во нормални граници.

Некако во овој контекст ја објаснуваа љубомората, како директна последица на нескротениот егоизам во раното детство.

Мене некако ми личеше сосема коректно и разбирливо.
Веројатно тука на форумов има психолози кои ќе го корегираат ова излагање или ќе додадат свој став врз напишаново.
Па нема потреба да бидеме психолози , јас мислам дека на темава може да се изјаснат членовите според нивното искуство.За љубомората од лично искуство пишувам и од примери кои ги познавам , како ги согледувам нивните карактери и погрешните потези (како во шахот одстрана се гледааат грешките) . Најверодосојни се информациите кои се базираат на претходно доживеано односно пракса, теоријата е само општ преглед како тоа изгледа (не секогаш е точна).
Се сложувам со напишаново, само требеше да потенцираш дека егоист во врската. Човекот може да биде алтруист према другите но во врската да биде страшно егоцентричен.
Само имај добра мисла и биди позитивен, тоа е правилен пат во животот- викаат моите стари.
Тоа важи и за работата и за љубовта и за залагањата во животот.
Пс. Постот ти е разбирлив и се сложувам со тебе.:)
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Точно, сите машки кои си ги прегрнуваат девојките во јавност го прават тоа за да им укажат дека се нивна сопственост. :tapp:
Ти пак, зошто го сфати ова лично? :) . Овој се потпираше, не прегрнуваше. Верувај, има голема разлика. Е, јас пробав еден експеримент: му ја пикав раката во задниот џеб од фармерките, хаха, и така се шетавме, тој потпрен на мене, јас со пола негов задник в рака ;) По некое време почна да ја губи претходната навика. Изгледа му дојде непријатно - како изедначување на силите.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Ти пак, зошто го сфати ова лично? :) . Овој се потпираше, не прегрнуваше. Верувај, има голема разлика. Е, јас пробав еден експеримент: му ја пикав раката во задниот џеб од фармерките, хаха, и така се шетавме, тој потпрен на мене, јас со пола негов задник в рака ;) По некое време почна да ја губи претходната навика. Изгледа му дојде непријатно - како изедначување на силите.
Го сфатив лично бидејќи и јас го правам истото - ја префрлам раката преку рамото на девојката. Но тоа не го правам за да укажам на ''мојата сопственост''. А ако твојот бивш се потпирал на тебе и тоа ти сметало, тогаш постојат подобри начини да му го посочиш тоа од бутањето на твојата рака во неговиот заден џеб. :) Во секој случај ти успеало, иако си можела да го направиш на полесниот начин - кажувајќи му. Но зашто да биде едноставно кога може да биде комплицирано. ;)

На темата: Многу лош ефект( не би рекол контра ефект) ми предизвикува несигурно однесување од типот ''незнам што сакам''. Врска со таков тип на девојка е невозможен, бидејќи треба да си камелеон и да се преобразуваш постојано во зависност од нејзините променливи очекувања од дечкото. Дополнително, можеш да бидеш откачен без никаква причина( официјалната причина е ''незнам што сакам''), иако цело време напорно сте се обидувале да ја подобрите врската. Овој вид на незрело однесување дефинитивно е најлоша карактеристика и затоа секој кој ќе ја примети кај некоја девојка( или дечко, не е важно) треба да бега што подалеку од неа.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Посесивност од типот - Никој не те сака како ја/ти си само моја и ничија, бла бла. Ама онака, неизджливо повторување на истото. Во контекст на ситуацијата - страв ми е да не ми киднеш. Одма контра ефект ми се дешава и секако ќе киднам. Не сум вреќа компири па да ме поседува, нели.
Друго - неоправдана и неоснована љубомора. Пропратено со контрола.
Прашања од типот - А со кој ќе идеш? А кој ќе биде таму? А овој ти е другар? Ќе има и мажи таму? Ми говорат за нестабилна, несигурна исфрустрирана машка особа која не може да ми верува, си ја чука главата ако имам добар пријател, ако со истиот пијам кафе двапати во месецот и слично.
Нај контра ефект ми прави игнор методот.
Демек, сеа ќе те стаам у ќош и нема да комуницираме. Не знам зошто, ама карактерот мој не ми дозволува пикање работи под тепих, па кога гледам дека партнерот не сака да се соочи со ситуација, не дискутира, не зборува што му пречи - си одам.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Зависи од физичкиот изглед на девојката. Далеку потолерантен сум кон поубави девојки, така да не следам некое универзално правило.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.933
Поени од реакции
8.565
си ја чука главата ако имам добар пријател, ако со истиот пијам кафе двапати во месецот и слично.
Муж пријател? Ако е педер нема да си ја чука главата али ако е хетеро и пиете кафе двајцата тогаш ќе се плеснете кога тогаш...

Прашање е на време!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom