Луѓе вака значи едноставно сум изгубена во просторот оваа година ќе завршам 4та,секоја година заминувам со многу добар 4 и ги слушам моиве другарки едната ќе одела на правен едната архитектура..... а мене окото не ми фаќа ама баш за ништо не ме интересира ни каде да одам а ете веќе се наближува времето па решив вечерва да погледам некои страни да видам како што па да ве прашам вие поголемите од искуство на каков факултет според вас може да се запишам некои совети ако може инаку да биде педагогија... јазици не ми оди многу а матемтика сум 0. Заинтерсирана сум за у Скопје може некои линкови нешто да ми помогнете...ви благодарам однапред
Немаш ни ориентационо сознанија за која област те занима да студираш, али сериозно си заинтересирана за во Скопје да биде тоа...Абе имате сега дисперзирани факултети по градовине...Имаш таму и природни и информатички и општествени науки и право, економија и све...Така да ќе си уштедиш и пари и све...Разгледај кои факултети ти се блиску до градот кајшто живееш и таму упиши се...
Бај д веј, јас овој период кога бев четврта средно веќе се спремав за приемни испити за на факс и имав уште на почетокот на годината одредено кај ќе се запишувам...
А за на педагошки...- која мајка го изгубила детето со интелигенција на "завидно ниво" и невидена амбициозност, таму ќе го најде...Одделенски учители и воспитувачи има со лопати да ги ринеш, дури и за извоз...Слично на тебе, немајќи поим за понатаму и амбиција, омилена дестинација - педагошки...Ем лесно како боза, брзо се завршува, ем во урбан дел на градов, ем учителка после...
