Фала ти на одговорот и на советот. Мене ме интересира што да се прави за работа?
А башка што германски не знам. Само англиски знам...
А и не сум баш така млад (36).
За работа е најлесно, тука не е како во МК па да се мислиш „леле што ќе работам следно“. За обични радници има работа колку сакаш, дури и без јазик, Бауштела, мекдоналдси, фабрики, достава на пратки има триста работи кај што јазикот нема да ти е потребен од старт а ќе си зимаш плата. Работа се наоѓа, стан и жена тешко се наоѓа по мене, во тоа лежи зајакот.
И ја не сум, 30 имам и сметам дека доцна „се иселив“ и затоа ти викам, ти со 36 и плус ако си без жена, гледај во МК да ги изиграш картите што можеш најдобро па здравје утре заедно да се иселите.
За јазик не е проблем да се снајдеш и со англиски на почеток, научи да кажуваш на германски основни работи и дека го учиш јазикот и дека малку знаеш и секој ќе ти врати со англиски, културни се и имаат разбирање, идиоти се ако од старт почнеш со англиски да им збориш тогаш се накурчуваат и нејќат да зборат. Ја откако дојдов не знаев да бекнам германски, се со англиски се сам се снајдов ама на тој начин.
Најди си партнерка брат тогаш хахаха
Пробувам море, секој камен што ќе го ритнам го дигам и гледам дали под него лежи некој плен ама слабо. Пробувам да се исшлифтам и јас со овие Тиндери миндери ама не сфаќам како функционира, стара коска сум јас, научен сум на излагања, друштва, погледи могледи и чим осетам знак да влетувам со клизачи, онлајн сум срање а на ова срање Тиндер, се мечувам со еден куп, излегов со 5-6 кафиња и само две легнав од која едната ромунка од старт си кажа дека и требам да ја онадам не и до кафе, ок беше
Не ми изгледа ко мрежа кај што се бара за озбилно туку онака само за плескање јако.