АМДИ БАЈРАМ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА СОБРАНИСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЧИ
Скопје, 17 јуни (МИА) - Пратеникот Амди Бајрам денеска им се извини на собраниските известувачи по вчерашните вербални напади и закани кон нив.
- За вчерашниот ден сакам
два пати да ви се извинам, но и ние бараме да бидеме рамноправни. Зошто вие мене во Собранието не ме третирате, а јас една година сум тука. Барам еднаква застапеност, рече Бајрам.
Тој не се изјасни дали ова извинување го прави под притисок на јавноста и премиерот Никола Груевски, кој денеска изјави дека однесувањето на Бајрам не доликува на пратеник и политичар и оти треба што поскоро да им се извини на новинарите. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја прекине соработката со партијата на Бајрам Сојуз на Ромите доколку тој не се извини.
Дел од новинарите кои вчера известуваа од Собранието и беа цел на испадот на Бајрам и покрај неговото извинување најавуваат тужби за клевета и за закана.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/534756/index.html