Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
http://www.soccerway.com/national/italy/first

Еве ви една веб страничка која е наменета за Италијанско Првенство..На крајот можете да си ја поставите формата на секој тим поединечно или да споредите со соодветни статистички податоци..
Кога го гледам Горан Пандев горе на листава на стрелци ми се полни срцево и горд сум што сум Македонец.Алал да му е да даде Господ по 60 гола на сезона да дава.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Ибра без пеналите ни во топ 10 не е :pos:

Иначе да, Пандев е ѕвер, само некако некако мирен е последниве неколку натпревари, ајде да се надеваме викендов дека пак ќе има маџиа ди Горан Пандев!
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Абе гледајте вака...кажвите Интер местит утакмици, поткупвит судии... итн. И доколку е вистина така, Интер ке го пратат во Втора Лига...ама за да го пратат таму треба да имаат ЦВРСТИ ДОКАЗИ...по што да пратиш ти клуб како што е Интер или Јуве,Милан,Рома во Втора Лига не е мала работа или да речам туку така...а за Јуве штом го пратиле, а и на Милан,Фиорентина,...што му скратија на бодовите...Тогаш 100% сум сигурен дека имале ЦВРСТИ ДОКАЗИ!!!

Ќе имаат и за Интер не се секирај . Ќе дојде пак ерата на Моџи . Тогаш нема во втора лига да идете туку директно во Ц2Ц
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
Јуве загубил над милион навивачи

Јувентус загубил повеќе од еден милион навивачи во последните 18 месеци поради учеството во скандалот со “наместени” натпревари во Серија “А”, вели анкетата што беше извршена на Апенинскиот Полуостров.

Најголема корист од скандалот кој го потресе фудбалот во оваа земја пред две години имаше Милан бидејќи бројот на навивачите на актуелниот европски првак оттогаш се зголемил за 33% и сега изнесува околу 4,8 милиони.:vozbud: И покрај убедливото владеење во Серија “А” во последните три години, Интер има пораст на својата популарност за само 14% и сега за него навиваат 4,3 милиони Италијанци.

Анкетата покажа дека Фиорентина и Палермо имаат се повеќе приврзаници во земјата, додека бројот на навивачите на Рома и Лацио постепено се намалува.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.705
Поени од реакции
43.823
Ќе имаат и за Интер не се секирај . Ќе дојде пак ерата на Моџи . Тогаш нема во втора лига да идете туку директно во Ц2Ц

Убаво е човек кога фантазира , со оглед на бујноста на твојата фантазија , малце да те просветлам , Дедо Мраз не постои ,Гринч нема намера да го украде наредниот Божиќ така да кулирај . . . . .ахххх незнам како да ти го кажам следново али Бatman Begins не е вистинска приказна и фактите за Чак Норис се зафрканција . . . . .значи сеуште немаат измислено лек за рак , тоа со неговите солзи е заебанција . . . и тн и тн .
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Роналдо на лето ја завршува кариерата

Вечно” повредениот напаѓач на Милан, Роналдо планира на крајот од оваа сезона да ја заврши својата играчка кариера, соопшти анонимен извор од актуелниот европски првак. Бразилецот е член на “росонерите” веќе 13 месеци, но досега одигра само 16 натпревари за својот тим и тоа сите во Серија “А”, а ниеден во Лигата на шампионите. причина за тоа се тешките повреди кои му правеа големи проблеми и во минатото кога настапуваше за Интер и Реал Мадрид.

договорот на Роналдо со Милан истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на клубот засега не излегло со официјална понуда за продолжување на соработката. Искусниот Бразилец има опција да се врати во својата татковина и да го облече дресот на Фламенго, меѓутоа со оглед на големиот број повреди и слабата физичка подготвеност најверојатно засекогаш ќе му каже “збогум” на фудбалот.

Како негова замена, засега на Апенинскиот Полуостров се спомнуваат неколку алтернативи. Меѓу другите, во комбинација се Марко Бориело од Џенова, Никола Поци од Емполи, па дури и Дидие Дрогба од Челзи.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Убаво е човек кога фантазира , со оглед на бујноста на твојата фантазија , малце да те просветлам , Дедо Мраз не постои ,Гринч нема намера да го украде наредниот Божиќ така да кулирај . . . . .ахххх незнам како да ти го кажам следново али Бatman Begins не е вистинска приказна и фактите за Чак Норис се зафрканција . . . . .значи сеуште немаат измислено лек за рак , тоа со неговите солзи е заебанција . . . и тн и тн .

Syn брат не биди толку сигурен дека Интер нема оформено свој систем сличен како онај на Моџи. Можеби Интер дирекно на своите натпревари од судиите добил 8 бода + 2 со овај против Катанија, но интересно е то шо Јувентус и Милан имаат по 7 и 8 бода минус соодветно поради судиски грешки. Можеби да не беа судиските грешки Интер пак ќе беше првопласиран сега, но истото може да се каже и за Јувентус пред 2-3 години.

Не тврдам јас дека Интер има оформено систем и манипулира со судиите, но никој не можи комплетно да ме убеди во спротивното. Зошто ова шо сега се случува на фудбалските терени е комплетно иста слика на тоа шо се случуваше пред 2-3 години со Јуве.

Ајде сега ти замисли дека наместо Интер да има 10 поени плус од судии истите да ги имаше Јувентус, а Интер згора на тоа да имаше 7 поени помалце поради судиски грешки. Како ќе реагираше ти на вакви судиски грешки?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.662
Поени од реакции
5.347
Јуве загубил над милион навивачи

Јувентус загубил повеќе од еден милион навивачи во последните 18 месеци поради учеството во скандалот со “наместени” натпревари во Серија “А”, вели анкетата што беше извршена на Апенинскиот Полуостров.

Најголема корист од скандалот кој го потресе фудбалот во оваа земја пред две години имаше Милан бидејќи бројот на навивачите на актуелниот европски првак оттогаш се зголемил за 33% и сега изнесува околу 4,8 милиони.:vozbud: И покрај убедливото владеење во Серија “А” во последните три години, Интер има пораст на својата популарност за само 14% и сега за него навиваат 4,3 милиони Италијанци.

Анкетата покажа дека Фиорентина и Палермо имаат се повеќе приврзаници во земјата, додека бројот на навивачите на Рома и Лацио постепено се намалува.
Кај го прочита ова, можи да добиеме линк, или рекла казала е работава?Ама нејсе, и да е вистина..Јуве пред да појди во Серија б, имаше двојно повеќе навивачи од Милан, и а од Интер за 1/3тина двојно..И да загубиле еден милион како што тврдиш сепак имаат најмногу навивачи во Италија! А ако не ја научиле лекцијата од Јуве, никој не им е крив на Интер, ама мислам сега ќе престани сета хајка што се води против Милан и Јуве...Проди падна од власт, па ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата!:wink::helou:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Кај го прочита ова, можи да добиеме линк, или рекла казала е работава?Ама нејсе, и да е вистина..Јуве пред да појди во Серија б, имаше двојно повеќе навивачи од Милан, и а од Интер за 1/3тина двојно..И да загубиле еден милион како што тврдиш сепак имаат најмногу навивачи во Италија! А ако не ја научиле лекцијата од Јуве, никој не им е крив на Интер, ама мислам сега ќе престани сета хајка што се води против Милан и Јуве...Проди падна од власт, па ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата!:wink::helou:

Интер никогаш нема да биде казнет, ниту пак ќе излезат некои докази материјални како шо беа телефонските разговори на претходниот скандал. Нема шанси Морати да постапи толку глупаво и да се одвива некака нерегуларност сигурно добро испланирано е нејзиното прикривање.

Ама не се знај сепак за Морати се работи, се фати сега за скудетото и ги преврте очите извикувајки "My precious!". Така да не очекувајте лесно да се оддели од него.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.705
Поени од реакции
43.823

Syn брат не биди толку сигурен дека Интер нема оформено свој систем сличен како онај на Моџи. Можеби Интер дирекно на своите натпревари од судиите добил 8 бода + 2 со овај против Катанија, но интересно е то шо Јувентус и Милан имаат по 7 и 8 бода минус соодветно поради судиски грешки. Можеби да не беа судиските грешки Интер пак ќе беше првопласиран сега, но истото може да се каже и за Јувентус пред 2-3 години.

Не тврдам јас дека Интер има оформено систем и манипулира со судиите, но никој не можи комплетно да ме убеди во спротивното. Зошто ова шо сега се случува на фудбалските терени е комплетно иста слика на тоа шо се случуваше пред 2-3 години со Јуве.

Ајде сега ти замисли дека наместо Интер да има 10 поени плус од судии истите да ги имаше Јувентус, а Интер згора на тоа да имаше 7 поени помалце поради судиски грешки. Како ќе реагираше ти на вакви судиски грешки?

Синдикат , не верувам дека Морати би бил толку глупав да земе и да повторува нешто што на неговиот клуб би му донело преселба во Втората Лига . Ова ти го зборам поради тоа што истиов човек и не беше омилен кај навивачите на Интер доооолг период , да направи ваква грешка биди убеден дека типот ке биде убиен , факт е дека премногу го сака Интер како клуб , доволно е интелигентен да не повлекува такви потези покрај моќници како што се Галијани или Берлускони .

Реков јас , ги гледаме последните 4 натпревари на Интер , еден по друг , 18 натпревари претходно сите ќутеа и викаа Браво Интер ( Ова го зборам по репортажи што сум глеал на CNN, ЕSPN, по веснициве , порталиве и тн и тн ) , премногу би било очигледно 4 натпревари по ред Интер да режира натпревари со судии , премногу глуп потег , непромислен и аматерски што по Калчополи ретко кој би го направил .

Еве да речеме Интер режира , верувај немаше истово да го прават на ваков премногу очигледен начин , ако веќе истото го правеа ке го праве премногу претпазливо и воопшто професионално со оглед на скандалот пред неколку години , плус , Морати да се реши на таков чекор , верувај дека нема да добие писмо со куршум , директна испорака ке има во десната хемисфера од неговиот Мозок зашто голем број од неговите потези во минатото не наидоа на одобрение на навивачите , дури и бараа оставка од него така да да ризикува со нешто што Интер би го одвело во Втората лига за прв пат во неговата историја не верувам , најискрено , тоа само неителигентна особа би го направило .

Тоа што велиш ти доколку Интер би бил во ситуација да биде оштетуван од страна на судиите , па сум бил во таква ситуација , и верувај ми никогаш немав реагирано како што многумина реагираат на форумов .
Прво. Секогаш сум ги прифаќал одлуките на судиите без оглед какви и да се зашто истите колку и да не ми одговарале се конечни, зар ке променам нешто ако зеам и мрчам или се жалам , така стално сум ги перцепирал работите , ако веќе постои нешто , има органи у Италија кои повтороно истото ке го решат
Второ. Реков и на темата Интер, никад не сум ги обвинувал судиите зашто Интер не освојуваа титули , пред се за тоа беше виновна лошата политика на клубот т.е. на Морати за што и беа свесни навивачите , за судии многу ретко сум мрчел веруј , ке зборев доколку играта на Интер беше на времето феноменална и стварно заслужуваа титули ( освен онаа сезона кога изгубија со Лацио и каде во последните 5 натпревара од можни 15 освоија 7 бода ), а истата беше далеку од тоа и на истата уште и треба апгрејд во наредниве една до две сезони .


Да резимирам , тоа што се случи на 4 натпревара по ред за мене е доволен доказ дека Интер не режираат , а причината поради тоа е премногу глупавиот , непромислениот и премногу очигледниот начин , начин на кој дури ни Јуве на времето не се осмелуваа да го употребат , зар веруваш дека Морати после Калчополи ке го диригира калчото , да ризикува со Клуб чии навивачи сеуште немаат заборавено некои грешки од минатото , да ризикува напуштање на првата лига за прв пат во историјата , и доколку еве речеме го диригира , зар веруваш дека ке чека да поминат 18 кола без проблем ( или цела мината сезона ) со добра игра за која сите се сложуваа и наеднаш на 4 натпревара по ред ке земе и ке мести и режира , тоа ни аматер не би го направил , не на толку очигледен начин . Главниот проблем јас го глеам во судиите а решение не сум доволно компетентен да давам за тој случај , се надевам што е можно поскоро истиот ке се реши .
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.662
Поени од реакции
5.347
Syn, во ред е тоа што го зборуваш за Морати, тоа е поштено,така како што велиш треба да биде..Но дали вистина е така, тоа ниту јас ниту никој не го знае..Не се знаат мотивите..Една работа..Морати е претседател на Телеком Италија( па од каде можат да стигнат снимките на Моџи со разговорите)..Втора работа, и Моџи си викаше дека никогаш нема да го фатат ама се излажа момчакот..А вервај ми дека ако местат еден ден се ќе излезе на виделина, како Калчополи што излезе..

А од Калчополи најголемиот пех го јаде Јувентус..Беа замешани и Фиорентина,Милан,Лацио и Реџина..Ако беше фер сите ќе играа во сериа б, не само Јуве..Ако си местеле сите треба да си ја платат казната..Ама неможе некој да плаќа друг само намалување на бодовите да добија, а еден две титули да им се одземат, да почнат со минус 17бода, и да бидат префрлени еден ранг подолу..Мислам не е фер..И доколку пак има местење во Сериа А, џабе Јуве го избација во Б,кога старата песна повторно се пее..А мислам дека Јуве испадна и политички во Италија..Одма дојде Проди на власт, и едно од првите реченици му беше вицот со Адриано и со Јувентус(мислам дека го знаете) и одма почна хајка против Јувентус,Милан,Лацио,Реџина,Фиорентина односно Моџи,Џираудо и Гигљи од Јувентус, Галијани и Берлускони химселф од Милан, Лотито од Лацио и браќата Дела Вале, сопственици на Фиорентина беа гласноговорници на десницата во Италија на чело на Берлускони..И со доаѓањето на Проди следуваше реваншизам.Лотито и Дела Вале се напраја “независни“ и им беше на некој начин простено, Галијани и на Берлускони химселф им беше прогледано местењето низ прсти да не остани апла..А Моџи(имал некој лични проблеми со Проди, уште од падот на Проди претходно(случувањата со Наполи,каде Моџи беше генерален исто така)) Затоа работите малку подлабоко треба да се разгледаат..Јувентус местеше, тука нема што да се спори, ама или за сите ќе важи правилото, или за никој...
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Убаво е човек кога фантазира , со оглед на бујноста на твојата фантазија , малце да те просветлам , Дедо Мраз не постои ,Гринч нема намера да го украде наредниот Божиќ така да кулирај . . . . .ахххх незнам како да ти го кажам следново али Бatman Begins не е вистинска приказна и фактите за Чак Норис се зафрканција . . . . .значи сеуште немаат измислено лек за рак , тоа со неговите солзи е заебанција . . . и тн и тн .

Brat pa ti navistina si imal problem so fantazijata. Sum slusnal mnogu glupi raboti na svetov ali ova e ..... KRAJ !!!:tapp:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Кај го прочита ова, можи да добиеме линк, или рекла казала е работава?Ама нејсе, и да е вистина..Јуве пред да појди во Серија б, имаше двојно повеќе навивачи од Милан, и а од Интер за 1/3тина двојно..И да загубиле еден милион како што тврдиш сепак имаат најмногу навивачи во Италија! А ако не ја научиле лекцијата од Јуве, никој не им е крив на Интер, ама мислам сега ќе престани сета хајка што се води против Милан и Јуве...Проди падна од власт, па ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата!:wink::helou:
Prodi bese glavnoto kopile koe ja zarcka celata rabota ( EHHHH ZLATEN BERLUSKONI DA SE VRATI ) :pos2:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.705
Поени од реакции
43.823
Brat pa ti navistina si imal problem so fantazijata. Sum slusnal mnogu glupi raboti na svetov ali ova e ..... KRAJ !!!:tapp:

Иронија , и неинтелигентните понекогаш ја сваќаат . . . . . понекогаш .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom