Итaлиja

Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.734
Поени од реакции
16.796
Бил некој во Венеција? Искуства? Смештај?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.704
Еден совет: чувајте си ги парите и документите - многу се краде во Италија! На една моја пријателка од мала чантичка у го украдоа новчаникот!
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.540
Поени од реакции
9.456
Да споделам искуство за Рим.

Превоз и сместување
Бев со визаир повратна карта која ја резервирав 3 месеци унапред и ме чинеше 2400 денари. Од понеделник до петок 4 ноќевања во стан во кој имавме наша соба и делевме кујна и WC за да не фати поефтино бидејќи само спиевме во станот. Бевме двајца и не фати по 4.800 за лет и сместување. Бевме сместени подалеку од центар и земавме Roma pass со која имавме 72 часа да го користиме јавниот превоз на Рим колку сакаме, посета на 2 музеи или историски места без пари и преку ред, како и попусти за останати атракции. Цената за неа е 38.5 евра. Бевме од 16ти до 20ти Октомври и температурата беше 25 степени и супер ни се погоди времето. Има три линии метро и многу станици низ целиот град. Обезбедување од полиција и војска има насекаде, но да не ве залажува тоа внимавајте на своите работи. Питачи и улучни продавачи има насекаде и не им обврнувајте внимание бидејќи знаат да бидат многу нападни.

Храна
За појадок и вечера земавме од маркет и правевме сендвичи. Цените се ок не е прескапо за голема туристичка метропола како Рим. Еден леб е околу 1 евро, шунка/кашкавал/сувоменсато во вакумирани сецкани пакувања од 100-200 гр се движат околу 2 евра, фанта или кока кола и слични се евро за литар и пол. Наутро земавме еспресо и корнет(мала кифла) за 1 евро. Има вакви кафетерии на секој чекор и Италијаните го пијат кафето од нога и заминуваат. За ручек јадевме во градот во ресторани за да почуствуваме атмосфера и да уживаме во италијанската кујна. Рестораните во кои што бевме се наоѓаа во тесни улички со калдрма и за да се долови атмосферата и храната беше превкусна. Нудат менија од 10-15 евра кои вклучуваат паста или пица, десерт кафе и сок. Само пица или паста цените се двиќат од 7-15 евра. Секој ден јадев различна пица и сум презадоволен.

Места за посетување
Изегувавме пред 7.30 а се враќавме околу 10.30-11, цел ден бевме на нога и беше премалку да се видат убавините на Рим. Ги посетивме Колосеумот, Форо Романо и Палатино со Roma pass и влеговме преку ред, иако имаше доста голема колона. За трите места се смета едно искористување од двете беспалтни кои следувааt. Најубаво е да се видат рано наутро кога има сонце и за трите места ке треба отприлика 4-5 часа. Уште подобро е ако најдете група со водич да се приклучите бидејќи има стварно многу интересна историја. Вториот влез го искористивме за Castel Sant'angelo. Има бесплатно wifi внатре во замокот и може да сименете апликација како аудио водич. Замокот препорачувам да се посети обавезно.
Во Ватикан резервиравме карта онлајн и не чинеше 28.5 евра со закажано точно време за да не чекаме многу. Има многу да се види и обавезно разгледајте се, има две рути кои водат до Систинската капела која е завршна точка и каде завршува турата низ Ватикан. Ние ги пројдовме двете и поминавме 6 часа заедно со црквата на Свети Петар. Мизејот на Ватикан е преголем и има се и сешто од рано христијанство, ренесанса барок, историја на афрички/азиски/австралиски народи па се до фудбаски пехари и трофеј копија на Копа Либертадоред посветен на папата. Со малку онлајн истражување моќе да открете многу и Систинската капела е преубава и не е дозволено да се слика или зборува гласно. Во капелата обавезно да се фати излезот кој е од десната страна за да може да одите во црквата, со другиот излез тоа не е можно. Црквата е убава и врв е алтарот на Бернини. Прашајте ги луѓето кои се обезбедување да ви го покажат патот кон местото каде што се саркофагите на папите и гробот на Свети Петар бидејќи истото е под црквата и има тесен пат кој е незабележителен и необележан па лесно може да се превиди. Доколку сакате да одите под Ватикан во некрополата потребно е унапред закажување бидејќи само ограничен број на луѓе може да влезат во еден ден.
Споменикот Altare della patria е една од највисоките точки кога ке се искачите нагоре и има прекрасен поглед кон целиот Рим. Ди треви е феноменалнапреку ден и ноќ и секоја ден свртувавме од таму. Плоштадот Навона е прекрасен, цело време има улични артисти и одлично место за релаксација. Останати места кои ги посетивме се Пантеон, плоштад Браберини, Плоштад Пополо, градините и галеријата Боргезе, музејот на Леонардо да Винчи, Трастевере и многу многу други места. Цркви има на секој чекор и се преубави со уметнички дела од Бернини, Микеланџело, Карваџо..... Ја посетивме црквата и гробот на Св. Кирил, папската црвка каде е погребан Св. Павле, Св. Петар Винколи каде се изложени синџирите кои ги носел Св. Петар. Посетивме многу цркви затоа што пријателот со кој бев студира теологија и ми кажа доста интересни работи поврзани со христијанството. Плус и го заебава многу бидејќи јас ги посетив местата од Ангели и Демони каде, односно патот на Илуминатите и имавме доста расправии :). Од сите цркви најголем впечаток ми остави Sant'Ignazio di Loyola, преубвава е со одлични фрески и скулптури и препорачувам на сите што одат во Рим да ја посетат.
Сувенири може да се купат насекаде, но тие што се малку понастрана од туристичките атракции се поефтини, истото важи и за рестораните. Водата се пие од чешма и насекаде има фонтани.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.003
Поени од реакции
1.289

Истава тура се токмев да ја правам летово али на крај одбрав друга дестинација. Кажи ми, од каде до каде леташе и од Рим дали одеше до Наполи или дирек до некој од градчињава?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.632
Поени од реакции
36.900
Истава тура се токмев да ја правам летово али на крај одбрав друга дестинација. Кажи ми, од каде до каде леташе и од Рим дали одеше до Наполи или дирек до некој од градчињава?
So kola, inace dve turi se toa.

Tirana - Brindisi - Torre dell'Orso - Minori - Amalfi

A drugata
Rim - Firenza - Cinque Terre - Milano
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.090
Поени од реакции
28.869
So kola, inace dve turi se toa.

Tirana - Brindisi - Torre dell'Orso - Minori - Amalfi

A drugata
Rim - Firenza - Cinque Terre - Milano
Ти возеше?
Колку дена те фанаа двете тури каков ти беше распоредот на паузите за ноќевање?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.632
Поени од реакции
36.900
Првата јас возев две недели траеше, затоа што беше одмор во едно, ноќевање во хотел. Другата со брат ми заедно се менувавме и бевме на гости во Фиренца и Милано, 5 дена ни беше таа тура.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.003
Поени од реакции
1.289
Првата јас возев две недели траеше, затоа што беше одмор во едно, ноќевање во хотел. Другата со брат ми заедно се менувавме и бевме на гости во Фиренца и Милано, 5 дена ни беше таа тура.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Јас сакав да одам со авион, СКОПЈЕ-РИМ па со автобус РИМ-СОРЕНТО. Соренто да ми биде база (да спијам таму) па да шетам до Амалфи, Поситиано, Капри..итн. Се мислев за со кола ама ми се виде многу возење...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.632
Поени од реакции
36.900
Јас сакав да одам со авион, СКОПЈЕ-РИМ па со автобус РИМ-СОРЕНТО. Соренто да ми биде база (да спијам таму) па да шетам до Амалфи, Поситиано, Капри..итн. Се мислев за со кола ама ми се виде многу возење...
Мене повеќе ми одговара со кола затоа што и купував нешто од таму.
Скапи се летовите за Рим види Милано па после со воз.
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
67
Поени од реакции
28
Здраво

Патувал некој до Милано по ново до аеродром Малпенса? Колку кошта превозот од аеродром до центарот? И дали некој има користено Милано кард?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.090
Поени од реакции
28.869
Здраво

Патувал некој до Милано по ново до аеродром Малпенса? Колку кошта превозот од аеродром до центарот? И дали некој има користено Милано кард?


Sent from my iPhone using Tapatalk
15 евра повратна карта со автобус, 8 во еден правец, автобуси има нонстоп, возат до главната железничка во Милано.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.357
Поени од реакции
5.199
@Forza Milan!!! Друже дај инфо плус за Тирана-Бриндиси траект.. што како.. има редовна линија? Цени.... каде да побарам за резервација има онлајн? Благодарим. А да и колку трае пловидбата...
Во ред е немора не се мачи... најдов Дурацо Бари... 200 евриќи повратна... 9 часа пловидба .. многу бе...
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.632
Поени од реакции
36.900
@Forza Milan!!! Друже дај инфо плус за Тирана-Бриндиси траект.. што како.. има редовна линија? Цени.... каде да побарам за резервација има онлајн? Благодарим. А да и колку трае пловидбата...
Во ред е немора не се мачи... најдов Дурацо Бари... 200 евриќи повратна... 9 часа пловидба .. многу бе...
Цената беше од 50 евра, па до 200 евра. Зависи дали ќе имаш и кабина.
Од 23 па до 7 сабајле.
 
На врв Bottom