- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
И Бугарија ќе биде должна ко Грчка
21:00 | 22.03.2010 |
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов предупреди дека на неговата земја и се заканувала грчка варијанта на економската криза поради огромниот дефицит. Тој рекол дека државната каса била празна поради незавршени мегаломански проекти, нуклеарката Белене и хидросистемот Цанков камен и незаконски склучените договори од 1,1 милијарда евра. Борисов посочил дека Законот за буџет забранувал склучување договор за какви било активности, доколку во буџетот немало пари.
Бугарскиот премиер најавил дека за ваквите незаконски дејствија ќе го информира државното Обвинителство.
Со помпезна најава, Бугарија во 2008 година ја почнала изградбата на Белане во северниот дел на земјата. Официјална Софија, поради немање средства, се обидела да се откаже од понатамошната градба, но руската компанија „Атомекспортстрој“ била упорна и најавила дека ќе одобри кредит за продолжување на работите, не барајќи притоа државни гаранции од Бугарија, пренесуваат медиумите.
http://spic.com.mk/kat/svet/i-bugarija-ke-bide-dolzna-ko-grcka.html