Каде на 1ви Мај?

Каде на 1ви Мај?


  • Вкупно гласачи
    100
  • Гласањето е завршено на .
M

macgowan

Гостин
Не мора да биде 1 Мај за да се зачадат скарите обично секој втор дури и секој викенд во месецот е доволно човек да се издува.
Апсолутно!
Исто како советите од жена ми дека доволно е да се издувам еднаш неделно...значи 4 пати месечно(празниците не ги сметам тие се бонус не влегват во математиката)
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Незнам колку ми е на право место постот ама најсоодветно мислам дека е тука :\ Сакам да направам факели за први мај. Бидејќи ќе кампуваме би било супер да имаме и факелчина па ако има некој некакво искуство или некој добар совет би било добро да го сподели. Благодарам уште однапред. А бтв како се вика на англиски за факел :\ на гугл транслејт и на други речници најдов како flame, torch ама некако слабо има за хау то мејд
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Дома и вечерот најверојатно ќе бегам накај Скопје и ако некој од колегите што се скопјанишчана е расположен ќе одам на кафе/пиво/прошетка. 1 Мај не го славам зашто е ден на работниците и нивните права , а јас сум студент. Така да ако ова е причина на повеќето да отидат со друштво да се напијат и скара да направат кај мене не е.
Во земја во која мнозинството се неработници(различно од невработени) се дава преголемо значење на 1 мај.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Незнам колку ми е на право место постот ама најсоодветно мислам дека е тука :\ Сакам да направам факели за први мај. Бидејќи ќе кампуваме би било супер да имаме и факелчина па ако има некој некакво искуство или некој добар совет би било добро да го сподели. Благодарам уште однапред. А бтв како се вика на англиски за факел :\ на гугл транслејт и на други речници најдов како flame, torch ама некако слабо има за хау то мејд
Torch е факел на англиски но не верувам дека ке најдеш нешто.
Секаде на форумите пишуваат дека е поисплатливо да се купи отколку да се прави или дека е тешко и невозможно да се направи во обични(Домашни) услови.
Дури и да најдеш нешто на нет, најверојатно ке е нешто што ке трае кратко и нема многу да ти користи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На Плоштад, на промајски демонстарции....
Секоја година, во центарот на Скопје, се организираат мали првомајски демонстрации.
Минатата година година имаше мали но многу убави демострација који ги организираше група млади.
Главен музички хит беше - „ Црвеното знаме “ - Bandiera rossa
http://www.youtube.com/watch?v=ZcAHDK2w084&feature=related
Потоа дома, бидејќи имам сателитска, ќе гледам на Cubavision директен пренос од парадата во Хавана
Adelante companeros!
На сателитска ќе има и снимки од демонстрации во Берлин, Париз, Токио и тн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom