Какво однесување кај вас предизвикува контра ефект?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Незаинтересираност и кренат нос, најлесно можат да ми го скршат филмо.

После сеедно е...
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Кјер...Кирк... Кој?
Капетанот Кирк. Не можам да поднесам некој што повеќе го сака Кирк од Пикард. НЕ ! Никогаш! :ROFLMAO:
--- надополнето: 26 април 2012 во 00:09 ---
Незаинтересираност и кренат нос, најлесно можат да ми го скршат филмо.

После сеедно е...
Да се надоврзам: жеснки што се self-absorbed. Не сум сигурен како е на македонски. Полни со себе? Дигнати?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Е ај иди брани се кога некоја будала ке те грабне да те силува.
Вербално можеш самата да се одбраниш, ама физички... тоа само на филмови го има, кога девојката со 15ка штикла му мава ударци со нога на некој фраер и го усмртува. Добро сега не знам во која категорија спаѓаш ако си тешкаш, тогаш можеби и ке издржиш малку да се одбраниш, ама ако си баш женствена тогаш не се сили, дозволи му на појакиот да те заштити.
Се знае мажот каква улога има, заштитничка, да ги штити луѓето околу него, поготово понежниот пол, баш затоа што е понежен.
Не ми треба заштитнички настроен маж, кој мисли дека е тука за мене да ме заштитува и да ми изиграва татко.
И да, способна сум да се одбранам. Been there, done that.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Се појавуваат од монотоност во врската, од досадија, од ненапредок и недоразбирање. Некои ликови се фрустрираат на својата незаситена фантазија дека неговиот партнер има желба да го изневери.

Нормална љубомора и опсесивна љубомора.... Хмм тука мислам дека нормалната е оправдана а опсесивната е неоправдана, и опсесивната не се појавува со тек на време тоа си е од самиот карактер кај ликот, односно од раѓање.
Јас на сум љубоморен и не ја оправдувам љубомората таа карактеристика има лошо влијание на врската без разлика во колкави количини ја има.
Пс. Ако некој/а сака да те изневери или ти да изневериш, тоа и ќе биде. Залудно е да бидеш љубоморен и да се нервираш себеси.
Околу болдот. Дали таквите ликови може да ги окарактеризираме дека имаат проблеми со расудувањето, или со нивната психа? Дали е тоа повеќе еден вид фобија?

Границата пак меѓу норналната и опсесивната љубомора е тенка и субјективна пред се. Барем тоа е моето мислење.
И како воопшто сме дошле до поимите нормална и опсесивна. Валда љубомора си е љубомора.

Или јас би рекол недоверба си е недоверба. Скептик си е скептик .

Ме интересира повеќе мислење и твои и сечии размислувања тука на форумов, околу писхолошкиот профил на таквите личности.
--- надополнето: 26 април 2012 во 10:47 ---
Не ми треба заштитнички настроен маж, кој мисли дека е тука за мене да ме заштитува и да ми изиграва татко.
И да, способна сум да се одбранам. Been there, done that.
Никој нема да ти изигрува татко, биди сигурна.

Од друга страна секој што искрено те сака, е сосема нормално да биде заштитнички настроен кон тебе.

Никој не вели дека не си способна да сама се одбраниш.

Што у ствари ти подразбираш под заштитнички однос од машкото?

Еве јас ќе ти кажам дек амојата перцепција е пред се заштита на чувствата на мојата сопруга, и обид да не ги повредам истите.
Секако дека физичката заштита се подразбира во крајна нужда и екстремни ситуации:P
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Никој нема да ти изигрува татко, биди сигурна.

Од друга страна секој што искрено те сака, е сосема нормално да биде заштитнички настроен кон тебе.

Никој не вели дека не си способна да сама се одбраниш.

Што у ствари ти подразбираш под заштитнички однос од машкото?

Еве јас ќе ти кажам дек амојата перцепција е пред се заштита на чувствата на мојата сопруга, и обид да не ги повредам истите.
Секако дека физичката заштита се подразбира во крајна нужда и екстремни ситуации:P
Ми изигрувале, и гледам дечковците на мои другарки како се однесуваат.
И ми се превртуваат цревата од невини нежни и незаштитени женки, и заштитнички настроени мажјаци.

Нормално е да бидеш ,,така,, (како ти што кажуваш) заштитнички настроен - односно, да се контролираш себе за да не повредиш друг - но ненормално е да акнеш флаша од глава на некој тип, само затоа што и рекол на жена ти дека е убава. Или зошто ја погледнал.
Или, имам пример, пар во моја близина, колеги се на факултет. При една расправија, девојката се контраше со еден друг колега - и дискусијата беше чисто професионална - дечкото нејзин физички го нападна овој другиот.
Кретенизам на кило.

И да, и кавалерството спаѓа тука. Не сакам никој да ми отвора врата, носи кеси, куфери..... Се можам сама.
 
Добро де, ти сеа екстреми кажуваш, удирање шише и тепачки. Се разбираме на што мислиме.

Интересен став ти е болдот. :P
Навистина ли се можеш сама, и дали е навистина потребно да можеш се сама?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Добро де, ти сеа екстреми кажуваш, удирање шише и тепачки. Се разбираме на што мислиме.

Интересен став ти е болдот. :P
Навистина ли се можеш сама, и дали е навистина потребно да можеш се сама?
Не сакам никој да се грижи за мене - ниту мајка ми. Не можам сама да дигнам маса и да ја преместам, но не ми се потребни ,,учтивости,, како што е кавалерството. Сето тоа можам сама :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Кога од опинци некој ќе облече кондури, па уште брендирани да се...И да дојде да ми продава лекции за морал и памет...Ем шуто, ем боде...!
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Еден краткотраен бивши ми предизвикуваше контраефект со неговата рака префрлена преку моите рамена, обично пред публика - демек ова е моја сопственост; башка што тежеше упм.
Точно, сите машки кои си ги прегрнуваат девојките во јавност го прават тоа за да им укажат дека се нивна сопственост. :tapp:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Околу болдот. Дали таквите ликови може да ги окарактеризираме дека имаат проблеми со расудувањето, или со нивната психа? Дали е тоа повеќе еден вид фобија?

Границата пак меѓу норналната и опсесивната љубомора е тенка и субјективна пред се. Барем тоа е моето мислење.
И како воопшто сме дошле до поимите нормална и опсесивна. Валда љубомора си е љубомора.

Или јас би рекол недоверба си е недоверба. Скептик си е скептик .

Ме интересира повеќе мислење и твои и сечии размислувања тука на форумов, околу писхолошкиот профил на таквите личности.
--- надополнето: 26 април 2012 во 10:47 ---
За опсесивните љубоморни.
Мое мислење е дека тие ликови се многу избувливи во врската, без никакви докази донесуваат заклучоци и го реметат партнерот со неверодостојни информаци, со цел да предизвикаат расправија и надразнување на нервите на истиот. Народски кажано ги лечат свите комплекси и ги заситуваат своите потреби со што се чуствуваат доминантни во врската. Обожаваат некој да плаче по нив или да ги моли од причина што се залажуваат дека партнерот зависи од нив. Најчесто својата љубомора ја искажуваат во подоцнежните стадиуми на врската кога се сигурни дека партнарот ги љуби и дека можат да ги извршат своите "мазохистички" идеи= расправија, упатување навреди, во некои случаи и ќотек. Значи според мене тоа не претставува фобија туку заситување на своите потреби да нанесе штета на партнерот дупла него тој што ја чуствува.
За нормалните љубоморни.
Нормалната љубомора исто така претставува контра ефекти во врската, но во овие случаи мислам дека партнерот кој ја чуствува се труди да пронајде заеднички јазик со предизвикувачот. Односно целта на искажување претставува да се најде споразум во врската и да не се повторуваат работите кои предизвикуваат љубомора. Производ на оваа љубомора е разграничување на слободата на партнерот односно ако е довојката (стил на облекување- не премногу кратки сукни, без ширење познанство, искажување иронија врз особите кои пробуваат да воспостават контакт и слично). Ако девојката чуствува љубомора (забрана за излегување со другарите, помалку конзумирање алкохол освен во нејзино присуство, забрана за користење социјални мрежи и слично).
Со нормална љубомора врската може да продолжи доколку парот си ги разграничат своите слободи, со опсесивна нема начин за продолжување- колку и да си ја разграниче слободата секогаш ќе се најде причина за повторна расправија.

Ми се допаѓа дискусијава, би сакал да го слушнам твојот исказ за оваа поделба на љубомора, односно како ја замислуваш опсесивната а како нормалната.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
58
Ligavost, pravenje fraer bez pokritie, servilen do krajni granici...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Шо бе сега ин е да кажеш дека машко не ти треба за ништо или дека не смее да те прегрне во јавност? А идеш на друга тема и си читаш жалопојки дека немало кавалери. И ај најди НЗС на муабетов.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Претерана љубомора и посесивност или претерана незаинтересираност, кога зборувам сакам да знае да ме слуша.
Неможам да поднесам кога јаде со отворена уста или несвесно ке посегне да си го чепне носот :sick: вакви навики кои најчесто несвесно се практикуваат ме вадат од такт.
Најмногу од се мразам кога партнерот ке ми постави ултиматум како... или "тоа" или јас... понашање у стилот "седи не ме знаеш"... или кога намерно ми прави услуги за после некое време да му се одолжам.
Контра ефект кај мене предизвикуваат и претерани критики посебно ако се наменети за нешта кои ги сакам, како работата, музиката што ја слушам, стилот на облекување и сл.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За опсесивните љубоморни.
Мое мислење е дека тие ликови се многу избувливи во врската, без никакви докази донесуваат заклучоци и го реметат партнерот со неверодостојни информаци, со цел да предизвикаат расправија и надразнување на нервите на истиот. Народски кажано ги лечат свите комплекси и ги заситуваат своите потреби со што се чуствуваат доминантни во врската. Обожаваат некој да плаче по нив или да ги моли од причина што се залажуваат дека партнерот зависи од нив. Најчесто својата љубомора ја искажуваат во подоцнежните стадиуми на врската кога се сигурни дека партнарот ги љуби и дека можат да ги извршат своите "мазохистички" идеи= расправија, упатување навреди, во некои случаи и ќотек. Значи според мене тоа не претставува фобија туку заситување на своите потреби да нанесе штета на партнерот дупла него тој што ја чуствува.
За нормалните љубоморни.
Нормалната љубомора исто така претставува контра ефекти во врската, но во овие случаи мислам дека партнерот кој ја чуствува се труди да пронајде заеднички јазик со предизвикувачот. Односно целта на искажување претставува да се најде споразум во врската и да не се повторуваат работите кои предизвикуваат љубомора. Производ на оваа љубомора е разграничување на слободата на партнерот односно ако е довојката (стил на облекување- не премногу кратки сукни, без ширење познанство, искажување иронија врз особите кои пробуваат да воспостават контакт и слично). Ако девојката чуствува љубомора (забрана за излегување со другарите, помалку конзумирање алкохол освен во нејзино присуство, забрана за користење социјални мрежи и слично).
Со нормална љубомора врската може да продолжи доколку парот си ги разграничат своите слободи, со опсесивна нема начин за продолжување- колку и да си ја разграниче слободата секогаш ќе се најде причина за повторна расправија.

Ми се допаѓа дискусијава, би сакал да го слушнам твојот исказ за оваа поделба на љубомора, односно како ја замислуваш опсесивната а како нормалната.
Јас не сум психолог, меѓутоа од она што психолози го дискутирале, акако јас сум го разбрал е следново:

Секој човек по природата на нештата има потреба од друг човек до него.
Секој човек по природа е егоист, и затоа повеќе милува да биде сакан отколку да сака.

Доколку таа особина на егоизам во текот на детството до својата 10 та година некаде не е потисната од општите услови на средината во која расте, тогаш како нус продукт најчесто се јавува состојбата љубомора, и не само во љубовта, во подоцнежните години, откако ќе ги осознае клучните работи за квалитетна егзистенција.

Значи не постои скала на љубомората. Постои различен степен на самоконтрола кај единката кај која егоизмот е на енормно високо ниво.
Начинот на кој таа љубомора се изразува во една љубовна врска е оној што ти, јас и многумина го опишуваме тука на форумов.

Дури постојат и размислувања дека може еден добар психолог да влијае врз таквата состојба на една единка.

Уште велат дека егоизмот го имаме сите, начинот на кој се справуваме со него кај повеќето е во нормални граници.

Некако во овој контекст ја објаснуваа љубомората, како директна последица на нескротениот егоизам во раното детство.

Мене некако ми личеше сосема коректно и разбирливо.
Веројатно тука на форумов има психолози кои ќе го корегираат ова излагање или ќе додадат свој став врз напишаново.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom