Каде за Нова Година?

Статус
Затворена за нови мислења.

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
абе сите викате кафич кафана друштво стан вамте тамте... кажете барем кое место може ке се најдеме на крај краева :)
ја мислам дека спомнав и претходно но не е битно еве ке кажам пак.. мене може да ме најдете во Олимпија - Радишани!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
50 евра многу е бе ама осеќам виски ќе се пие а нема лабаво :)
Глеаш пишал 50 евра + трошоци. Значи или станот е 120 м2 и цел наместен, или они се 4ца па делат по 50 евра за да го платат.

Како стигнале до таа бројка за станот, it's beyond me.
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Eдна добра статија :)


Преспиј ја Новогодишната ноќ

Ништо ново околу Нова година. Ќе ја имате истата пијана насмевка, ќе ги јадете истите сендвичи и голтате истото шампањско. На ТВ екраните истата програма, а детето од комшии ќе ги фрла истите петарди.

На 1-ви јанури повторно ќе се прашувате зошто славите Нова година. Затоа – на спиење!

Зошто?

1. Ќе биде иста како и старата година. Еднакво подобра и еднакво полоша. Зошто толку галама, огномети, одбројување на секундите?

2. Не морате да носите никакви одлуки. Во екот на забавата се чувствувате подготвени да го промените светот и околните планети, да го исчистите снегот пред маалскиот драгстор каде секојдневно се лизгате и паѓате и конечно да се откажете од цигарите.

Но, да, ќе дојде кобниот 3-ти јануари и ќе сфатите дека ништо не се променило па зошто би се менувале вие?


3. Зачувајте се од ТВ радијацијата. Зарем не ви е доволно 365 дена секојдневни вести, серии, новости, драми?

ТВ- програмата би требало да доаѓа со предупредување дека е опасна за конзумирање во новогодишната ноќ бидејќи тогаш зрачи со посебно театрални глупости, во главно снимки од пред 1 недела каде одбројуваат, се радуваат и глупираат.

4. Одложете ја цирозата на црниот дроб. Спиењето ќе ве спаси од нејасните навики да го промените бројот на календарот со неколку литри алкохол.

Ако веќе морате да пиете направете го тоа на пример на 4-ти јануари. Зошто? Нуди гарантирано подобар провод.

5. Ќе имате повеќе пари следниот ден. На место парите плеснати за 5-6 часа викање, пиење, урлање и потоа комирање за наредните 5 дена, ако си преспиете ќе се разбудите далеку побогати и поспосбни. Подобро не може.

6. Среќна нова и честитаме – станавте татко/мајка! Да, да, да во оваа ноќ се зачнати многу деца. Затоа, зачувајте си го либидото за себе и својот кревет.

7. Ќе бидете поубави на 1-ви јануари. Очекувате новата година да ви даде успех, среќа, остварени желби, а првото што вие и го сервирате е вашата згужвана, и отечена фаца. Не е фер. Отспијте здрави 8 часа и докажете дека новата година не мора да започне така грдо.

8. Ќе дојде и без да ја чекате. Поштарот можеби ѕвони два пати, но календарските промени доаѓаат без да чукнат. Зошто ви се светликави тоалети, сакоа, чевли кои никогаш нема да ги облечете повторно?

9. Опуштете се, другите се забавуваат и во ваше име. Место да се мачите, да тропите пари и да губите време, знаете дека сите кои ќе се сетат на вас ќе ви се јават и ќе ви пратат порака па ќе ви ја доловат целата атмосфера.

10. Ќе дојде пак. Ако сметате дека минатата година не сте направиле важни работи – не се секирајте, имате нови 365 дена!
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Во стан со друштво ама не ми се баш некако допаѓа...ќе нема доволно јадење а нкаде 20 души ќе бидеме, ќе има повеќе пиење!
Ама ипак интересно ќе биде :) кај ќе не собере сите во две мали соби??? :)
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
У кафич со друштво.. Се одлучив у последен момент, иначе сакав дома да седам.. Не ми прави мерак оваа глупава традиција за Нова Година ко не знам што да е.. Многу галама за ништо. Побитно ми е на одмор да си отидам со друштво некаде...кај што има снегче и каминче:smir:
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Мене ме викнаа у скопје на некоја транс журка. И јас им кажав дека не ми се журка на транс. И они ме викнаа у некој ориентал кафиќ на афтер. И викам ај ке дојдам тамо. барем ке седам нема да стојам. И после тоа тамо ме викнаа у маврово горе. Па од скопје некако ке преспијам по афтобуси и ке идам у маврово на 48 часа одмор.
Незнам баш како ке го изведам ова со 1500 денари, али ке ви кажам кога ке се вратам у понеделник.
 
S

smart ass

Гостин
И мене ми викнаа скопје.....ама работа испадна-специфична.:vozbud:

П.С регионот каде имаме најмал прираст на население....има ли негде кај да се ој...на малце релакс
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Мене ме викнаа у скопје на некоја транс журка. И јас им кажав дека не ми се журка на транс. И они ме викнаа у некој ориентал кафиќ на афтер. И викам ај ке дојдам тамо. барем ке седам нема да стојам. И после тоа тамо ме викнаа у маврово горе. Па од скопје некако ке преспијам по афтобуси и ке идам у маврово на 48 часа одмор.
Незнам баш како ке го изведам ова со 1500 денари, али ке ви кажам кога ке се вратам у понеделник.
е баш ме интересира како ке го изведеш ова со 1500 денара... чекам пост у понеделник!!!
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Дома ќе седам.Не се осекам добро за да идам некаде.Не ми е нешто по ќеиф.
 
?

..........

Гостин
И јас, дома ќе седам, ќе ги чувам nа сестрами децата, заедно со девојками.....
секако и на Кајгана ќе бидам ОN...:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom