Исхраната на нашите предци

Казаки

Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.314
Поени од реакции
1.500
Не постои храна која прави астрономски спајк на инсулин/шеќер и е здрава, па не од овошје, од што сака да е правен. Единствено нешто за кое сме сигурни, е тоа дека е помалце штетен од бел шеќер.
Не користеле шеќер, зошто бил скап и тешко достапен како денес, а не дека не бил здрав/нездрав.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
16.957
Поени од реакции
15.425
Не користеле шеќер, зошто бил скап и тешко достапен како денес, а не дека не бил здрав/нездрав.
Постот горе наведува на тоа дека се воздигнува продуктот, као нешто многу здраво, имаш и цитати - линкови поставени, ако сакаше да наведеш дека се користел како замена а не дека е многу здрав, зошто ги постави линковите?
 

Казаки

Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.314
Поени од реакции
1.500
Постот горе наведува на тоа дека се воздигнува продуктот, као нешто многу здраво, имаш и цитати - линкови поставени, ако сакаше да наведеш дека се користел како замена а не дека е многу здрав, зошто ги постави линковите?
Го зедов за пример маџунот затоа што темата е „Исхраната на нашите предци“, а не подфорум: Здравје и Убавина. Ги постирав линковите заради повеќе инфо меѓу кои и здравствени придобивки, но сега видов дека едниот е комерцијален линк (ако мислиш на ова, оправдана ти е забелешката). Потоа објаснав дека не го јаделе оти е здрав или не, туку дека тоа му нуделе условите.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.024
Поени од реакции
963
[QUOTE

Не постои храна која прави астрономски спајк на инсулин/шеќер и е здрава, па не од овошје, од што сака да е правен. Единствено нешто за кое сме сигурни, е тоа дека е помалце штетен од бел шеќер.[/QUOTE]

Се што е природно - не е штетно. Човекот е дел од природата, со милиони години се адаптирал на условите и храната на земјата (а покрај тоа е сештојад - има малку работи кои не може да ги јаде) така што храната и човекот се прилагодени како клуч (храна, воздух и течности) и брава (човечкото тело). Проблемот на денешницава е што наместо оригиналните клучеви премногу се користат “калаузи“, а тие ја оштетуваат “бравата“. Сето тоа е комбинирано со многу мала физичка активност и немање оптимизам и ведар дух (денес тоа го викат стрес). И стресот е вештачки генериран. Замислете се јавил стрес затоа што не работи телевизорот? Или оти не можете на детето да му купите патики од 200 евра? И слични глупости... А што да речеле нашите стари кои биле под постојана окупација (римска, турска, српска, грчка, бугарска и т.н.), во постојани војни во кои гинеле половината од родените деца, некои умирале од болести кои харале, гладот бил честа појава, качачките банди ја земале дури и облеката... Верувајте дека патиките нив би им биле најмалата грижа.
Пореметување на панкреасот во лачењето на инсулин не е предизвикано од шеќерот па каков и да е тој, туку тоа е своевиден “рак“ на панкреасот, а најмногу тој се оштетува од стрес и нервоза. Доколку е шеќерот виновен за болестите, како ќе го објасните фактот што има премногу луѓе кои јадат слатки работи, а се живи и здрави. Не би сакал да сугерирам теории на заговор, ама шеќерот е храна за мозокот и секој умствен напор (учење на пример) побарува консумирање на повеќе шеќер. И можеби затоа се пропагира дека шеќерот е штетен за човекот. А сиот шеќер е природен, неговото потекло е природно, тој е “дестилат“ од растенија кои го содржат. Вештачки се можда избелувачите и други хемиклии кои се користат во процесот на производство, а кои се сомневам дека се задржуваат во готовиот шеќер.
Истото се однесува на солта (глупаво е да се рекламира хималајска или не знам каква сол) затоа што составот е ист на солта (NaCl) па од каде и да е. Можеби најприродна сол е јадрата морска сол (па и хималајската) затоа што содржи и други минерали заробени во неа, поготово што немам верба во ситната сол за исхрана - имам приметено дека не соли како некогаш, јадењата не се солени и треба многу повеќе солда туриш отколку обично, па се сомневам дека сета сол е NaCl туку дека има дел од неа заменето со нешто друго, нешто што личи на солта, а не е тоа.
Исто е со ракијата - и таа е природен дестилат на растителни продукти :) А другите пијалоци - не сум сигурен што има во нив...
Штетно во сета храна е тоа што малку од продуктите се без хемија во нив (вештачки ѓубриња, пестициди, хербициди, загадувања во воздухот и почвата...) па со основната храна внесуваме и многу “ѓубре“. Другата штета е од преголемото беспотребно консумирање на храната (за тоа се делумно виновни “појачувачите на вкус“), односно во дисбалансот на внес-изнес / потрошувачка на храната, па станува едноставно загушување на телото со храна (а со повеќе храна се внесува и повеќе “хемија“).
Нашите стари многу од овие проблеми ги немале, затоа и биле поздрави. Покрај тоа природните извори на вода (чешми, бунари, кладенци и слично) се преполни со бактериофаги кои ги уништуваат штетните бактерии без последици и нус-појави за организмот и со 100% ефикасност. Не им требале антибиотици.
Затоа не ги напаѓајте природните продукти, само водете сметка да не се претерува. Умереноста во се' е главен императив на здравиот живот.
 
На врв Bottom