Каква спортска опрема користите за тренинг?

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
По некоја логика снајдов место тука да ја ставам, бидејки во фудбалот се користат копачки па нема смисла во Мода и Убавина и тука.

Поентата ми е, какви патики носите на тренинг дали ви е добро со тие, или па кажете какви сакате да имате за тренинг и дали ви е добро може право и цена да ставите не е проблем :)

И слика ве молам.:wink:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ако отвораме тема за кој дел од опремата се користи при секој спорт, подфорумов ќе стане прчвара. Еве на пример, во мојот спорт не се користат патики.:toe:
Ќе ја преименувам темава во "Каква спортска опрема користите", па може да си пишете и каква опрема и посакувате.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
За на тренинг исти вакви само бели:

Цена: Кога ѓи земав беа 3200 пред 4 месеца.

За утакмица вакви само без каранпони.(патики не копачки)

Цена: 4300 и уште се толку. Низ Велес барав ама немаше црни и дури до Ск. бев :icon_lol:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312



Не сум спрортист ама колку шо сум запознаен,овај модел на патики за ракомет се најдобри.Ако е некој понавлезен во проблематикава нека ме поправи :smir:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Ако отвораме тема за кој дел од опремата се користи при секој спорт, подфорумов ќе стане прчвара. Еве на пример, во мојот спорт не се користат патики.:toe:
Ќе ја преименувам темава во "Каква спортска опрема користите", па може да си пишете и каква опрема и посакувате.
Добро може и вака.



За мене нема подобри од овие:



Сега ке ги користам на црна боја(нормално) не можев да најдам други, ама паткиве ми се најлежени за тренинг посебно за мене како голман многу ги сакам лесни се и ми лежат, цена незнам но оваа недела вакви зимам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Најпрво, да си ја претставам опремата за тренинг, од марката Speedo, иако понекогаш знам да си купам нешто и од Arena или од TYR. На тренинг носам едноделни купачи, отпорни на хлор, со помалку ликра затоа што ако земам од "нормалните", за месец дена ќе ми се распаднат од хлорот во базен.
Еве отприлика како изгледаат:


Потоа капа и наочари не гледам некоја разлика од тие што ги носам на тренинг и од тие што ги носам на натпревар, единствено можеби бојата е во прашање кај капата, а кај наочарите и дизајнот малку. За тренинг носам црно капче, а наочари со оглед на фактот дека пливам во слабо осветлен базен, најчесто проѕирни, овие ми се омилени:

Ги менувам црни и проѕирни, како кога.

Пераи:

Ама црни со бело:)

Лопатки:

Наместо темносино, со сиво се:)

И отпорник кој дојде во пакет со лопатките:


Како и даска за потпирање на рацете, кога ги вежбам само нозете:


Натпревар

Е за натпревар приказната е друга.Морам да изгледам достојно, поготово ако имам репрезентативен натпревар. Ги имам двата костима, и тој на Иан Торп (Jetconcept) и LZR Racer кој го имам од април некаде годинава. Иако Рејсерот е понов модел, уште го користам и Jetconcept, затоа што е навистина одлично изработен, во пределот кај ребрата и половината има залистоци кои не дозволуваат водата да оди на грбот, туку по страните на телото.
Jetconcept


LZR Racer


Капа користам црна, стандардна, само што таа за натпревари го има моето презиме и македонското знаме. Наочарите се слични како тие за тренинг, иако некогаш за спринтови го користам и Swedish моделот, кој нема гумички на краевите од рамките на очилата, туку кожата се лепи директно на пластиката, што ги прави овие очила повеќе за спринтови, затоа што ако бидат носени подолго време, ќе направат многу големи модрици на очите :)

Swedish



И, сега за сега, делот од опремата кој едвај го чекав да излезе во комерцијална продажба:

Speedo Aquabeat



Со ова чудо може да се слуша музика под вода, така да ќе ми се најде за маратони колку толку да ми го одвлече вниманието од болката на мускулите, или па за некој подолг тренинг. Го нарачав од страницата на Спидо, едвај чекам да ми стигне:vozbud:. Вакво, ама црно со бело, не жолто.


Лесно е за вашите спортови што опремата ја имате во доста продавници низ земјава, а мојата опрема или ја нема, или па тука е премногу скапа. За истите пари што го купив LZR Racer, во една наша продавница за спортска опрема ми бараа толку за еден глуп синтетички костим кој не може ни да му припари на овој. Така да, најчесто купувам од странство кога одам на натпревари или па од нет(тоа поретко).
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
За тренинг користам лесна облека и топ патичиња(неможам да најдам слика).
Сега за сега ме служат добро па не мислам ништо да менувам.Можеби понатаму.
:salut:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498



Не сум спрортист ама колку шо сум запознаен,овај модел на патики за ракомет се најдобри.Ако е некој понавлезен во проблематикава нека ме поправи :smir:
Овие патики и за секојдневна употреба се многу добри. Година дена носам како плавите, се искинаа веќе ама уште ги носам. Планирам пак да си купам ама некако ме мрзи да барам.
Знае ли некој низ Скопје каде има вакви патики? Каква било комбинација на бои нека се, не мора сина со бело. :)
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Овие патики и за секојдневна употреба се многу добри. Година дена носам како плавите, се искинаа веќе ама уште ги носам. Планирам пак да си купам ама некако ме мрзи да барам.
Знае ли некој низ Скопје каде има вакви патики? Каква било комбинација на бои нека се, не мора сина со бело. :)
Мислам дека имаш у Беверли на приземје, спроти Конверс има една продавница Спорт М мислам дека се вика , а башка сеа би требало да имаат попуст и можеш поевтино да поминеш...
Имаат доста широк избор а мислам дека и вакви приметив кога бев последниот пат...
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Копачки за тренинг:
Nike Air Legend II


Adidas f10


За натпревари: Adidas f50:back:
Карпоните се менуваат кога сакаш се прават со железни,со пластични и so
силиконски карпони :)



Како облека зависи од времето шорц или тренерки и блуза или маичка. :toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А што е разликата какви крампони ставаш? Во зависност од подлогата каква е или колку го мрзиш противникот? :)
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
А што е разликата какви крампони ставаш? Во зависност од подлогата каква е или колку го мрзиш противникот? :)
Зависи од "подлогата" т.е теренот на кој играш. За дождливо време т.е калливо препорачливо е железни. За нормален убав терен пластични или силиконски.Your Choice.
Додека за терените кои се т.н "nниви" подобро е со пластични.

За противникот ако го мразиш можеш да му направиш белја и со обични :)
 

mysterio_lady

NBA Where Amazing Happens
Член од
12 март 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Пааа нормал...за тренинг дресот (лејкерси најчесто):) и патикии:)...и кошот и топката хаха:smir:
 
П

Паган-др

Гостин
Li-Ling патики со многу мали крампони. Барав низ Скопјево некои што повеќе ке ми одговараат за безбол али тешко.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.581
Поени од реакции
6.299
За на тренинг исти вакви само бели:

Цена: Кога ѓи земав беа 3200 пред 4 месеца.

За утакмица вакви само без каранпони.(патики не копачки)

Цена: 4300 и уште се толку. Низ Велес барав ама немаше црни и дури до Ск. бев :icon_lol:
овие наикот се многу јаки!има исти еден другар од грција ги купи тој(патки се не копачки) инаку ги купи 3 и нешто!јас користам копачки адидас+ф10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom