Под прашањето „каде“ прашувам зошто и кога.
1.
Нацистички конц-логори:
Собибор: се бележат само изолирани обиди за бегство. Дури во 1943 успеале да убијат 11 ЅЅ војници.
Треблинка: Неколку обиди за бегство.
Аушвиц: Се бележат обиди за бегство дури кога биле носени во гасни комори. Дури 1943 затворениците успеале да убијат двајца ЅЅ војници. При крајот на 1944 околу 250 затвореници се обиделе да избегаат и сите биле убиени. Во едно од одделенијата затвореници дури и произведувале оружје за нацистите, а за целото време само една жена се обидела да украде експлозив, по што била обесена.
Вкупно 11 милиони се убиени во овие логори.
2.
250 сириски војници:
Голи маршираат до местото каде се егзекутирани од Islamic Savages. И покрај тоа што реално немаат некоја шанса да преживеат, никој не се обидува ниту да фрли камен кој некоја од свињите. А демек војници се.
3.
Случајот Фоули:
Американски новинар (веројатно) свесен дека ќе биде погубен со отсекување на главата, мирно повторува текст кој му е напишан од свињите на Islamic Savages во кој ја обвинува сопствената земја за својата непромисленост и алчност по слава. Како добиток носен во кланица кој заблејува без да знае што го чека.
Значи: што се случува со нагонот за преживување кај човекот?
Дали, кога и под какви услови тој престанува да постои? Дали надежта дека ако не се дава отпор можеби џелатот ќе се смилува и ќе ги остави живи?
Каде е последниот крик на животот и спротиставувањето кон егзекуторот. Па дури и животните крикнуваат за последен пат!
Да не можеби ја посгрешно ја разбирам целата ситуација? Да не можеби е достоинствено да се умре вака?