Казни и за работниците на црно

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
СПОРЕД ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Ако работиш на црно, сам си плаќаш казна 200 евра
Освен казни за работодавците што држат непријавени работници, сега казни ќе има и за самите работници. Во измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои се во собраниска процедура, се предвидува работниците што работат на диво да бидат казнети со глоба од 200 евра, ако инспектор ги затече да работат.
азните ќе им бидат изречени на самото место, а работниците ќе мора да платат, без можност за жалба.
Повеќе во печатеното и во електронското издание на Вест.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Има друга опција..ручек за инспекторите.. поевтино ќе те фати,освен ако не понесат од ручекот и за дома..и тоа има,сум слушнал.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ај еден ден ќе си носат сами јажиња на плоштад кој нема 200 евра ќе му продадеме едно.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Има друга опција..ручек за инспекторите.. поевтино ќе те фати,освен ако не понесат од ручекот и за дома..и тоа има,сум слушнал.
Има и опција шише пивско да се скрши од глава тврда инспекторска :icon_lol:.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
И после 6 месеци на Сител ќе иде : Со 203 чекори конечно невработеноста падна под 30%.

Ако не успее ова , ќе почнат да бараат да се пријавиме кога переме теписи , правиме ајвар , миеме прозори и садови по дома.
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Очекував нешто вакво да направат.... Ако не можеш по коњот удри по самарот... луѓето немаат опција, мора да работат на црно, никој не сака но што да се прави... наместо да ги штитат работниците (како послаба страна) тие ги штитат газдите... дури и ризикот не е правилно дистрибуиран во мк.... Според мене правилно би било да засилат инспекции, да не трчаат одма со казни, да даваат опомени, совети, и да прават контроли почесто во текот на една цела година... па после тоа можат и со казни да почнат
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
LooL
Lično poznavam eden koj sto na crno raboti vo pošta,i edno devojče na crno što raboti vo smetkovodstvo vo jp vodovod i kanalizacija. Znači državni institucii,pa tamu rabota na crno,a na narodov pamet ke mu solat?
:tapp:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Како што кажа Dardan-ia уште малку не ќе може ни кондури да си исчистите сами...ќе мора да викнете овластен владин чистач на кондури....а и за сопругата ќе мора да платите овластен владин е*бач бидејќи немате соодветна лиценца

Ова е чиста глупост...наместо инспекциите да ги казнуваат работодавците кои користат нелегална работна сила....тие ги казнуваат најзагрозените категории

земете еден обичен пример....човек кој издржува семејство со малолетни деца....оди од фирма до фирма и бара било каква работа...но никој не му дава работа...и во една фирма газдата му вика..ок...ќе те вработам ама ќе те осигурам по 6 месеци....дали овој човек треба да каже НЕ....и да продолжи од фирма до фирма....додека неговото семејство гладува...ЕВН и Водовод праќаат извршители и слично?

Државата треба прво да створи услови...второ да ги стегне инспекторите и да организира внатрешна контрола...па доколку некој инспектор некому прогледа низ прсти...да добие отказ и веќе никогаш да несмее даработи во јавна служба...да се зголемат казните за работодавачите кои вработуваат на црно...доколку инспекторот затекне лице вработено на црно....работодавачот да биде принуден да го пријави вработениот без можност за отказ во наредните 2 години и да му исплаќа за 150% поголема плата од предвидената....

...а вака е најлесно....удри по оној кој е најмалку виновен....ниту еден човек не би работел на црно доколку најде легална работа

РИБАТА СМРДИ ОД ГЛАВАТА НО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЧИСТИ ОД ОПАШКАТА
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
1. Мислам дека идејата им е вработените да бидат мотивирани да ги пријавуваат менаџерите дека работат на црно. До сега тоа не го правеа.
2. Ова е и вистинската причина. Всушност најголем дел од тие што работат на црно се сами свои газди. Има тон мајстори, домашни помошнички итн што работат на црно.
3. Плус има многу што сами бараат да работат на црно иако газдата сака да ги пријави се само за да земаат социјална помош и други бенефити.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
1. Мислам дека идејата им е вработените да бидат мотивирани да ги пријавуваат менаџерите дека работат на црно. До сега тоа не го правеа.
2. Ова е и вистинската причина. Всушност најголем дел од тие што работат на црно се сами свои газди. Има тон мајстори, домашни помошнички итн што работат на црно.
3. Плус има многу што сами бараат да работат на црно иако газдата сака да ги пријави се само за да земаат социјална помош и други бенефити.
1. Ако го пријави, ќе ја изгуби работата и потешко ќе најде друга.
2. Самите сигурно нема да се пријават.
3. Пак нема да го пријават вработувачот, сигурно нема да земат екстра пари со тоа што ќе останатна улица.
Единствено пријавување за нечиј инат може да биде или да се обезбеди некоја "поволност".
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
LooL
Lično poznavam eden koj sto na crno raboti vo pošta,i edno devojče na crno što raboti vo smetkovodstvo vo jp vodovod i kanalizacija. Znači državni institucii,pa tamu rabota na crno,a na narodov pamet ke mu solat?
:tapp:
Kaжи ми име и презиме сакам да ги уценувам или ќе ми платат 150 евра или ќе ги пријавам во трудова и ќе платат 200 евра :D Со овој нов член може да правиш бизнис уценувајќи работници на црно.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Kaжи ми име и презиме сакам да ги уценувам или ќе ми платат 150 евра или ќе ги пријавам во трудова и ќе платат 200 евра :D Со овој нов член може да правиш бизнис уценувајќи работници на црно.
Време е за бизнис план. (y)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Барем 50% ако ги казнат, ќе си се снајдат за финансирање на кампањата за следните локални.

Со оваа кампања филмот им е да ни покажат дека лошо е воопшто да работиш?Оти ако работиш нормално, минимум пола плата ќе ти ја земат во сметки и другата пола ако имаш среќа ќе ја користиш 2 недели, ако немаш ќе те казнат за лошо паркирање поради немање воопшто паркинг.Или ако не му е денот на инспекторот.
Од друга страна, ако работиш на диво, ќе те казнат зошто воопшто си работел.Ако ги пријавиш, ќе останиш без работа.
Значи, конечно ни кажаа дека работење за нормален живот кај нас е невозможно.Крадете луѓе и крадете со стил, учете од тие главните!
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ова беше дел од поголема вест:
Економија

Кога нема работни места, удри по невработените

Владата предлага закон со кој на невработените подолго од две години може да им се понуди каква било работа, без разлика на образованието.
Според предлогот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што е во собраниска процедура, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година.

Или во превод, ако сте магистер или доктор на науки и ви речат да одите да таксирате, чистите или да правите хамбургери, морате да прифатите. Квалификацијата не ви вреди ни 5 пари :facepalm:

Цел текст:
http://www.makdenes.org/content/article/24620000.html
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Или во превод, ако сте магистер или доктор на науки и ви речат да одите да таксирате, чистите или да правите хамбургери, морате да прифатите. Квалификацијата не ви вреди ни 5 пари :facepalm:

Цел текст:
http://www.makdenes.org/content/article/24620000.html
Шо би рекол Ц. тие не можат толку многу да ме платат колку што би можел да сработам :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Или во превод доколку си присилен да работиш нешто можеш уште одма првата ден да добиеш отказ, се разбира газдата ќе ти даде отказ ти нема да се откажеш и си со чисто алиби :icon_lol:.
Е сега зошто би ти дал отказ, па нема да работиш ќе му правиш саботажи и готово :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom