- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 61
Citajki go ova , se zaprashav kakvi se nashite studenti? Kakvo e nivnoto vlijanie, pritisok, poddrshka vo opshtestvenite slucuvanja, vo donesuvanjeto na zakoni pa i nivno ukinuvanje, imaat li prava, moznosti, zelba za vakvi progresivni cekori, kako na primer studentite vo Francija ili pak nishto ne prevzemaat zatoa sto unapred si znaat deka nema koj da gi islusha?:nesum:
<Dnevnik>
МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Студентите ја запалија Франција
Француските жандарми со солзавец и со водени топови ги смируваа студентите, кои се пожестоко протестираат против предложениот закон за работните односи.
Во сцени што прилегаа на големите студентски демонстрации во 1968 година, но и на неодамнешните протести на имигрантите, младите Французи поставуваа барикади околу универзитетот "Сорбона". Во Латинскиот кварт во Париз беа запалени една барикада, еден киоск и еден автомобил, а искршени беа многу прозорци и излози. Кордон жандарми ги подбра демонстрантите и приведе 181 лице.
Студентите излегоа на улици на 7 март. Тие се бунат против новиот закон, за кој велат дека нема механизми за заштита на работните места на младите луѓе. Протестите главно беа мирни. Студентските лидери велат дека низ Франција маршираат меѓу 300.000 и 600.000 студенти и оти со протестите се опфатени 64 од 84-те универзитети низ Франција. Владините претставници велат дека протестираат само 247.500 лица. Големи маршеви имало во Рен, во Бордо и во Марсеј, но најжестоко е околу "Сорбона" во Париз, центарот на студентските протести од 1968 година.
Студентите на барикадите пред "Сорбона" скандирале пароли во кои ги изедначувале жандармите со нацистичките единици СС. Канонадата од камења испровоцирала контранапад од силите за безбедност. Во метежот биле повредени осум полицајци и десетици младинци.
Студентските протести можеби нема да издејствуваат подобар закон, но ја загрозија позицијата на конзервативниот премиер Доминик Вилпен, кој веќе в година планира да се кандидира за претседател. Тој упорно го брани законот и тврди дека ќе ја намали стапката на невработеност кај младите. Националната стапка на невработеност во Франција е 9,6 отсто, што е меѓу највисоките во ЕУ. Но уште пострашен е податокот дека невработеноста кај лицата помлади од 25 години е дури 22,6 отсто. Во некои региони тој процент се приближува и до 40. Токму во тие соседства во ноември беснееја немири.
Анкетите покажуваат дека рејтингот на Вилпен паѓа. Разнишани се и позициите на претседателот Жак Ширак и на министерот за внатрешни работи Никола Саркози.
Уличните протести уриваат и градат влади во Франција. Протестите во 1968 го урнаа претседателот Шарл де Гол. Демонстрантите во 1995 година му пресудија на тогашниот конзервативен премиер Ален Жипе, кој по две години изгуби на избори.
Студентите одбија да разговараат со премиерот Вилпен, кој се труди што побрзо да го протурка законот низ парламентот.
- Отворен сум за дијалог за детали на законот, за да го подобриме. Но не се откажувам од законот, затоа што верувам во неговата ефикасност - вели Вилпен.
Но, тој се соочува со нов, уште поголем проблем. И синдикатите најавија дека ќе им се придружат на студентите, па денеска на улиците се очекува да маршираат барем уште еден милион работници. Другите министри се повлекоа и најавија шестмесечно замрзнување на законот.
- Можеби тоа не е најдоброто решение. Можеби ќе го подобриме, но во секој случај се движиме напред - изјави министерот за финансии Тјери Бретон.