Луѓе, без чест, без морал, без малку знаење, со полно идиотизам и зборови кои никако не се добри, секогаш контроверзни, секогаш со доза на интрига. Таквите луѓе, со матурантски години јас ги чувствувам денес иако сум веќе при крај во средно, такви луѓе што до вчера излегле од пелени, се замислуваат дека се нешто и некаде и ги диктираат најзлобните работи за време на престојот во училиштето па и вон него. Не знам само како тоа во очите на женскиот пол тие се секогаш атрактивни, секогаш привлечни, оние кои немаат цели, имаат само уста отворена до ушите и само се зборува негативности. Секогаш полни сарказми, понижувања и навредувања доколку не си по нивниот терк. Тоа се познава и го приметуваат оние малата група околу 2% како мене смирени, добри, немаме намера да навредуваме некој без причина, неќеме и немаме душа да изустиме некој лош збор, цело време гледаме да си молчиме и да бидеме учтиви, но тоа од се против наша корист. После секој ден од доаѓање од школо си доаѓам понижен, згазен, уште една негативна лекција, уште едно срање кое досега не сум го слушнал. Чист пример објаснувам тоа дека да сакаш да се прикажеш во добро светло пред другите и да импресионираш мораш пред сите други да повредеш некој за да испаднеш во спротивниот пол дека вредеш. Денес тоа се цени, не знам јас зошто сум роден во ова општество. За да си доаѓам дома скршен и да си доаѓам дома со помислите каде згрешив денес? Да си доаѓам дома со помислата што мислаат дека сум јас, иначе јас сум еден обичен човек како и нив. Ми доаѓа да се затворам и да не се замарам, ама лесно е тоа да се каже, тешко е да се примени. Имав многу добар другар, не сме ни од исто место, тој е од градот, не сме од исти клас, ама си го имавме муабетот, тој беше онака стабилен, смирен, нешто на изглед како мене, многу ретко да спаднеше на ниско ниво, секогаш ја следеше модата, беше на добар поглед од спротивниот пол. Како и да е, јас си ги имав многупати искажувано моите цели, моите амбиции, моите ставови, моите мислења, моите тајни оти му се доверив, мислејќи дека ќе успее да научам од него нешто за да бидам што повеќе во ин, таков е редот денес, ама од тоа ништо, зошто, затоа што ми заврте грб одма и откај да знам што може да си поигрува и да ме оцрнува пред друг народ.