- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.162
- Поени од реакции
- 27.503
Зошто би останал, што ми дава Македонија за да останам? За да робувам цел живот и да полнам нечиј џеб? За да бидам малтретиран кај стигнам? За кога ќе го кажам мојот став за некои проблеми луѓето до мене да ме нарекуваат хулиган и бараба затоа што не сакав Талат да биде министер? За сега истите тие, да ми пишуваат твитер досетки и да бараат некакви промени?Eпа да сте биле толку способни како што тврдите дека сте ќе сте не управиле нас неписмените овде, а не да сте бегале во систем во кој се вие надробено (ако веќе одиме на такви ниски удари).
Не живееме во турско за војни да се војуваат сега по вакви прашања, а очигледно треба. Разликата е што во тоа време имало истомисленици, денес братот ќе те предаде за канта сирење.
Сум бил спремен за државата многу да дадам, и секаде каде што требало сум бил. И казни сум плаќал за тоа, и по полиција ме малтретирале ама не сум се жалел. Ама сега луѓе да бараат идеи и промени, истите тие што пиеја кафиња на плоштад дур се решаваше иднината на државата, епа нема да може. Горд Македонец сум, ама никогаш ништо не сакам со таа држава веќе.
А, тоа што сме избегале од Македонија, не е од куроболие, едноставно доаѓа период во животот кај што сфаќаш дека веќе нема иднина, и си ја бараш среќата надвор. Ако ти сметаш дека има иднина и ќе се оправи, слободно остани и бори се, камо среќа да имаше повеќе ко тебе. Ама луѓето сфатија дека нема потреба да си го уништуваат животот, кога може многу лесно да просперираат доколку им работи мозокот.
Да им се серам на сите со бугарски пасош и на тие што со прст не мрдаа на клучните прашања, а сега глумат патриотизам и бараат решенија за спас на државата.