Исхраната на нашите предци

Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Името на темата го напишав општо, но повеќе ме интересира од што најчесто се состоела исхраната на нашите предци тука во периодот пред индустријализацијата и урбанизацијата по втората светска војна? Особено ме интересира периодот околу почетокот на 20-от век. Од моите дедовци немам ништо запамтено за жал, единствено дека едниот дедо како дете јадел доста често маштеница, ама ништо друго. Можам да претпоставам што се јадело, но сепак ме интересира поспецифично дали постојат пишани докази од тој период во кои што се спомнуваат делови за исхраната што ја практикувале нашите предци, лични дневници, белешки, писма итн. Благодарам однапред.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
"...гастрономското наследство претставува дел од материјалната култура (заедно со земјоделското, архитектонското и уметничкото наследство) и го вклучува сегментот на традиционално ниво на производство на разновидна храна – видови јадења.

Пример, изработка на традиционални или домашни и локални специјалитети (правење на питулици, комат, свирипиле, пастрмајлија, качамак – бакрданик, гравче тавче, разни видови зелници или мазници, разни погачи, проја, јадења од полжави, пити од коприва, дробсарма, турлитава, мусака, јанија, штаве, киселец, кукурек, чкембе чорба, ѓомлезе, ширден, разни посни јадења, разни обредни лебови – безквасен и квасен леб, разни млечни производи, разни месни производи, разни слатки, бесквасе и.т.н.)..."

"...Културата на исхраната на нашите далечни прадедовци по нивното населување на Балканскиот Полуостров не е доволно проучена. Меѓутоа може да се претпостави дека таа, барем во првите векови, се потпирала на традицијата пренесана од старата татковина. Во исхраната се користело се она што нивните основни занимања – земјоделството и сточарството, им го обезбедувале и она што природата им го нудела6 . Во почетокот на својот развој македонската кујна била ограничена во однос на користените продукти, технологии и асортимани. Денеска се карактеризира со значителна разновидност. Една од причините за тој развој е затоа што низ Македонија поминувале многу народи.

Тие извршиле влијание како врз културниот развој така и врз исхраната. Така например до XVII век, за македонската трпеза биле непознати едни од сега многу користените зеленчуци – домати, пиперки, компири.

Големо влијание врз нашата национална кујна имаат турците и грците поради долгиот и постојан контакт со македонскиот народ. Особено силно е ориенталното влијание на турската кујна. Тука се појавуваат “тешката црвена запржка” (запржени во многу маснотија кромид, брашно и црвен пипер). Тоа влијание се забележува во редица основни јадења, лутите јадења и многу сладките десерти. Многу од јадењата се превземени заедно со нивните називи кои се користат до ден денес. Дури и повеќе – тие создаваат специфичен облик на македонската национална кујна. Предјадењата се нарекуваат мезе (тур. meze). Карактеристичните и денес јадења во македонската кујна се јаниите (тур. yane), разновидни јадења од варени зеленчуци, компири, без или со месо. И денеска тоа е голема група на основни готвени јадења, се разбира прилагодени на македонски начин. Друго карактеристично јадење се кебапите (тур. kebap). Превземени од турците се и многу популарните ѓувечи (тур. guvec), јадења од месо и зеленчук приготвени во фурна, во специјални земјени садови. Називите на некои од овие асортимани се исто така турцизми (турли тава – со месо и различен зеленчук). Друга популарна група на јадења – мусаките (тур. musaka), се јадења приготвени од зеленчук и мелено месо. Некои субпродукти исто така се приготвуваат на ориентален начин – напримр ширденот. И чорбите (тур. corba) се исто така превземени од турската кујна. Многу ориентални или силно сладки десерти – баклава (тур. baklava), кадаиф (тур. kadaif), десерти од жито – ашуре (тур. asure), десерти од ориз – сутлијаш (тур. sutlias), пилав (тур. pilav) и други типично ориентални – локум, алва, тарана, погача, шеќер паре.

Од грците е земено помалку. Веројатно некои видови јужни овошја (лимони, калинки, костени и особено маслинки, дафинов лист - лорбер). Можно е некои од нив да се превземени и од турците. Масовно употребуваниот збор трпеза (маса на која се сервираат јадења) е грчка (грч. trapeza). Голема група јадења наречени плаке – тавичка, се смета дека се од грците – јадења кои што се приготвуваат од разни видови зеленчук без запржка, зачинети со кромид и оцет, поставени во тавичка и печени во фурна, се конзумираат ладни и се приготвуваат за време на топлите летни месеци за време на жетва. Влијание имаат и други странски традиции и кујни – француска, англиска, руска, унгарска – но тие не се од големо значење.

Треба да се напомене дека посебно влијание врз националната кујна извршила религијата, празниците и обичаите поврзани со неа. Особени ограничувања од религијата во однос на конзумираните храни нема. Месо и месни производи се ограничуваат или забрануваат од религијата во денови и периоди на постење. Разните видови на пости се причина за создавање на посебни видови посни јадења. ..."

извор; “Националната гастрономија како дел од туристичката понуда во Република Македонија ” - група автори

За историски извори треба да се пребара повеќе.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
За почеток на 20 век незнам точно, но за периодот околу втора светска војна, пред користењето на фрижидерите знам за некој начини за чување на храната.

Свинското месо се чувало во качиња со солило и тоа многу солило. За да се употреби морало претходната вечер да се отсоли во вода. Го правеле со исто така солени пиперки :), така да можете да претпоставите колку било тоа јадење солено.

Друг начин на чување на свинското месо било во сало, знам дека порано се употребувале качиња, а покасно и стаклени тегли. Свинското месо го ставале под вршник, во тави и откако ќе се стопи (најверојатно и полуподготвено или скроз подготвено) се реди во качиња и на крај се залева со сало и се затвора херметички.

Пред зима колеле и овци, тие што не се плодни или пак некој брав што му паднала силата. Месото го солеле и го сушеле над огништето. Тоа месо е пастрма и се разбира од него се правело пастрмајлија

Имам слушнато иако ми е малце неверојатно, дека во Мариово на пролет подготвувале земјени садови со потквасено кисело млеко и го затворале херметички со тесто, и така подготвени ги чувале цело лето и го јаделе наесен и во зима. За ова ако има некој повеќе сознанија интересно би било да го потврди или да го негира.

Исто така ми се чини дека овај начин на чување на месото најверојатно потекнува од многу, многу одамна, најверојатно и пред да дојдат гравот, доматите, пиперките и компирите во Македонија.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265

Се е точно. И она за киселото млеко. Само што садовите се менувале во склад со технологиите (подоцна биле тегли). А за млекото знам дека истото го правеле и во Бугарија - пред повеќе од дваесет години бев на летување на Црно Море и ги видов теглите со кисело млеко спремани за “зимница“. Жената од другарот со кого бевме по потекло од Мариово ми кажа дека тоа се правело и кај нив исто. Газдите кај кои бевме сместени инаку беа по потекло од Егејска Македонија :) . Така да - тоа е типично македонски “специјалитет“.
Солењето и сушењето на месото било насекаде во светот применувано и не е наша измислица. А мора да биде доволно солено месото за да не се расипе (помалку или повеќе зависи од вкусот, но во секој случај - доволно солено). Денес од “докториве“ солта (и шеќерот) е прогласена за штетна. А факт е дека ниедно од обвинувањата на нејзина сметка не се вистинити - на човекот му е неопходна солта за живот. Солта и делумно шеќерот се продукти со најмалку човечки интервенции и хемикалии (и во солта освен јодот друго и нема ништо додадено).
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Друга работа што ми имаат кажувано е дека еден мој прадедо, во зима денот го почнувал со попара со вино.

Исто така во овај период се варела кршена пченка со вода со пепел. Незнам зошто ставале пепел, можеби било тоа архаичен метод за да неутрализираат некој токсини или за да балансира pH вредноста во телото.

Сушеле многу работи, се разбира обавезно пиперки, ама и сливи, домати, бамија и други зеленчуци и овошје.

Овошјето го чувале во слама, ред овошје, ред слама.

Абе @Anco кај си? Ти си постар од нас сигурно имаш што да кажиш на темава.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Друга работа што ми имаат кажувано е дека еден мој прадедо, во зима денот го почнувал со попара со вино.

Исто така во овај период се варела кршена пченка со вода со пепел. Незнам зошто ставале пепел, можеби било тоа архаичен метод за да неутрализираат некој токсини или за да балансира pH вредноста во телото.

Сушеле многу работи, се разбира обавезно пиперки, ама и сливи, домати, бамија и други зеленчуци и овошје.

Овошјето го чувале во слама, ред овошје, ред слама.

Абе @Anco кај си? Ти си постар од нас сигурно имаш што да кажиш на темава.
Пепел се става за да падне лушпата од зрната и да оменке зрното, пробај свари ја без пепел (обичната пченка, не шеќерец што ја продаваат сега) како сачми да јадеш ќе биде тврда :)[DOUBLEPOST=1546779605][/DOUBLEPOST]
Се е точно. И она за киселото млеко. Само што садовите се менувале во склад со технологиите (подоцна биле тегли). А за млекото знам дека истото го правеле и во Бугарија - пред повеќе од дваесет години бев на летување на Црно Море и ги видов теглите со кисело млеко спремани за “зимница“. Жената од другарот со кого бевме по потекло од Мариово ми кажа дека тоа се правело и кај нив исто. Газдите кај кои бевме сместени инаку беа по потекло од Егејска Македонија :) . Така да - тоа е типично македонски “специјалитет“.
Солењето и сушењето на месото било насекаде во светот применувано и не е наша измислица. А мора да биде доволно солено месото за да не се расипе (помалку или повеќе зависи од вкусот, но во секој случај - доволно солено). Денес од “докториве“ солта (и шеќерот) е прогласена за штетна. А факт е дека ниедно од обвинувањата на нејзина сметка не се вистинити - на човекот му е неопходна солта за живот. Солта и делумно шеќерот се продукти со најмалку човечки интервенции и хемикалии (и во солта освен јодот друго и нема ништо додадено).
Шеќер јаделе далеку помалку од ние денес, благо скоро и да не конзумирале на дневно ниво (во Мариово викаат дека радост била ако добијат за празник или кога се одело на пазар од белите шеќерчиња, лутите), а солта од месото ја миеле пред да го готват.
Инаку чадено, сушено и солено го чувале и правеле месото, во моја фамилија си правеле и домашни колбаси, други производи се кисели зелка, пиперки, домати (што би рекле по нашки „сторена зелка“, “сторени пиперки“), сушени нижани пиперки, ржан леб (Мариовско барем поради што е планинско место не успевала толку пченицата и затоа сееле Рж), кромид, лук, јајца од кокошките, домашни млеко и сирење и во принцип тоа е тоа, основни работи, летно време она што ќе се роди во бавчата, овошје особено изобилува тој регион со круши, ореви, костени, винце и ракија :) живот до 100ка и назад :D
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Добро ракијата е институција на Балканот (@Mich0MKD ), баш сега пиев една домашна жолта со оревчиња за здравје, пред повеќе години пијав една со проплис за бубрези, снаа ми пие една специјално припремена како лек за тироидна жлезда.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Пепел се става за да падне лушпата од зрната и да оменке зрното, пробај свари ја без пепел (обичната пченка, не шеќерец што ја продаваат сега) како сачми да јадеш ќе биде тврда :)[DOUBLEPOST=1546779605][/DOUBLEPOST]
Шеќер јаделе далеку помалку од ние денес, благо скоро и да не конзумирале на дневно ниво (во Мариово викаат дека радост била ако добијат за празник или кога се одело на пазар од белите шеќерчиња, лутите), а солта од месото ја миеле пред да го готват.
Инаку чадено, сушено и солено го чувале и правеле месото, во моја фамилија си правеле и домашни колбаси, други производи се кисели зелка, пиперки, домати (што би рекле по нашки „сторена зелка“, “сторени пиперки“), сушени нижани пиперки, ржан леб (Мариовско барем поради што е планинско место не успевала толку пченицата и затоа сееле Рж), кромид, лук, јајца од кокошките, домашни млеко и сирење и во принцип тоа е тоа, основни работи, летно време она што ќе се роди во бавчата, овошје особено изобилува тој регион со круши, ореви, костени, винце и ракија :) живот до 100ка и назад :D
Не јаделе шеќќер, ама јаделе мед ;)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Све било турско....к***ц...тоа племе облечено у шалвари што живеело у шатори и донело гастрономска култура на најнапредната цивилизиација на планетата во моментот....жими Стојан...

Го гледав прееска Рене Реџепи у Истанбул. У локална слаткарница, мајсторите со нозе го газеа крутото тесто за баклава...врз крпи додуша, ама засекогаш ме истераа од све шо асоцира на "турска кулинарска" "култура"...
 
И тоа е подобро од правење татар-бифтек (древниот оригинален татарски начин).
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
881
Поени од реакции
1.403
од баба ми знам
леб намачкан сало и црвен пипер
зимници како расолница, туршија
леќи гравови
и по некое мевце чат пат
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
од баба ми знам
леб намачкан сало и црвен пипер
зимници како расолница, туршија
леќи гравови
и по некое мевце чат пат
Леб со салце и црвена пипер (и сол - нормално) и сега си јадам понекогаш. Нема поздрава храна :)
И џимиринки :)
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Наместо денешниот бел индустриски шеќер, кој спаѓа во групата на 5те бели смрти, користеле маџун, посебно во кавадаречкиот/тиквешки крај.

Јадете маџун и заборавете на лекар

Маџунот преставува концентриран сок од шира, на која е извршена делумна дехидратација. Се добива од висококвалитетни сорти на винова лоза, по рецептура позната уште на нашите предци.

Гроздовиот мед е природен енергетски пијалок. Тој содржи природни шеќери, гликоза и фруктоза, кои веднаш се апсорбираат во крвта, преку која се транспортираат низ целото тело. На тој начин се обезбедува неопходната енергија за работа на мускулите, особено за правилно функционирање на срцевиот мускул.

Маџунот преставува одлична замена за сахарозата ( белиот шеќер) и треба да се користи како природен засладувач на напитоци, чај, млеко или како прелив за десертите. Тој е природен антиоксиданс, богат е со таниски материи, флавоноиди, органски киселини, хидросолубилни витамини( Б1, Б2, Б6, Ц) и минерали (К, CA,NA, P,FE). Се препорачува за подобрување на општата здравствена состојба, како и за подобра концентрација.

Делува на зајакнување на имунитетот кај деца, возрасни и спортисти како и кај лица со зголемен психофизички напор. Помага при настинка и инфекции на респираторниот тракт. Најдобро е да се употребува превентивно, со цел да се избегнат непријатните настинки. Помага и при лекување на хепатитис, цироза, депресија. Маџунот преставува и природен диетски производ што дава одлични резултати кај лица со прекумерна тежина. Гроздовиот мед – маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Се препорачува во доза од 5о- 100 мл/ден.

http://moezdravje.com/jadete-madhun-i-zaboravete-na-lekar/
Тиквешки маџун – чудото од природен лек за кој пишуваше и BBC

http://kim.com.mk/tikveski-madzun-cudoto-od-priroden-lek-za-koj-pisuvase-i-bbc/
Користам веќе неколку месеци, домашен кавадаречки, не купечки. Фантазија... посебно за енергија, после тренинг!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Леб со салце и црвена пипер (и сол - нормално) и сега си јадам понекогаш. Нема поздрава храна :)
И џимиринки :)
[DOUBLEPOST=1547516940][/DOUBLEPOST]
Денес од “докториве“ солта (и шеќерот) е прогласена за штетна. А факт е дека ниедно од обвинувањата на нејзина сметка не се вистинити - на човекот му е неопходна солта за живот. Солта и делумно шеќерот се продукти со најмалку човечки интервенции и хемикалии (и во солта освен јодот друго и нема ништо додадено).
:icon_lol::popce:[DOUBLEPOST=1547517333][/DOUBLEPOST]
Наместо денешниот бел индустриски шеќер, кој спаѓа во групата на 5те бели смрти, користеле маџун, посебно во кавадаречкиот/тиквешки крај.

Користам веќе неколку месеци, домашен кавадаречки, не купечки. Фантазија... посебно за енергија, после тренинг!
Не постои храна која прави астрономски спајк на инсулин/шеќер и е здрава, па не од овошје, од што сака да е правен. Единствено нешто за кое сме сигурни, е тоа дека е помалце штетен од бел шеќер.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom