Исчезнати лица

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.498
Поени од реакции
7.048
Прочитај ги транскриптите, мислам дека не ги имаш прочитано и само нагаѓаш. Снимката ја имала и полицијата, и веќе им била сомнителна дека тој бил запалениот цитроен со Велешки таблици, ама не го поврзале со убиството на Вања. Истиот цитроен го виделе заедно со пикапот како возат накај Бразда, само на пикапот не можеле да ги видат таблиците. Таткото на снимката од пред зграда го забележал и пикапот и им го кажал како сомнителен. И тука клопчето почнало да се отклопува, пошто полицајците го препознале пикапот и го поврзале со претходната снимка.

А за цитроенот тој Гоце ваљда се распрашал и добил информација дека го виделе на сејф сити (не му ги покажале сликите) и тогаш (ова го нема нигде, само нагаѓам) ваљда побарале од пријатели да прегледаат снимки од Велес бензински пупми. Значи не оделе од пумпа до пумпа, туку замолиле повеќе пумпи да проверат дали има снимка од тој и тој цитроен. Мислам дека во тој момент случајот со Вања беше многу актуелен и секој би помогнал.
Автоматски споено мислење:

Како се викаше тој Србинот што даваше екслузивни снимки за случајов дали знае некој ?
Сам викаш снимката ја имала И полицијата. Како може било кој друг освен полиција и сопственикот да ја има? Како може пумпа на своја рака да дава информации на цивилно лице во врска камери? Како знаеле кој ден да го бараат на камера во Велес пошто нели возилото веќе неколку дена било во Скопје.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.412

Абе како може. Ете може. Прво и основно приватните камери по закон не можат да снимаат надвор од нивните имоти па ете го прават тоа. Како може е друго прашање.

Не знаеле кој ден да го бараат, ваљда рекле наназад да бараат неколку денови.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.708
Поени од реакции
6.074

Sekoj sto ima kameri i snimka vo posed, bi ja dal na roditel sto mu e isceznato deteto...
 
Е може ама и неможе баш. Небитно, ја стојам на мислење дека таткото, “кумот” и Палчо ја знаат целата приказна. Од мотив до нарачка и извршување. Во моментот како стои обвинението со тие докази на рекла казала Кешишев, таткото нема кривица. Се зависи по тоа Палчо како ќе се однесува и дали ќе пропее.

Осеќам дека обвинителството ќе сака да го затвори случајот со доживотни за извршителите, некои си 10 години за таткото кој многу веројатно нема да издржи ни една во ќумез него ќе си пресуди. И ќе биде килава пресуда врз база на килаво нелогично обвинение.
Автоматски споено мислење:

Sekoj sto ima kameri i snimka vo posed, bi ja dal na roditel sto mu e isceznato deteto...
Тоа треба да провериш дали е кривично дело. Во истрага се знае на кого се даваат такви информации. Од кај знаеш дека родителот е секогаш 100% чист па на ачик се да му дадеш?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.062
Поени од реакции
11.410
За девојчето воопшто немале трага. Апсолутно појма немале, ни најмала индикација немале. Најблиску што била полицијата во сомнежите е со теоријата дека Панче бил замешан во грабнувањето. Поради тоа што колата била на снимките пред зградата.

Све било големо изненадување за полицијата и поради тоа направиле почетни грешки во затворањето на истрагата. Се повеле од исказите на учесниците, кои очигледно биле инструирани од Палчо. Дека се работи за откуп и дека Александар му дојавил на Палчо и тука се направила збрка.
Во ред е тоа, тоа и зборувам кога напишав дека институцијата МВР потфрли во истрагата и комплетирање воопшто на доказите бидејќи се водеа од емоции, притисок од јавност и игра на случајност во отркивање и поврзување на едното со другото дело.

Таневски ти е само уште еден тажен пример, ако на тоа алудираш, во потфрлање на институциите во однос на поопсежна истрага - а не дека човекот не извршуваше убиства и не беше виновен.

НО, не е спорно дека можеби има поврзаност и/или само е спроведен планот на Палчо од страна на овие мамлазите па имаме две одвоени убиства од истите извршители *(без заеднички мотив и поврзаност).

Во случајот на Вања тоа не ја исклучува можноста за замешаност на родителите, за што имам многу голем сомнеж и што за жал (како и со замешаноста на други - надворешни лица) нема да се докаже до крај - особено ако еден од нив двајца не пропее скроз на скроз.

Да почекаме да видиме дали ќе се изнесуваат и други докази понатаму во судењето, за што не верувам, во однос на тие што се во обвинението.

Za da otvoris istraga mora da imas indicii za storeno krivicno delo, zatoa MORA obvinitelot da pise krivicno delo. Otposle moze i da go promeni deloto so dokazite koi gi pribral, zakonot go dozvoluva toa..
Колку што знам не го променија до крај, можда и сум грешка, но мислам дека со тоа обвинение е започнато судењето.
Треба само да им шлапнат најголеми пресуди што дозволува закон, штета нема смртна казна за убиство на деца. Тоа е најголемото злосторство воопшто што може да биде направено.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.412
Таневски ти е само уште еден тажен пример, ако на тоа алудираш, во потфрлање на институциите во однос на поопсежна истрага - а не дека човекот не извршуваше убиства и не беше виновен.
Таневски е контроверзен случај кој остава отворен простор за сомнеж. Прво осудија други деца за убиствата, па после апсењето на Таневски има уште едно слично убиство, сомнително самоубиство во кофа вода на осомничениот во првиот затворски ден и така натаму. Реков не знам детали за случајов, тоа што сум слушал гласини и интересна работа е што начекав некој форум странски, кај што се коментира навелико случајов. Ама не ми текиња искрено што и како.

И дефинитивно ако и овој случај продолжи како што почнал, ќе остави простор за сомнеж.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Не го пишува ова во транскриптите. Барем јас немам прочитано дека таткото наоѓа снимки од сејф сити. Пред зграда и од некоја бензиска. И дефинитивно да не бил таткото немаше да се реши злочинот. Тоа е главна причина што мислам дека не е замешан.
Токму тоа е главната причина зошто треба да мислиме дека е замешан.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.412
Токму тоа е главната причина зошто треба да мислиме дека е замешан.
Па зошто би сакал да се реши случај во којшто тој е вмешан. Кој би му бил мотивот. Александар Ѓорчевски е син на Зоран Ѓорчевски поранешен генерален директор на Интеримпекс. Покрај станот кој му го препишала Зорица после разводот поради некоја само нив позната причина, има во сопственост уште 3 станови на убави локации наследени од татко му (од кој еден е во близина кај што се преселиле Зорица и децата), викендичка од 300 квадрати во Кучково и мислам дека викендица во Маврово. Зошто воопшто би ризикувал вакво нешто за 30К колку што имала орочени Зорица.

Ако бил како што викаат наркоман и коцкар, зошто Вања често живеела кај него, која мајка би го дала девојчето кај наркоман и коцкар татко. Александар бил многу поприсутен во животот на децата и сите од Песталоци викаат дека бил добар и грижлив татко и дека он бил присутен во школото многу почесто него мајката. И самата Зорица кажува во судкиот претрес дека бил добар татко и дека не се сомнева дека е вмешан во ова. Воопшто после разводот имале здрав однос и немале никакви кавги. Без разлика што биле разведени, контактирале речиси на дневно ниво. Дури и мислам дека во периодот од 27ти Ноември до 3ти Декември живееле заедно.

Значи и јас на почеток кога ги слушав медиумиве што пишуваат за таткото имав такво мислење, ама како дознавам повеќе детали за случајов и за таткото, така повеќе си мислам дека нема врска таткото со киднапирањето.
 
Последно уредено:
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.493
Поени од реакции
4.252
Колку што знам не го променија до крај, можда и сум грешка, но мислам дека со тоа обвинение е започнато судењето.
Треба само да им шлапнат најголеми пресуди што дозволува закон, штета нема смртна казна за убиство на деца. Тоа е најголемото злосторство воопшто што може да биде направено.
Da go najdat oruzjeto, mozat uste 1 krivicno delo da prepisat na izvrsitelot (vo slucajov palco) dokolku ne poseduva dozvola za drzenje na oruzje..
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Па зошто би сакал да се реши случај во којшто тој е вмешан. Кој би му бил мотивот. Александар Ѓорчевски е син на Зоран Ѓорчевски поранешен генерален директор на Интеримпекс. Покрај станот кој му го препишала Зорица после разводот поради некоја само нив позната причина, има во сопственост уште 3 станови на убави локации наследени од татко му (од кој еден е во близина кај што се преселиле Зорица и децата), викендичка од 300 квадрати во Кучково и мислам дека викендица во Маврово. Зошто воопшто би ризикувал вакво нешто за 30К колку што имала орочени Зорица.

Ако бил како што викаат наркоман и коцкар, зошто Вања често живеела кај него, која мајка би го дала девојчето кај наркоман и коцкар татко. Александар бил многу поприсутен во животот на децата и сите од Песталоци викаат дека бил добар и грижлив татко и дека он бил присутен во школото многу почесто него мајката. И самата Зорица кажува во судкиот претрес дека бил добар татко и дека не се сомнева дека е вмешан во ова. Воопшто после разводот имале здрав однос и немале никакви кавги. Без разлика што биле разведени, контактирале речиси на дневно ниво. Дури и мислам дека во периодот од 27ти Ноември до 3ти Декември живееле заедно.

Значи и јас на почеток кога ги слушав медиумиве што пишуваат за таткото имав такво мислење, ама како дознавам повеќе детали за случајов и за таткото, така повеќе си мислам дека нема врска таткото со киднапирањето.
Види јас не ги познавам ниту Александар, ниту Зорица (иако имам такви личности во околина кои тврдат дека ги знаат кои се и што се, па се имам и од таму изнаслушано муабети) и се што коментирам тука е врз основа на моја некоја перцепција на сето тоа што се пласира низ медиумите. Не тврдам дека е така, туку формирам мислење и став врз основа на тоа што читам, гледам, слушам. И поаѓам од тоа дека нема идеално семејство и идеални односи меѓу брачни другари, а камоли пак идеални односи помеѓу бивши сопружници. Сепак верувам, дека какви и да биле чувствувале барем некаква емоција према нивните деца.

Изгледот лаже да, ама и многу кажува за некој каков е. Првично кога ќе го погледнам Александар, не ми остава впечаток на некој стабилен човек, туку ми личи на скроз лабилна личност и како таков можам да поверувам дека е коцкар и наркоман и поаѓајќи од гледна точка на таков психолошки профил мислам дека лесно може да западне во лихварски кругови. Он некако е вмешан во цела оваа приказна, ама не знам како. Некакви сознанија сигурно имал. Или закани, idk.

За Зорица зошто дава такви изјави на судењето, можна варијанта е дека е така подучена од адвокатот. А и реално жената има и друго дете за гледање, така да може и самата таа стравува за животот на другата ќерка.

Веројатно само Бог знае што и како се случило, ама имам многу нелогичности:
1. Како тоа таткото водејќи се од лични чувства отишол дури до Велес да бара камери? За какви лични чувства станува збор?
2. Понекогаш си мислам дека можеби Палчо е само извршителот, дека некако многу работи се спомнаа (он добивал пари од Швајцарија, девојчето се допишувало со некој од ИСИС, пикапот на десна партијата бил од некоја жена која заминала во Шведска)
3. Жена му на Палчо и мајка му на Гоце биле во роднинска врска?
4. Адвокатот на Александар е поврзан со адвокатот на Палчо? За ова еве тука прочитав, мислам дека генерал имаше пишано.
5. Сите ја барале ќерка му, он седел у кола и зборел дека е киднапирана и убиена.
6. Тргнал во правец накај бразда, наводно ќе идел накај граничен премин, ама заради огромната гужва одлучил да се врати. Сериозно?????? Па другарка да ми е исчезната пеш би тргнала да барам, а камо ли сопственото дете.

Има нешто....
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.838
Поени од реакции
36.877
4. Адвокатот на Александар е поврзан со адвокатот на Палчо? За ова еве тука прочитав, мислам дека генерал имаше пишано.
Со Палчо, не со адвокатотот на Палчо. Често пати биле видени заедно.
 
Пошто навивам да е невин таткото и искрено се надевам дека е така, ќе ти одговорам. Прво јас сум видел човек кој изгубил дете, кој претходно бил стабилен, етаблиран во општеството бизнисмен секогаш позитивен живахан, таков еден човек се претвара во зомби и на никој не му го посакувам да го доживее тоа.... Неможеш да судиш човек кој изгубил дете на изглед, никогаш.

За Зорица зошто дава такви изјави на судењето, можна варијанта е дека е така подучена од адвокатот. А и реално жената има и друго дете за гледање, така да може и самата таа стравува за животот на другата ќерка.

Веројатно само Бог знае што и како се случило, ама имам многу нелогичности:
Не е само Зорица, родители и наставници од Песталоци кажуваат дека човекот бил посветен на децата 100%. Зорица имала доверба стан да му препише, откако се развеле. Ти дали на маж од којшто си се развела и бил коцкар, и наркоман би му препишала стан ? Дали ти кај бивш маж кој е коцкар и наркоман би ги пуштила ќерките да живеат со него?

1. Како тоа таткото водејќи се од лични чувства отишол дури до Велес да бара камери? За какви лични чувства станува збор?
Класична новинарска дезинформација. Каде прочита дека отишол во Велес по снимки? Во сведочењето се кажува дека тој Гоце има луѓе насекаде и тој ги обезбедувал снимките. Најверојатно само им кажале каков цитроен бараат. Можеби кажал награда за снимките, можеби луѓето самоиницијативно му помогнале. Јас искрено да ти кажам да сум бил во таа ситуација, знаејќи ја добро случката (нели сите ја знаевме) би му излегол во пресрет.

2. Понекогаш си мислам дека можеби Палчо е само извршителот, дека некако многу работи се спомнаа (он добивал пари од Швајцарија, девојчето се допишувало со некој од ИСИС, пикапот на десна партијата бил од некоја жена која заминала во Шведска)
Можеби е така, но ова е многу малку веројатно, пошто прво и основно кој нарачува убиство на дете? А и кој превзема нарачка да убие дете. Ова е премногу лично.

3. Жена му на Палчо и мајка му на Гоце биле во роднинска врска?
Ова сеуште е шпекулација, кога ќе дојде време ќе дознаеме.

4. Адвокатот на Александар е поврзан со адвокатот на Палчо? За ова еве тука прочитав, мислам дека генерал имаше пишано.
Ова е шпекулација на еден адвокат од емисијата на Васко Ефтов, не можеме да знаеме колку е вистина. Според новинарот, додека бил судија Туфеџиќ често се среќавал со Палчо. И мислам дека кажа дека тој како судија водел некој негов предмет.

5. Сите ја барале ќерка му, он седел у кола и зборел дека е киднапирана и убиена.
Уште првиот ден посочиле за дечкото од Шведска, па дури и полицијата ја проверувала таа можност. И башка ти ако го знаеш своето дете, а биле поврзани доста, и ако знаеш дека нема шанса само од себе да се оддалечи, тогаш прво што ќе си помислиш е дека го киднапирал некој. А тоа што неќел да бара во станот во Капиштец и да вика дека е убиена, може да е во контекст дека додека ја бараме на погрешни места, ќе ја убијат. Премногу работи се погрешно пренесени за таткото во таа сеопшта сатанизација што ја спроведоа медиумите во потрага по бомбастични наслови.

6. Тргнал во правец накај бразда, наводно ќе идел накај граничен премин, ама заради огромната гужва одлучил да се врати. Сериозно?????? Па другарка да ми е исчезната пеш би тргнала да барам, а камо ли сопственото дете.
Ова се новинарски трансформации на кажаното, патот кон граница не води преку Бразда. Туку на одредено место се врти кон Бразда. Тој пат е само еден пат да се стигне до Бразда(дури е и подалечен) и во тој дел од денот не е најпаметно да се одбере за да стигнеш до Бразда, пошто има премногу гужва.

Еве јас се ставам на негово место одам да барам на граница и ме затекнува гужва... Почнувам да размислувам, колку време ќе ми треба да отидам до граница и назад, 2-3 саати, што би можел да видам и направам на граница, можда е попаметно да го искористам времето за нешто друго.

Ова ти е исто ко да речеш дека некој тргнал накај Драчево, а ти да го обвиниш дека сакал да отиде во Долно Лисиче преку Драчево уствари.
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Дали некој ја знај комплетната биографија на профилот на Палчо ,каде живеел ,кај учел кој му биле родители . ,со кој се дружел во младоста како пристапил во политиката кој го повлекол, кога се жени кога прави фирми ,дали бил ганстер локален мангуп дали продавал дрога со мијалков во деведестите такви работи ,ваљда некој го знај по скопјево не е паднат од марс.
Да видиме со каков профил на личност иаме работа.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.675
А шо се деси со возачот на Палчо, уште ли е во притвор?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.597
Поени од реакции
3.856
А шо се деси со возачот на Палчо, уште ли е во притвор?
Пуштен е одамна да се брани од слобода, максимум 3 месеци притвор е дозволено за она што беше обвинет
 
Kajgana Shop

На врв Bottom