Значи муслимани кога се креваат во воздух во името на Аллах, тоа е заради околината?
Некој така ги научил, гледале и учеле од тие околу нив???
Па така кажи, и јас мислам така!
Многу мудрости на темава, многуууу
Околината е главниот фактор за девијантни понашања.
За пример:Човекот можи генетски да е склон од своето поколение за рак на дебелото црево.Значи покажува склоност кон тоа,но ако доволно се грижи за своето здравје,здрава прехрана,намален стрес....веројатно нема да го добие.
Факторите на околината се најбитни и тоа не е мудрост.Така и со хомосексуалците,така и со ред други девијантни понашања.
Тие што се креваат во ваздух тоа не е од ислам(бидејќи исламот строго го забранува самоубиството како и убиството на невини луѓе).
Значи,некој како што милуваш да кажиш “ги научил“
--- надополнето: 12 декември 2012 во 19:41 ---
Концепт на сезнаен и семоќен бог, знаеш ли што е? Бог кој ги знае сите можни исходи и е над времето (сезнајност) и бог кој има способност да влијае и да ги менува тие исходи (семоќност).
Ако овие две особини не се дел од богот, тогаш тој не е семоќен, толку е едноставно. Е сега, штом твојот бог е совршен, зошто казнува? Казната е акт со кој се санкционира дело кое е против волјата и намерата на казнувачот, со што по автоматизам казнувачот го става во категорија на несовршеност, бидејќи постои нешто кое не е дел од неговата промисла и волја.
Зошто бог казнува,зошто постои зло е многу длабока тема.Би сакал да се отвори една таква и да дискутираме на тоа.
Вака само за интро:
Што мислиш,ако не постои злото дали ќе си способен да знаеш што е добро?
Објасни ми што е добро а што зло?
На ова прашање секој ќе ти даде различен одговор во склад со неговите ставови(пр:За мене хомосексуализмот е зло,за тебе не е.За некого алкохолизмот е добар , за некого не...).
Бог е сезнаен.Од тука стартуваме со фактот дека бог знае она што ние не можеме да знаеме.Затоа кога бог ни пренесува дека тоа е зло,тогаш е зло.
Зезната тема и би фатиле премногу оф топик.Затоа,отворете нова тема на ова прашање па ќе се дискутира.