Истанбулскиот канал ќе биде еден од најголемите проекти на изминатите векови

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Турција ќе копа нов „Панамски канал“

Ердоган ќе гради канал што ќе го засени Панамскиот

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави вчера дека Турција ќе ископа канал меѓу Црното и Мраморното Море со цел да се олесни сообраќајот низ протоците Босфор и Дарданели, односно низ Истанбул.
Истанбулскиот канал ќе биде еден од најголемите проекти во изминатите векови и ќе ги засени Панамскиот и Суецкиот канал", изјави Ердоган. Ова ветување дојде во момент кога неговата Партија на правдата и развојот води кампања за трета победа на парламентарните избори, закажани за 12 јуни.
Студиите за овој проект ќе траат две години и ќе почнат да се работат веднаш по изборите, изјави Ердоган. Тој, меѓутоа, не кажа колку изградбата на тој канал ќе чини и кој би учествувал во нејзиното финансирање. Ердоган појасни дека каналот ќе биде долг 40 до 50 километри, широк 50 метри, а длабок 25.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A84DBB8052B7D84EBCB31C03B811C810

http://press24.mk/story/svet/turcija-kje-kopa-nov-„panamski-kanal“
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Абе нели си имаше природен канал таму? Шо ќе им е да копаат, да не им е тесен тој?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135

А бе ретардирана работа.
Природниот канал е доволно голем за да поминат и најголемите танкери на нафта.
Бродовите кои поминуваат низ Дарданелите не се ни приблжино онолку на број колку што поминуваат низ Суец или Панама.

Најверојатно е некоја политичка изјава за кревање на рејтингот...
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Турција ќе копа нов „Панамски канал“

Ердоган ќе гради канал што ќе го засени Панамскиот

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави вчера дека Турција ќе ископа канал меѓу Црното и Мраморното Море со цел да се олесни сообраќајот низ протоците Босфор и Дарданели, односно низ Истанбул.
Истанбулскиот канал ќе биде еден од најголемите проекти во изминатите векови и ќе ги засени Панамскиот и Суецкиот канал", изјави Ердоган. Ова ветување дојде во момент кога неговата Партија на правдата и развојот води кампања за трета победа на парламентарните избори, закажани за 12 јуни.
Студиите за овој проект ќе траат две години и ќе почнат да се работат веднаш по изборите, изјави Ердоган. Тој, меѓутоа, не кажа колку изградбата на тој канал ќе чини и кој би учествувал во нејзиното финансирање. Ердоган појасни дека каналот ќе биде долг 40 до 50 километри, широк 50 метри, а длабок 25.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A84DBB8052B7D84EBCB31C03B811C810

http://press24.mk/story/svet/turcija-kje-kopa-nov-„panamski-kanal“
ne e samo toa, so si ova ke se gradi i uste eden grad vo Istanbul

Истанбул на два града

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4201171801&id=11&prilog=0&setIzdanie=22262

Турција моментално е 17 та водечка економија,а во 2023 година ќе биде меѓу десетте најголеми економии во светот

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/erdogan-turcija-vo-2023-godina-ke-bide-megju-desette-najgolemi-ekonomii
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Ке се гради или ке се подели Истамбул на два града?
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Ке се гради или ке се подели Истамбул на два града?

Da planiraat da go podelat 17 milijonskiot grad na evropski i na aziski del a vo edno i da se gradi,so sto ke bide olesneto nivnoto upravuvanje..
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
А исто така, нон-стоп им мрчат еколошките организации, дека танкерите можеле да го загрозат еко-системот на Босфор, па можеби една од причините да е и тоа. А, и всушност мислам дека е и ограничен бројот на танкери, кои можат да поминат во една година низ Босфор, па со ова, нема да поминуваат во сред град, ќе нема никакви забрани и ограничувања.
Инаку, тоа дека ќе биде во првите 10 економии, тоа е само во прашање на време, па со ова им е шанса да ја покажат нивната моќ.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Датум: 11.05.2011, 16:14

Ердоган објави проект за два нови града околу Истанбул

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави денеска нов проект за изградба на два големи градови околу Истанбул со цел избегнување на опасности од евентуален земјотрес.
- Ќе почнеме со изградба на два нови града во Истанбул по изборите на 12 јуни, изјави Ердоган. Едниот град ќе биде во европскиот дел од Истанбул, а другиот во иазискиот дел на градот.
Секој ќе биде со население од околу еден милион жители. Според Ердоган тоа е начин да се спречи евентуален земјотрес да убие десетици илјади луѓе. Во Истанбул сега живеат околу 15 милиони луѓе. Градежните работи би требало да почнат во 2012 година.
- Целта на тој проект е да се направат станбени зони во безбедни реони, изјави Ердоган. Преместувањето на жители од Истанбул во тие два нови града ќе биде на доброволна основа.
Во крајот на април Ердоган најави и проект за изградба на канал кој ќе ги поврзува Црното Море со Мраморното Море со цел да се олесни бродскиот сообраќај низ Босфор. Каналот е предвидено да се заврши во 2023 година за 100-годишнината од создавањето на турската република. На 12 јуни во Турција ќе се одржат парламентарни избори.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5167D40031691643B317BB2A986AD29E
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Срамота за Ердоган ,знае ли тој дека сега во мода е изградба на градски плажи и споменици? А особено премиерите тоа го прават , и се гордеат со тоа, најлесно така се добиваат избори, а не со изградба на автопатишта , градови или канали за морски сообраќај.

На страна иронија, Ердоган е голем човек , тој се занимава со големи проекти. А малите владетели се занимваат со градски плажи и канти за ѓубре, а тоа го рачунаат за најголем животен достиг.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.520
Добра идеја. Оној природниот канал е веќе закрчен од многу теретни бродови и ова секако ке ја олесни комуникацијата и транспортот на стока.

Само баш за двата нови града не сум сигурен. Нели е тоа трусно подрачје?
 
М

Мартин`

Гостин
Срамота за Ердоган ,знае ли тој дека сега во мода е изградба на градски плажи и споменици? А особено премиерите тоа го прават , и се гордеат со тоа, најлесно така се добиваат избори, а не со изградба на автопатишта , градови или канали за морски сообраќај.

На страна иронија, Ердоган е голем човек , тој се занимава со големи проекти. А малите владетели се занимваат со градски плажи и канти за ѓубре, а тоа го рачунаат за најголем животен достиг.
Македонија и Турција ги рамниш ? браво бе 'експерту' ќе те биде ..
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Македонија и Турција ги рамниш ? браво бе 'експерту' ќе те биде ..
Уште малку и со САД ќе не рамнит смотаниот...:tapp:

Абе
Dardan-ia, а Албанија и Косово каде се од сето ова???
 
Слушнав дека сега Грујо по примерот на Ердоган ќе градел канал кој ќе ги поврзува источниот и западниот дел на Македонија. За жал другите соседи биле неспособни за таков подвиг.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Добри сте во препознавање, јас не спомнав ниедна држава , а вие погодивте со затворени очи, ете гледате дека со канти за отпадоци и споменици полесно се добиваат гласови. Ердоган би требало да ги изгуби изборите, пошто тој работи сосема друго, или можеби турците се поинаков народ, се палат на други ствари.

Македонија и Турција ги рамниш ? браво бе 'експерту' ќе те биде ..
Како можат да се рамнат, јас ќе ти кажам, моја експертиза:

- Ако Ердоган гради канал долг 50км , не велам дека и кај нас треба да се изгради, но може да се изгради трамвај линија од 10км.

- Ако Ердоган гради два нови града за да се ублажат последиците од евентуален земјотрес, ние можеме да изградиме две нови населби за жителите од приградските населби во Велес или Тетово каде се лизга земјиштето , и постои опасност од некоја катастрофа.

Гледаш дека можеш да се споредиш, со било кого.

Уште малку и со САД ќе не рамнит смотаниот...:tapp:

Абе
Dardan-ia, а Албанија и Косово каде се од сето ова???
Можеме и со САД, зошто не би, просечно си иде тоа споредувањето, ако тие можат да изградат 10.000км патишта , ние би требало барем 50км да изградиме. А за споменици и канти за ѓубре американците се миниатурни во споредба со нас.
Албанија и Косово се споредуваат со Турција, сите овие земји последните години си ги пробиваат планините и си градат автопатишта.

Слушнав дека сега Грујо по примерот на Ердоган ќе градел канал кој ќе ги поврзува источниот и западниот дел на Македонија. За жал другите соседи биле неспособни за таков подвиг.
Да да , најголемиот канал во светот - наречен Вардар, каде пливаат лешеви, уште малце ќе почнат да го проколнат Господ што ни го дал Вардар, пошто не можеме мостови да изградиме.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Добри сте во препознавање, јас не спомнав ниедна држава , а вие погодивте со затворени очи, ете гледате дека со канти за отпадоци и споменици полесно се добиваат гласови. Ердоган би требало да ги изгуби изборите, пошто тој работи сосема друго, или можеби турците се поинаков народ, се палат на други ствари.

Како можат да се рамнат, јас ќе ти кажам, моја експертиза:

- Ако Ердоган гради канал долг 50км , не велам дека и кај нас треба да се изгради, но може да се изгради трамвај линија од 10км.

- Ако Ердоган гради два нови града за да се ублажат последиците од евентуален земјотрес, ние можеме да изградиме две нови населби за жителите од приградските населби во Велес или Тетово каде се лизга земјиштето , и постои опасност од некоја катастрофа.

Гледаш дека можеш да се споредиш, со било кого.

Можеме и со САД, зошто не би, просечно си иде тоа споредувањето, ако тие можат да изградат 10.000км патишта , ние би требало барем 50км да изградиме. А за споменици и канти за ѓубре американците се миниатурни во споредба со нас.
Албанија и Косово се споредуваат со Турција, сите овие земји последните години си ги пробиваат планините и си градат автопатишта.

Да да , најголемиот канал во светот - наречен Вардар, каде пливаат лешеви, уште малце ќе почнат да го проколнат Господ што ни го дал Вардар, пошто не можеме мостови да изградиме.
Работата е што правиш глупави споредби, ги рамниш гигантните земји со Македонија,Албанија, и Косово, по која логика ние или вие можеме да се споредуваме со САД и Турција?? Тие земји се силни и развиени земји, па Турција е 16та економија во светот, има многу јака економија, а за САД да не прам муабет, така да политичарите во Македонија,Албанија и Косово и да сакат да направат нешто повеќе,неможе, толку е економијата и силата на овие земји.. А пред неколку години Македонија беше многу многу по напредна земја од Албанија, па можам да кажам дека и сега не се разликуваат, добро сега Албанија има и море, ама во никој случај не се по развиени од Македонија..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom