Каде, што и како понатаму после средување на документи за странство?

Член од
30 мај 2015
Мислења
10
Поени од реакции
48
Здраво на сите,

Форумов го следам подолго време, но се решив да се вклучам во овој дел бидејќи сметам дека покрај социјален и забавен карактер, овој вид на комуникација треба да биде пред се корисен и практичен за луѓето.

Се надевам дека оваа тема ќе им биде од помош на доста луѓе затоа што и историски, но и гледано од денешна перспектива, македонскиот народ бил печалбар и секогаш морал да бара некаков излез или шанса за да си помогне себеси преку работа во странство.

Од старо време до денес тоа се правело со тешката одлука да се преземе тој чекор, без разлика дали се планира за стално заминување или привремено за да се собере некоја пара.

Некогаш луѓето се решавале, собирале пари за да се качат на параходот, и заминувале.

Денес има визни и други вештачки бариери на тој пат, па знаеме дека доста луѓе бараат излез од Македонија и шанса за влез на западниот пазар на труд преку различни форми, од кои една е и преку вадење на бугарско државјанство.

Но бидејќи сите напори се вложуваат да се обезбеди документ со кој ќе се овозможи влез на странскиот пазар на труд, луѓето кои го решаваат овој проблем а се присутни на форумот, како да исчезнуваат од истиот, или се дисперзираат по други теми.

Затоа си реков да ја направам оваа тема зашто сметам дека би било од огромна помош за информација и ориентација на сите овде доколку се продолжи со пишување за тоа во која држава планираат да заминат или веќе заминале, зошто, каде сакаат да работат или нашле работа, како и слично.

Со ова сметам дека би се помогнало преку споделување на лични искуства предвреме да се избегнат некои непријатности, да се расчистат некои заблуди, небулози, стереотипи и слично со цел да се спречат евентуални грешки и последици.

Темата ја направив поопшта и не сакав да ја ограничувам само на тоа да биде за одредени држави туку секој кој веќе средил документи за да замине во странство да си каже каде е / каде планира да оди, каде да работи, да живее, да учи и слични искуства.

Поздрав до сите и со среќа кој каде и да се наоѓа или каде и да планира да заминува во странство.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Успех на сите што емигрирале. Но има разлика од оние што емигрирале а на сметка имаат по неколку стотици илјади евра а светот им е тесен.
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
242
Поени од реакции
244
Знам дека како државјанин на земја членка на ЕУ можам да патувам и работам на територијата на цела Европска Унија.Посредници за вработување има на нет,но не најдов никаков оглас за Швајцарија.Знам дека Швајцарија не е земја членка на ЕУ и за да се работи потребна е работна виза.Ако има некој информиран да ми ја опише процедурата за Швајцарија,колкави се отприлика платите и колку изнесуваат кириите и дали има некаков посредник конкретно за оваа земја.
 
Член од
25 февруари 2015
Мислења
810
Поени од реакции
1.561

Donesoa zakon pred 1-2 godini deka vece nema primaat stranci za rabota tamo, osven, kako sto velis, ako se baraat nekoi specificni struki preku posrednik.[DOUBLEPOST=1433045535][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите,

Форумов го следам подолго време, но се решив да се вклучам во овој дел бидејќи сметам дека покрај социјален и забавен карактер, овој вид на комуникација треба да биде пред се корисен и практичен за луѓето.

Се надевам дека оваа тема ќе им биде од помош на доста луѓе затоа што и историски, но и гледано од денешна перспектива, македонскиот народ бил печалбар и секогаш морал да бара некаков излез или шанса за да си помогне себеси преку работа во странство.

Од старо време до денес тоа се правело со тешката одлука да се преземе тој чекор, без разлика дали се планира за стално заминување или привремено за да се собере некоја пара.

Некогаш луѓето се решавале, собирале пари за да се качат на параходот, и заминувале.

Денес има визни и други вештачки бариери на тој пат, па знаеме дека доста луѓе бараат излез од Македонија и шанса за влез на западниот пазар на труд преку различни форми, од кои една е и преку вадење на бугарско државјанство.

Но бидејќи сите напори се вложуваат да се обезбеди документ со кој ќе се овозможи влез на странскиот пазар на труд, луѓето кои го решаваат овој проблем а се присутни на форумот, како да исчезнуваат од истиот, или се дисперзираат по други теми.

Затоа си реков да ја направам оваа тема зашто сметам дека би било од огромна помош за информација и ориентација на сите овде доколку се продолжи со пишување за тоа во која држава планираат да заминат или веќе заминале, зошто, каде сакаат да работат или нашле работа, како и слично.

Со ова сметам дека би се помогнало преку споделување на лични искуства предвреме да се избегнат некои непријатности, да се расчистат некои заблуди, небулози, стереотипи и слично со цел да се спречат евентуални грешки и последици.

Темата ја направив поопшта и не сакав да ја ограничувам само на тоа да биде за одредени држави туку секој кој веќе средил документи за да замине во странство да си каже каде е / каде планира да оди, каде да работи, да живее, да учи и слични искуства.

Поздрав до сите и со среќа кој каде и да се наоѓа или каде и да планира да заминува во странство.
Fala za ideja tema-forum.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.302
Поени од реакции
5.893
Можда не е место овде да прашам, но ме интересира дали е морално и дали е возможно да се отиде и работи во Швајцарија без БГ пасош ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom