Какви промени се потребни да се избере за живот Македонија ?

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Се мислев доста за наслов на темата бидејќи целта ми беше да се развие дискусијата повеќе кај дијаспората но мислам дека ваков наслов е идеален бидејќи се опфаќат и тие што сме сеуште овде а посебно оние кои размислуваат да ја напуштат Македонија, целта и замислата ми е оваа тема да биде отворена дискусија за тоа какви нешта се потребни да се променат во нашата држава за првично луѓето да останат а потоа и оние кои се надовр да почнат да се враќаат во својот дом.

Со олеснувањето на процедурите за миграција, најмногу со контроверзните бугарски пасоши но и со новата поволна визна политика на некои држави се отвори шанса на многу Македонци да мигрираат ширум Европа во борбата за обезбедување на подобар живот пред се за себе си но и за нивните семејства.

Познато е дека Македонија одсекогаш била миграционо подрачје, сепак последниве 5-10 години се најсериозни и во прашање го доведуваат дури опстојувањето на државата но и на македонскиот народ/нација во целина, со продолжување на ваквиот тренд без силна матица во татковината македонската нација е осудена на биолошка смрт.


Многу држави имаа исти вакви проблеми како Македoнија со силни миграциони движења кои беа предизвикани со нивниот влез во ЕУ но со водење на соодветна национална политика успеаа првично да го намалат тој бран, а потоа и да привлекуваат повратници во својата земја, по што логично се поставува прашањето што е потребно да превземе нашата држава за првично да го намали овој бран а потоа да почне да привлечува и повратници кои ќе се вратат во неа.

Како човек што е решен и целосно се посветил на градење на достоен живот во државата нема како да останам имун на оваа појава која и тоа како влијае врз личниот живот на сите што остануваме овде, посебно па за развој на самата држава е потребна младина која ќе работи и создава а таа се повеќе ја нема.

Какви промени се потребни да направиме ние како народ во целина и тие кои остануваме овде но и тие кои се надвор од државата за да го подобриме квалитетот на живот во Македонија и таа да биде нашиот прв избор за тоа каде би живееле и ќе се развиваме како индивидуи, но и во целина како едно силно и здраво општество во кое ќе биде привилегија да се живее ?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.158
Тешко е македонското опшество да се поправи. На толку идеалисти од минатото, на толку силни и тешки зборови, мисли, песни од нашето минато, жално е што најголемиот дел од народот е крајна спротива на неговите предци. Промената ќе се случи кога ќе почнеме да размислуме прво за својот брат, другари, пак за населбата, за градот, пак потоа за личниот интерест и кога тоа ќе почнат да го прават сите а не поединци. Исто мое мислење е кога ќе се навратиме назад во минатото(не да избегаме од модерниот свет) и на некои моменти кои ги практикувале нашите предци, кога ќе престанеме да работиме едни против други, кога твојата мака и проблем кои ги имаш во Струмица, по било кое прашање ќе биде и моја мака и проблем и ќе барам начин како да ти помогнам а ти ќе сочуствуваш од Струмица со некој Македонец од Челопек а тој пак со Македонец од Вевчани. На некој начин кога ќе бидеме сплотени и разумни, кога ќе сфатиме што е битно во животот или кога ќе сфатиме што се вистински вредности, и како нашите предци успеале да го издржат турското пет вековно робство. Малку е надвор од темата ама ќе сфатиш ти, се додека нема такви промени, не можеме да очекуваме никаков напредок но во економија, образование или правда итн.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Се мислев доста за наслов на темата бидејќи целта ми беше да се развие дискусијата повеќе кај дијаспората но мислам дека ваков наслов е идеален бидејќи се опфаќат и тие што сме сеуште овде а посебно оние кои размислуваат да ја напуштат Македонија, целта и замислата ми е оваа тема да биде отворена дискусија за тоа какви нешта се потребни да се променат во нашата држава за првично луѓето да останат а потоа и оние кои се надовр да почнат да се враќаат во својот дом.

Со олеснувањето на процедурите за миграција, најмногу со контроверзните бугарски пасоши но и со новата поволна визна политика на некои држави се отвори шанса на многу Македонци да мигрираат ширум Европа во борбата за обезбедување на подобар живот пред се за себе си но и за нивните семејства.

Познато е дека Македонија одсекогаш била миграционо подрачје, сепак последниве 5-10 години се најсериозни и во прашање го доведуваат дури опстојувањето на државата но и на македонскиот народ/нација во целина, со продолжување на ваквиот тренд без силна матица во татковината македонската нација е осудена на биолошка смрт.


Многу држави имаа исти вакви проблеми како Македoнија со силни миграциони движења кои беа предизвикани со нивниот влез во ЕУ но со водење на соодветна национална политика успеаа првично да го намалат тој бран, а потоа и да привлекуваат повратници во својата земја, по што логично се поставува прашањето што е потребно да превземе нашата држава за првично да го намали овој бран а потоа да почне да привлечува и повратници кои ќе се вратат во неа.

Како човек што е решен и целосно се посветил на градење на достоен живот во државата нема како да останам имун на оваа појава која и тоа како влијае врз личниот живот на сите што остануваме овде, посебно па за развој на самата држава е потребна младина која ќе работи и создава а таа се повеќе ја нема.

Какви промени се потребни да направиме ние како народ во целина и тие кои остануваме овде но и тие кои се надвор од државата за да го подобриме квалитетот на живот во Македонија и таа да биде нашиот прв избор за тоа каде би живееле и ќе се развиваме како индивидуи, но и во целина како едно силно и здраво општество во кое ќе биде привилегија да се живее ?
Заеби идеали ако си млад гледај да се снајдиш и да му ја збришиш.Македонија или по ново Нордистан е партократија.Или партијата пред се и над се.Не гаи си никавкви илузии.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
Имам јас една тема отворено скоро дека уствари од почетокот на осамостојувањето до ден денешен владеат криминогени структури и фамилии кои без прекин 30+ години ја пљачкаат Македонија па дури се чудам како уште има од кај да цицаат.

Што би се сменило па да ме натера да имам барем ронка надеж:

1. да ни се смени менталитетот на сите. Сите имаат менталитет како нешто да ни е подарено, затоа и ја ругаат земјава. Сме ги слушнеле муабетите дека кога одиме настрана секогаш се понашаме у склоп со тамошните правила, а тука рецимо фрламе и р'каме кај ке ни текне.

2. Кога ближниот свој ќе ти се израдува од цело срце и душа на твојот успех, а оној комшијата или познаникот ако евентуално не те обожава - барем да биде рамнодушен - а не да подмолно да ти прави спрепки или да ти посакува зло.

3. Кога на работа ќе одиш на раат без да се мислиш дали таткото на некојси може со еден збор да се обрати кај твоите газди и да те кикнат од работа само ради едно виски и две пури.

4. Кога ќе отиде детето мое на економски факултет скопје и кога тетките од студентски ке го испоштуваат како нормално живо биче кое оди таму со цел да стане академски граѓанин а не да смислува начини како да им го исправи на тие курвите таму, во зависност дали ги испрцал некој претходниот ден.

5. Кога ќе отидам во било која административна служба и ке завршам работа од прва

6. Кога државата место да те тера да вадиш брдо документи дали куќата ти била стабилна и те тера да изготвуваш елаборати = БЕСПЛАТНО да ти даде соларки за да можеш да ја истераш зимата побезболно - дека секако трошокот што државата го прави за да ги држи овие цени на струјата е еднакво на 100 постотна субвенција за акшуал соларки. Рецимо.

7. Кога двојните аршини ке ги снема, без разлика дали била внука на русковска или далечен братучед на некој си џеват, без разлика на етницитет. Ако се огрешил да одговара.

8. Кога родителите на детето ќе се стремат да го пуштат на факултет да се крши и да учи и да се труди, а не да гледаат да го упикаат у полициска или воена или факинг некоја си академија и цел живот да биде цицач.

И овака можам да редам до утре.. али некако и не ми се губи време на тралала прикаски и илузии...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Заеби идеали ако си млад гледај да се снајдиш и да му ја збришиш.Македонија или по ново Нордистан е партократија.Или партијата пред се и над се.Не гаи си никавкви илузии.
Како прво самата тема ја поставив како цел да се развива дискусија кои промени се потребни за да живееме овде, фала за советот, знам дека овде во моментот е срање но доколку не се трудиш да ги промениш нештата тие нема да се случат, сум ја имал таа среќа или несреќа да читам многу литература напишана од нашите славни ликови во историјата и тогаш размислувањето било абе кој ќе се бори пет века се овде нема да си одат османлиите никогаш, живејте си го животот не се борете залудно, па ете денес живееме во општество ослободено од османлиите, поентата е ако не се трудиш нешто да промениш сам промената нема да ти падне од небо.

Сум имал прилики да киднам од државата, многу понуди но сите сум ги одбил, додуша еднава за Виена морав да имам бугарски пасош па ете таа и да сакав немав како да ја реализирам, поентата е што во животот барем јас не се гледам како скараџија, камионџија или товарач работите кои ги работат нашиве, друго во самата пирамида на успехот во странство никогаш нема да достигнам некое високо ниво според нивните а не нашите мизерни критериуми, трето сум инвестирал во своето образование, сум инвестирал драгоцено време од мојата младост и финансии да завршам факултет и стекнам знаење кое горе ми се множи со 0 и ми е безвредно, посебно што не го знам јазикот и ќе бидам приморан да се гетоизирам со нашиве, да ми биде доживување у живот собир во стан/куќа каде што ќе има скара, ќе дигам пиво и ќе сликаме за фб да се пофалиме на нашиве доле каков убав живот живееме горе, да поминат уште низа години додека се социјализирам во општество во кое знак прашалник е дали некогаш ќе бидам прифатен како еднаков на нив, со што на некој начин секогаш ќе сум аутсајдер.

Како минуваат годините се повеќе имам желба да се развивам и како поединец, сигурно не ми е цел животот да го поминам тапкајќи во место, но од друга страна условите во странство пример мене не ме исполнуваат, не сум во професија каде може да градам кариера, не ми е цел животот да го поминам во стандарниот гастарбајтерски живот на просечен Македонец и најважно од се нема место каде еден човек може најдобро да се реализира од својот дом.


Како и да е за да почнат промените кон подобро во едно општество и држава тоа треба да почне од малиот човек, а за да почне од него овие тематики треба да се дискутираат за да почне да се делува, а пак за такво нешто да се започне нема ништо подобро од форум, токму затоа и ја отворив темата која делува доста утопистички но сепак ако самите ја развиваме како членови со квалитетна дискусија и идеи а пред се и над се реализација на истиве на дело може да се случат доста промени на позитивно во нашето општество кои ќе ни го направат животот поквалитетен за живеење.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Комитите да се живи мислам дека ни они не би војувале ваква војна. Државата е толку трула, што 5 века ропство звучат примамливо во однос на ова сега.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Се мислев доста за наслов на темата бидејќи целта ми беше да се развие дискусијата повеќе кај дијаспората но мислам дека ваков наслов е идеален бидејќи се опфаќат и тие што сме сеуште овде а посебно оние кои размислуваат да ја напуштат Македонија, целта и замислата ми е оваа тема да биде отворена дискусија за тоа какви нешта се потребни да се променат во нашата држава за првично луѓето да останат а потоа и оние кои се надовр да почнат да се враќаат во својот дом.

Со олеснувањето на процедурите за миграција, најмногу со контроверзните бугарски пасоши но и со новата поволна визна политика на некои држави се отвори шанса на многу Македонци да мигрираат ширум Европа во борбата за обезбедување на подобар живот пред се за себе си но и за нивните семејства.

Познато е дека Македонија одсекогаш била миграционо подрачје, сепак последниве 5-10 години се најсериозни и во прашање го доведуваат дури опстојувањето на државата но и на македонскиот народ/нација во целина, со продолжување на ваквиот тренд без силна матица во татковината македонската нација е осудена на биолошка смрт.


Многу држави имаа исти вакви проблеми како Македoнија со силни миграциони движења кои беа предизвикани со нивниот влез во ЕУ но со водење на соодветна национална политика успеаа првично да го намалат тој бран, а потоа и да привлекуваат повратници во својата земја, по што логично се поставува прашањето што е потребно да превземе нашата држава за првично да го намали овој бран а потоа да почне да привлечува и повратници кои ќе се вратат во неа.

Како човек што е решен и целосно се посветил на градење на достоен живот во државата нема како да останам имун на оваа појава која и тоа како влијае врз личниот живот на сите што остануваме овде, посебно па за развој на самата држава е потребна младина која ќе работи и создава а таа се повеќе ја нема.

Какви промени се потребни да направиме ние како народ во целина и тие кои остануваме овде но и тие кои се надвор од државата за да го подобриме квалитетот на живот во Македонија и таа да биде нашиот прв избор за тоа каде би живееле и ќе се развиваме како индивидуи, но и во целина како едно силно и здраво општество во кое ќе биде привилегија да се живее ?
Samo protektorat e resenie za ovaa drzava, drugo nesto ne postoi sto ova metastazirano korumpirano i kriminalno naselenie moze da sozdade zdravo normalno opstestvo.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Промени не се случуваат преку ноќ, исто како што преку ноќ не се менува мајндсетот на народот, што е суштина на проблемот. Петстотини години турско по се изгледа дека го менуваат генот. Триесет години независност исто. Се е процес. Треба план, национална стратегија, насочување на ресурсите кон точките кои што генерираат развој. Образованието е императив. Државите кои што издвојуваат поголем процент од своето БДП во образованието имаат повисоки стапки на општествен раст и развој по сите основи. Инвестиции во инфраструктурата, стимулирање на ИТ секторот...
Има многу начини, многу правци, само се нема воља и пред се човечки ресурси на вистински позиции со идеја и капацитет за да го спроведат тоа.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Никакви промени нема да дојдат внатре од Фиромјанинот. Не познавам наорд толку обземен од простотилук, себичност и вкоренета селска злоба. Кога на ова ќе се додаде непостоечката државотворна историја и непостоечко чувство за општествена одговорност, се доаѓа до убиствена комбинација.

Во некое SF сценарио решението веројатно би било армија неврохирурзи кои би лоботомирале Фиромјани... :icon_lol:

Во реалноста, распад е едно решение. Знам дека тешко ви паѓа на повеќето, ама поставете си прашања од типот што добро му донела оваа ругоба од држава на овој народ освен јад и страдање и екстремно богатење на тесен круг луѓе.

Друго решение е некој странски камшикар со целосна контрола врз сите процеси. Ова второво е остварливо и некако му прилега на Фиромјанинот кој по природа е крајно субмисивен...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Како почнало темата ќе биде само за менталитетот на Македонецот, нешто за кое горе-доле сите се согласуваме дека тие се основните црти на нашиот народ, но мене целта за дискусија ми е друга па ете некако да ја насочам во тој правец.

За да дојде до промени во менталитетот и функционирањето на општеството првите промени треба да дојдат од најосновното ниво а тоа е локалната власт, формирање на локални инцијативи кои ќе вршат постојан притисок врз својата локална власт, да се среди хигиената, еколошки акции, да се закрпат дупките по улиците а не возењето во град да ни биде ко да учествуваме на релито Дакар, да им се скратат трошоците за луксуз на градоначалниците, повеќе зеленила, спортски објекти, чисти шахти, повеќе акции од самите граѓани со кои тие самите ќе го подобрат своето живеење во своето населено место.
Имаме некој напредок во тоа поле но сме сеуште светлосни години назад од тоа какви треба да бидеме во оваа сфера.

Друго на пример е донесување на законска регулатива со која секоја компанија ќе биде обврзана 10% од својот профит да го инвестира во културата и спортот, посебно во младинскиот спорт и развивање на таленти, да се овозможат повеќе културни манифестации, концерти низ текот на годината а да не сме со два-три обиди од фестивали, посебно да се врати клупскиот спорт кај нас, пред се кошарката, ракометот, фудбалот, спортските успеси и на локално но и државно ниво и тоа како ја билдат самодовербата кај поединецот како дел од колективот, најдобар пример ни е фудбалот и победите над Германија и Италија.

Еве тоа е кратки црти за пример како би било пожелно да се водат дискусииве на темата, барем се надевам такви да бидат :D:D.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.743
Јас се мислев да се вратам, понекогаш пак се мислам, да не го читав форумов може и ќе се вратев, кога читам што пишувате, која негативна енергија ја има, ми се одмилува. И ваму има ликови што го прават истото, ќе го сретнеш и само тоа, негативното, плукање по самиот себе, својот род и све останато ама ваму еднаш ќе го сретнам и ако ми прави таков муабет, го бришам од мојот живот, не ми треба да ми го еба денот.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Чистиш од твојот двор.

Кога ќе дојдат избори му се обраќаш на вујко ти/зетот за сестра/братот/швалерката... вработени како паразити во јавна администрација од сдсмне.

-Каде бе?
-На гласање.
-На сево ова што се случува ќе одиш да ги гласаш?
-Ама знаеш, морам, пишан сум на список, ќе ме избркаат, од штаб ни стигна СМС...

Тука се збирате останатите од фамилијата и му кршите нога, пошто ради него, а не ради гвујо, муртињо и таче ќурка сте на ова дереџе.

Ама не бива, си ги жалите оти се ваши. И после се чудите како на продадено име заев пак победува, или како гвујо пак освои мнозинство во 2015-та после сите афери и кога со братучед му направија приватна полициска држава.

Епа не бива и кур у гз и асална држава.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
прво треба свеста и самосвеста индивидуално да проработи дека не се потребни сите лажни луксузи да ги има човек(автомобил од 2005та ги има сите удобности да се завршат потребите, велосипедот не мора да биде од не знам какви карбонски влакна, не е потребна куќа од 500 квадрати да ви завидат комшиите итн итн),второ да проработи колективната самосвест дека нема вечен живот и дека треба сите да си помагаат еден со друг додека се живи

дури сите трчаат профит да прават(успешно или неуспешно), губат Се друго
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
Нема саглам држава без жртва. На кој не му држи газот нека бега, тие што ќе останат ќе оправаат. Интелектуалци и работна сила имаме на претек и сите треба да бидат насочени на една цел. Шутирање на отпадот од македонското општество.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom