Види јас не ги познавам ниту Александар, ниту Зорица (иако имам такви личности во околина кои тврдат дека ги знаат кои се и што се, па се имам и од таму изнаслушано муабети) и се што коментирам тука е врз основа на моја некоја перцепција на сето тоа што се пласира низ медиумите. Не тврдам дека е така, туку формирам мислење и став врз основа на тоа што читам, гледам, слушам. И поаѓам од тоа дека нема идеално семејство и идеални односи меѓу брачни другари, а камоли пак идеални односи помеѓу бивши сопружници. Сепак верувам, дека какви и да биле чувствувале барем некаква емоција према нивните деца.
Изгледот лаже да, ама и многу кажува за некој каков е. Првично кога ќе го погледнам Александар, не ми остава впечаток на некој стабилен човек, туку ми личи на скроз лабилна личност и како таков можам да поверувам дека е коцкар и наркоман и поаѓајќи од гледна точка на таков психолошки профил мислам дека лесно може да западне во лихварски кругови. Он некако е вмешан во цела оваа приказна, ама не знам како. Некакви сознанија сигурно имал. Или закани, idk.
Пошто навивам да е невин таткото и искрено се надевам дека е така, ќе ти одговорам. Прво јас сум видел човек кој изгубил дете, кој претходно бил стабилен, етаблиран во општеството бизнисмен секогаш позитивен живахан, таков еден човек се претвара во зомби и на никој не му го посакувам да го доживее тоа.... Неможеш да судиш човек кој изгубил дете на изглед, никогаш.
За Зорица зошто дава такви изјави на судењето, можна варијанта е дека е така подучена од адвокатот. А и реално жената има и друго дете за гледање, така да може и самата таа стравува за животот на другата ќерка.
Веројатно само Бог знае што и како се случило, ама имам многу нелогичности:
Не е само Зорица, родители и наставници од Песталоци кажуваат дека човекот бил посветен на децата 100%. Зорица имала доверба стан да му препише, откако се развеле. Ти дали на маж од којшто си се развела и бил коцкар, и наркоман би му препишала стан ? Дали ти кај бивш маж кој е коцкар и наркоман би ги пуштила ќерките да живеат со него?
1. Како тоа таткото водејќи се од лични чувства отишол дури до Велес да бара камери? За какви лични чувства станува збор?
Класична новинарска дезинформација. Каде прочита дека отишол во Велес по снимки? Во сведочењето се кажува дека тој Гоце има луѓе насекаде и тој ги обезбедувал снимките. Најверојатно само им кажале каков цитроен бараат. Можеби кажал награда за снимките, можеби луѓето самоиницијативно му помогнале. Јас искрено да ти кажам да сум бил во таа ситуација, знаејќи ја добро случката (нели сите ја знаевме) би му излегол во пресрет.
2. Понекогаш си мислам дека можеби Палчо е само извршителот, дека некако многу работи се спомнаа (он добивал пари од Швајцарија, девојчето се допишувало со некој од ИСИС, пикапот на десна партијата бил од некоја жена која заминала во Шведска)
Можеби е така, но ова е многу малку веројатно, пошто прво и основно кој нарачува убиство на дете? А и кој превзема нарачка да убие дете. Ова е премногу лично.
3. Жена му на Палчо и мајка му на Гоце биле во роднинска врска?
Ова сеуште е шпекулација, кога ќе дојде време ќе дознаеме.
4. Адвокатот на Александар е поврзан со адвокатот на Палчо? За ова еве тука прочитав, мислам дека генерал имаше пишано.
Ова е шпекулација на еден адвокат од емисијата на Васко Ефтов, не можеме да знаеме колку е вистина. Според новинарот, додека бил судија Туфеџиќ често се среќавал со Палчо. И мислам дека кажа дека тој како судија водел некој негов предмет.
5. Сите ја барале ќерка му, он седел у кола и зборел дека е киднапирана и убиена.
Уште првиот ден посочиле за дечкото од Шведска, па дури и полицијата ја проверувала таа можност. И башка ти ако го знаеш своето дете, а биле поврзани доста, и ако знаеш дека нема шанса само од себе да се оддалечи, тогаш прво што ќе си помислиш е дека го киднапирал некој. А тоа што неќел да бара во станот во Капиштец и да вика дека е убиена, може да е во контекст дека додека ја бараме на погрешни места, ќе ја убијат. Премногу работи се погрешно пренесени за таткото во таа сеопшта сатанизација што ја спроведоа медиумите во потрага по бомбастични наслови.
6. Тргнал во правец накај бразда, наводно ќе идел накај граничен премин, ама заради огромната гужва одлучил да се врати. Сериозно?????? Па другарка да ми е исчезната пеш би тргнала да барам, а камо ли сопственото дете.
Ова се новинарски трансформации на кажаното, патот кон граница не води преку Бразда. Туку на одредено место се врти кон Бразда. Тој пат е само еден пат да се стигне до Бразда(дури е и подалечен) и во тој дел од денот не е најпаметно да се одбере за да стигнеш до Бразда, пошто има премногу гужва.
Еве јас се ставам на негово место одам да барам на граница и ме затекнува гужва... Почнувам да размислувам, колку време ќе ми треба да отидам до граница и назад, 2-3 саати, што би можел да видам и направам на граница, можда е попаметно да го искористам времето за нешто друго.
Ова ти е исто ко да речеш дека некој тргнал накај Драчево, а ти да го обвиниш дека сакал да отиде во Долно Лисиче преку Драчево уствари.