Да споделам искуство за Рим.
Превоз и сместување
Бев со визаир повратна карта која ја резервирав 3 месеци унапред и ме чинеше 2400 денари. Од понеделник до петок 4 ноќевања во стан во кој имавме наша соба и делевме кујна и WC за да не фати поефтино бидејќи само спиевме во станот. Бевме двајца и не фати по 4.800 за лет и сместување. Бевме сместени подалеку од центар и земавме
Roma pass со која имавме 72 часа да го користиме јавниот превоз на Рим колку сакаме, посета на 2 музеи или историски места без пари и преку ред, како и попусти за останати атракции. Цената за неа е 38.5 евра. Бевме од 16ти до 20ти Октомври и температурата беше 25 степени и супер ни се погоди времето. Има три линии метро и многу станици низ целиот град. Обезбедување од полиција и војска има насекаде, но да не ве залажува тоа внимавајте на своите работи. Питачи и улучни продавачи има насекаде и не им обврнувајте внимание бидејќи знаат да бидат многу нападни.
Храна
За појадок и вечера земавме од маркет и правевме сендвичи. Цените се ок не е прескапо за голема туристичка метропола како Рим. Еден леб е околу 1 евро, шунка/кашкавал/сувоменсато во вакумирани сецкани пакувања од 100-200 гр се движат околу 2 евра, фанта или кока кола и слични се евро за литар и пол. Наутро земавме еспресо и корнет(мала кифла) за 1 евро. Има вакви кафетерии на секој чекор и Италијаните го пијат кафето од нога и заминуваат. За ручек јадевме во градот во ресторани за да почуствуваме атмосфера и да уживаме во италијанската кујна. Рестораните во кои што бевме се наоѓаа во тесни улички со калдрма и за да се долови атмосферата и храната беше превкусна. Нудат менија од 10-15 евра кои вклучуваат паста или пица, десерт кафе и сок. Само пица или паста цените се двиќат од 7-15 евра. Секој ден јадев различна пица и сум презадоволен.
Места за посетување
Изегувавме пред 7.30 а се враќавме околу 10.30-11, цел ден бевме на нога и беше премалку да се видат убавините на Рим. Ги посетивме Колосеумот, Форо Романо и Палатино со Roma pass и влеговме преку ред, иако имаше доста голема колона. За трите места се смета едно искористување од двете беспалтни кои следувааt. Најубаво е да се видат рано наутро кога има сонце и за трите места ке треба отприлика 4-5 часа. Уште подобро е ако најдете група со водич да се приклучите бидејќи има стварно многу интересна историја. Вториот влез го искористивме за Castel Sant'angelo. Има бесплатно wifi внатре во замокот и може да сименете апликација како аудио водич. Замокот препорачувам да се посети обавезно.
Во Ватикан резервиравме карта онлајн и не чинеше 28.5 евра со закажано точно време за да не чекаме многу. Има многу да се види и обавезно разгледајте се, има две рути кои водат до Систинската капела која е завршна точка и каде завршува турата низ Ватикан. Ние ги пројдовме двете и поминавме 6 часа заедно со црквата на Свети Петар. Мизејот на Ватикан е преголем и има се и сешто од рано христијанство, ренесанса барок, историја на афрички/азиски/австралиски народи па се до фудбаски пехари и трофеј копија на Копа Либертадоред посветен на папата. Со малку онлајн истражување моќе да открете многу и Систинската капела е преубава и не е дозволено да се слика или зборува гласно. Во капелата обавезно да се фати излезот кој е од десната страна за да може да одите во црквата, со другиот излез тоа не е можно. Црквата е убава и врв е алтарот на Бернини. Прашајте ги луѓето кои се обезбедување да ви го покажат патот кон местото каде што се саркофагите на папите и гробот на Свети Петар бидејќи истото е под црквата и има тесен пат кој е незабележителен и необележан па лесно може да се превиди. Доколку сакате да одите под Ватикан во некрополата потребно е унапред закажување бидејќи само ограничен број на луѓе може да влезат во еден ден.
Споменикот Altare della patria е една од највисоките точки кога ке се искачите нагоре и има прекрасен поглед кон целиот Рим. Ди треви е феноменалнапреку ден и ноќ и секоја ден свртувавме од таму. Плоштадот Навона е прекрасен, цело време има улични артисти и одлично место за релаксација. Останати места кои ги посетивме се Пантеон, плоштад Браберини, Плоштад Пополо, градините и галеријата Боргезе, музејот на Леонардо да Винчи, Трастевере и многу многу други места. Цркви има на секој чекор и се преубави со уметнички дела од Бернини, Микеланџело, Карваџо..... Ја посетивме црквата и гробот на Св. Кирил, папската црвка каде е погребан Св. Павле, Св. Петар Винколи каде се изложени синџирите кои ги носел Св. Петар. Посетивме многу цркви затоа што пријателот со кој бев студира теологија и ми кажа доста интересни работи поврзани со христијанството. Плус и го заебава многу бидејќи јас ги посетив местата од Ангели и Демони каде, односно патот на Илуминатите и имавме доста расправии
. Од сите цркви најголем впечаток ми остави Sant'Ignazio di Loyola, преубвава е со одлични фрески и скулптури и препорачувам на сите што одат во Рим да ја посетат.
Сувенири може да се купат насекаде, но тие што се малку понастрана од туристичките атракции се поефтини, истото важи и за рестораните. Водата се пие од чешма и насекаде има фонтани.