- Член од
- 8 април 2009
- Мислења
- 26
- Поени од реакции
- 11
Моментално сум во Лефкада. Искрено очекував повеќе од островов. Плажите се прекрасни но патуваш до нив околу 1h по кривини и двосмерен тесен пат. Зависи нормално и каде сте сместени. Јас сум во Василики по сопствена режија,и мн лесно се наоѓа апартман по ваш вкус. Затоа ако одите со сопствено возило направте го истото. Нидри е веќе поголемо градче. Има повеќе ресторани,кафичи продавници и сл...но нема плажа. Па бирајте сами што повеќе ве влече.Kрстарењето до Кефалонија и Итака требаше да почне од 10h до 18h од кои да имаш 2h vo Kефалонија и 1h во Итака ама имавме по пола саат и на едниот и другот остров па сега видете колку сме прошетале. Се вративме во 20 h,значи бевме вкупно 9часа на брод. Катастрофално. Препорачувам daily cruises до плажите и обавезна посета на Порто Кацики. Поздрав од Лефкада .