немој од смешко...што и да правиш немој од таму. Другар мој зема од таму...едвај дочека да му стигне другиот бас што го порача. Крив врат, никаква електроника и тапа штимери. Недела дена беше басот кај мене да го средувам. Успеав се да средам ама вратот не се исправуваше...плус штрафот внатре многу рѓосан, па и грешна големина на тоа клучот му дале.
Е сеа си зема од Ibanez GSR 200 мислам дека беше и Marshall MB-30. Басот е одличен, кај нас мислам дека Ибанез можеш во Артист да најдеш. Појачалото не е нешто посебно...бааѓи гласно е, што од него што ради активниот бас. Друг модел што можеш да побараш е ESP - B50 во Цики у ГТЦ или некој Squier. Ако зимаш Squier имај на ум да биде или Affinity или Standard серија. Сите овие се преку 250 евра, арно ама натака нема да ти треба да земаш нов бас доколку сакаш да добиеш нешто подобро, само мењаш магнети и електроника и во краен случај штимери (во зависност од тоа како држат штим првичните).
Ова ипак ти е зборење у празно зашто побитно ти е појачало добро да имаш (не е баш интересно да треба да купиш 2 појачала у период од година/две). Кај нас баш и немаш од ништо посебно избор. Behringer (во Артист ги има) се добри ради јаката заштита што ја имаат па луѓе викаат дека тешко цркаат...арно ама ептен се безвезе коа станува збор за тон. Исто можеш и Fender Rumble (во Мими) али дефинитивно најдобро би ти било Roland Cube ама тој па е ептен скап за почетник.
ПС: Знам забегав од тема...ама може ќе му се најде на некој.