Браќа Македонци,еве уште една добра вест:
Наскоро македонско радио и весник во Грција
Отворање на радио програма на македонски јазик, издавање на печатен весник и низа други културни настани најавува партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“.
Петрос Спирис од Виножито за А1 вели дека не очекува ваквата нивна иницијатива да наиде на забрана од страна на грчките власти, иако официјална Атина не го признава постоењето на македонското малцинство и јазик.
„Дојде времето да се прошири во цела Егејска Македонија, а и во местата кај што се зборува јазикот и сакаме да дадеме нова сила на нашиот народ, да го учи јазикот македонски. Веруваме дека на пролет за некој месец ќе го издадеме. Јас лични не верувам дека ќе имаме некој притисок од нив. Ние така си го нарекуваме јазикот тие што сакаат нека си велат“, изјави Петрос Спирис.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=121226