Казна за сообраќаен прекршок во Грција

C

cige

Гостин
Прави профили по Српски, Унгарски, Австриски, Романски, Чешки, Германски форуми, споделувај ја сликата, објаснувај колку е строга полицијата во Грција, шири антипропаганда за патување во Грција.
 
C

cige

Гостин
Некој го фатиле со шверц на домати, краставици, пинџури?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Некој го фатиле со шверц на домати, краставици, пинџури?
не сум чул, но шоферот што дојде во сабота да не враќа со автобус кажуваше прикаски дека морал да му даде на грчкиот цариник 5евра за кафе да не праи претрес на багажот... а пази, турата беше за хотелско сместување со полупансион шведска маса :cool:
...јас понесов 2 пакетчиња грчки крекери и 10 грчки чоколади јон, ама пола ги вратив, нема кога да јадеш, башка топло беше.. а си купував таму води и јогурти, имаше фрижидер во собата..
б.т.в., истите грчки чоколади тука се 50% од таму во дисконт, за обичен маркет да не зборувам, но мислам дека гркот не смее да ги гиба чесите и другите од ЕУ, може да се сили само на нас и србите... друго е транспорт на големи количини на рана или било каква роба, тоа е забрането и внатре во било која држава, само службено возило смее да пренесува..
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Од еден викенд во Грција, стана експерт за меѓународна трговија по чоколади и други стоки од грчките дисконти. Тоа е изгледа потенцијалот за кој се фали владеачката гарнитура. :icon_lol::icon_lol:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Некој го фатиле со шверц на домати, краставици, пинџури?
Никој не те гледа нити пак те претресува , јас се бунев за налепницата полицајката крена рамена , вика што да правиме и ние ?
Инаку тоа со патлиџаните е патриотски гаф кој го читам одамна . А и што да носиш , овде се 50 центи кило , лубеница од 4-5 кила 150 денари ....
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
Јас штотуку денес се спасив од една казна-се враќав од Грција и успат паркирав(т.е. бевме две коли) пред еден хотел и сме му го попречиле влезот(малку беше тесно,ама...) .Кога се вратив газдата урлаше, и му реков дека на 3-4 минути сум паркирал за да купам гиро за попат. Една македонка ме спаси кога рече бегајте, овој викна полиција:facepalm:.

на излез на граница за среќа не ни рекоа ништо(вероватно не биле алармирани полициските станици):kuracc:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Јас штотуку денес се спасив од една казна-се враќав од Грција и успат паркирав(т.е. бевме две коли) пред еден хотел и сме му го попречиле влезот(малку беше тесно,ама...) .Кога се вратив газдата урлаше, и му реков дека на 3-4 минути сум паркирал за да купам гиро за попат. Една македонка ме спаси кога рече бегајте, овој викна полиција:facepalm:.

на излез на граница за среќа не ни рекоа ништо(вероватно не биле алармирани полициските станици):kuracc:
У бре па ти што значење му даваш на викање полиција . Викнал да му се мавнеш од пред врата , си отишол никому ништо . Немаат они попаметна работа ќе организираат потера за погрешно паркирање :pos: .А уопште денеска на граница гркот не ни гледаше кој излегува само мафташе со рака !
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.756
Од кај знам што све им накажал на полицајците.....беше бесен ко рис, не си ни разговараше со него
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Законски ограничувања при патување во Грција
Сподели со пријателите:
Испринтај:


Кога патувате во Грција за вас важат грчките закони кои мора да ги почитувате. Казните за прекршување на законите се доста високи, па покрај паричните казни можете да завршите и во затвор. Следат дел од правилата и законите на кои треба да внимавате при посета на нашиот јужен сосед.


Непристојно однесување на јавни места не се толерира. Полицијата може да ве уапси, а судот да донесе висока парична казна, дури и во некои случаи затворска казна.

Употребата и поседување на било какви дроги, вклучувајќи и класа Ц дроги, може да резултира со долга затворска казна и висока парична казна.

Доколку сте со план да најдете работа во некој од баровите или ноќните клубови во Грција, задолжително е да имате лекарско уверение издадено од локалните власти. Доколку немате такво уверение следуваат високи казни.

Задолжително побарајте и земете сметка за се што купувате и за сите услуги што ги добивате. Внимавајте посебно на пиратерија – можете да завршите во затвор.



Транспорт

Зборувањето на мобилен телефон додека управувате возило во Грција е забрането; Полицијата може да ја провери листата на повици при истражување на сообраќајни несреќи.

Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Секоја општина има свои рестрикции и висина на казни, па тие се движат од 250 до 2000 евра, одземање на возачката дозвола па дури и казна затвор. Дозволеното ниво на алкохол во крвта е значително помало во споредба со кај нас, па дозволено е максимум 0,25 промили. За нови возачи (помалку од 2 години искуство), возачи на мотор/мопед и професионални возачи (возачи на такси, автобуси), дозволено е 0.10 промили алкохол во крвта. Полицијата може да ве застане во било кој момент и да изврши контрола.

Малите фирми што издаваат скутери и помали моторни возила, обично не ги осигуруваат нивните возила, па луѓето што ќе ги изнајмат се одговорни за штетите, па затоа е препорачливо добро да ги разгледате, по можност да ги сликате пред изнајмување. Бидете посебно внимателни доколку возите мотор – законот во Грција наложува носење на кацига.



Купување артефакти и дребулии

Грчките царински органи имаат строги прописи за извоз на антиквитети од Грција, вклучувајќи карпи од археолошките локалитети. Казните се движат од големи парични казни до затворска казна. Најголем дел од продавниците се внимателни при идентификување на нивните предмети за законски репродукции.

Не купувајте дребулии од продавачите на плажа – глоби и до 300 евра за купувачот. Станува збор за акција на грчката полиција против сивата економија, а посебно против продавачите од Африка. Стопанската комора на Пиреја и Здружението на хотелиерите на почетокот на сезоната обично делат флаери на туристите на седум јазици на која пишува: „Должни сме да ве информираме дека илегалното купување е противзаконско. Купувачите за тоа дело ќе бидат виновни и гонети и парично казнувани“.



Забрана за фотографирање

Владата на Грција забрани фотографирање на воени објекти; доколку не ја почитувате забраната може да ве уапсат.



Забрана за пушење

Според новиот закон што го воведе Грција, пушењето е забрането во јавни простории и е многу сличен на нашиот во Македонија. Глобите се движат до 500 евра доколку ве фатат како пушите во затворен објект – ресторан, кафуле и слично.



Царински ограничувања

Иако нема ограничувања на количината на алкохол и тутунски производи што може да се внесат во ЕУ земјите, цариниците најверојатно ќе ви постават прашања доколку имате повеќе од:

Тутунски производи:

– 800 цигари;
– 400 цигарилоси (макс. 3g една);
– 200 пури;
– 1кг тутун;

Алкохолни пијалоци:

– 10 литри алкохол над 22%;
– 20 литри алкохол под 22%;
– 90 литри вино (но не повеќе од 60 литри минерална вода);
– 110 литри пиво.

Овие количини може да бидат одземени од царината, доколку оценат дека ќе се користат за комерцијална употреба.

Други производи

– Лекови за лична употреба

– Лични работи за не–комерцијална употреба со вредност во висина од 430 евра при патување со авион или брод.

– Лични работи за не – комерцијална употреба со вредност во висина од 300 евра при патување по копно.

– Лични работи за не – комерцијална употреба со вредност во висина од 150 евра за патници под 15 години.




Извор:
http://www.pravdiko.mk/zakonski-ogranichuvana-pri-patuvane-vo-grcija/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom