Искушение

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Она од што Човек е разочаран во самиот себе(од внатре)..од она што (не)го поседува во неговата личност..одредува од што е искушуван на надворешната страна...На тој начин се открива и неговата природа..и слабост да падне не првата замка..
Решението...да се сметаш себе си за мртов..кон секој инстинкт,импулс и желба на телото..што во суштина е скоро невозможно..така да борбата трае до крајот на телото
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Карактерот и јачината на љубовта се неменливи величини?Траат вечно или примаат варијации?:)Со останатото се согласувам.
Муабетот не ми е дали ќе изневериме,туку како ќе живееме со борбата во себе да не подлегнеме на секојдневни предизвици и искушенија?Дали е подобро да си признаеме на себе си и светот дека едноставно не сме кодирани да бидеме перфектни во однос на љубовта и со тоа да ги намалиме очекувањата од нас?
Хм, ај да размислиме вака. Родителите ни се заедно мнооогу години и сигурно и они имале искушенија али како што можеме да забележиме повеќето не подлегнале на нив. Како успеале пак они, што сме ние повеќе па да не можеме да издржиме?Дали зависи и од времето во кое живееме? Ама пак времето во кое живееме го градиме ние нели!?
Кодирани сме да постои љубов, а тој однос си го одредува секој човек за себе...
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
11.825
Размислувањето е убаво.Истото тоа општество ја прави таа прељуба само што тоа треба да се прави на таен начин и никој да не знае:)
Мислам дека не е страшен чинот на прељуба како таков,туку последици од заљубување во друга личност,па разводи,судови,трауми за деца.Убава тема секоја чест:smir:
Одлична тема во секој случај. Ако можат партнерите да се договорат да бидат заедно и кога ќе посакаат да бидат со други да го направат тоа е ок, но се појавува проблемот со вљубување, повеќе ќе сакаш да бидеш со тој во кого си се заљубил а никој не е имун на вљубување, навистина комплицирано. Иначе ако скришно, без да знае партнерот, имаш односи со други а на партнерот тоа му пречи, тогаш мислам дека подобро е да се воздржуваш затоа што не вреди да го изгубиш некого што ти значи и го сакаш поради секс(ако е само секс во прашање, ако не се вљубиш). А се случува да те запали некоја женска/маж(чисто она страст) но сепак партнерот да го сакаш и да ти значи премногу....тогаш треба да се донесе одлука дали ке се воздржуваш и ќе бидеш заедно со партнерот или раскини па удри на секс со што е можно повеќе, само немој да го лажеш и да го правиш "будала", навистина не е фер...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хм, ај да размислиме вака. Родителите ни се заедно мнооогу години и сигурно и они имале искушенија али како што можеме да забележиме повеќето не подлегнале на нив. Како успеале пак они, што сме ние повеќе па да не можеме да издржиме?Дали зависи и од времето во кое живееме? Ама пак времето во кое живееме го градиме ние нели!?
Кодирани сме да постои љубов, а тој однос си го одредува секој човек за себе...
Убава компарација.
Патем зарем има некој каде родителите му се сеуште вљубени?:))Неможеме да знаеме низ што поминале и дали подлегнале под искушенија,секој знае само за себе.Нели е подобро да признаеме дека сме несовршени и секој добро да го запамети тоа,за да нема длабоки разочарувања во животот?Од каде толку голема сигурност дека цел живот ќе можеш да се бориш?
Времето и условите го создаваме ние,мислам дека дојде време на реално гледање на работите.Кога бев слободна и на твои години го имав речиси твојот став.Сега нешто ми вика дека сум грешела :)
Дали искушенијата се поприсутни кога сме во врска или кога немаме обврска?

п.с.Одлични мислења на темава со кофа зелени ќе ви фрлам:)Ми се полни душата на убави муабети,кој во последно време ги нема.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
11.825
Кога сме во врска искушенијата дефинитивно се поголеми, еве пример мене никад ми се нема пуштано женска, секогаш сум морал јас....сега имам 6 годишна врска и се случува женски да ми се пуштаат мене, плус се деси да ми се пушта и бисексуалка(ние машките посебно ги сакаме нив хехехех)...е сега прашањето е што сакам јас во животот, да бидам со таа што ја сакам со која што сум, која ми е најдобар другар и најдобар љубовник и во добро и во лошо или да се расфрлам со сперма наоколу а по цена да ја загубам таа што ја сакам....треба да се биде храбар во животот, храбро да ги издржис искушенијата или храбро да ја прекинеш врската па да си правиш ќеиф....лажење, криење се многу ниски работи а ако им подлегнеш на ниските работи тие ќе имаат власт над тебе, тогаш престануваш да бидеш човек туку како што вели еден писател:"аморфна маса на случајно поврзани атоми" без чест и достоинство....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
... се случува женски да ми се пуштаат мене, плус се деси да ми се пушта и бисексуалка(ние машките посебно ги сакаме нив хехехех)...е сега прашањето е што сакам јас во животот....,
Пуштај ми ги мене, јас сум со слаб, никаов карактер и брзо и ефтино подлегам на искушенијата.
Немам проблеми со совести емоции и останати сетила.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
11.825
Пуштај ми ги мене, јас сум со слаб, никаов карактер и брзо и ефтино подлегам на искушенијата.
Немам проблеми со совести емоции и останати сетила.
А кој рече дека јас сум со јак карактер хехехехех
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Искрено не се сложувам со некои делови.Колку и да ти е нај-нај убаво со партнерот секогаш ќе бидеш на момент искушен.Сакаш да кажеш дека пако некоја ми се пушта и е убава и фина и се најдобро јас ќе си го барам искушението?Едноставно мислам дека човекот е во искушение баш затоа што е човек,а не робот.Сега мислам дека индивидуално е колку и кој може да го издржува тоа искушение.Мое мислење се разбира и не барам да се прифати како точно:)
Ако ти е нај-нај убаво со партнерот,тогаш кој и да ти се пушта,воопшто нема ни да забележиш дали и фина или убава,кога мислите и срцето ти се на друго место,нема ни внимание да и обрнеш:helou:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако ти е нај-нај убаво со партнерот,тогаш кој и да ти се пушта,воопшто нема ни да забележиш дали и фина или убава,кога мислите и срцето ти се на друго место,нема ни внимание да и обрнеш:helou:
Да,се согласувам со ова.Но до кога ќе трае?И да земам ситуација каде ние сме карпа карактер,дали нашиот партнер ќе издржи во борбата?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Никој не планира да паѓа во искушение,сите сакаме да бидеме добри и лојални на партнерот затоа што истото го бараме и од него.Но во човечката природа е да се бара постојано нешто ново,нешто неискусено,па дури и да сме задоволени на секое поле во животот пак ќе се запрашаме: Што друго има светов за мене,којзнае уште што ме чека-мора да има уште нешто.

Од лично искуство за да паднам во искушение довеле најчесто три работи:монотонија во врската,недостиг на комуникација и претерана опуштеност со партнерот(бевме како најдобри другари,немаше страст,немаше романтичност,дури ни сексуално не се привлекувавме).
Знам дека грешев и сметам дека нема никакво оправдување за тогашниот ми слаб карактер,ама ете...дозволив да паднам во искушението кое имаше поголема моќ од моќта на врската.
Интересно е што најчесто никој не паѓа во искушение на почетокот на една врска,затоа што сите сме преокупирани со таа врска,тоа е нешто ново за нас,интересно....и подоцна работите можат да се сменат.

Кога ќе се дојде до степенот на искушение значи дека не сме задоволни со моменталната емоционална состојба и наместо да потклекнеме треба да се запрашаме што е тоа што ни фали во врската,дали може да се подобри и ако не,да се прекине.

Не е искушение ако се восхитуваме на некого-искушение е ако го посакуваме.
Не е искушение ако некој флертува со нас-искушение е ако му возвратиме на флертот.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Интересно е што најчесто никој не паѓа во искушение на почетокот на една врска,затоа што сите сме преокупирани со таа врска,тоа е нешто ново за нас,интересно....и подоцна работите можат да се сменат.

мислам дека секој еден човек барем најмалку еднаш подлегнал под искушение..Искушението го сметаме како нешто демек му го прајш кевот на џаолот и бла бла бла.Да тргнам од мене во животот не само во љубовта ми се има појавено мн девијатни идеи,нешто да пробам што е забрането али она "суперего" мн влијае на мене кое всушност е мислењето од другите што ке кажат,нормите па вака така и сл.Во однос на љубовта сметам дека искушенијата како што имаше напишано анабел дека се случува најчесто еве 70% во долгите врски а зошто токму таму?Па затоа што е точно дека човекот сака нешто ново,сака страст,сака да види,да проба и тоа е тоа..Но затоа најдобро е да се раскине таа врска затоа што туркај туркај не оди,барем да се биде искрен и да се биде човек во таа тешка ситуација(раскинувањето)од почитта на убавите моменти и времето кое сме го поминале...
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Да,се согласувам со ова.Но до кога ќе трае?И да земам ситуација каде ние сме карпа карактер,дали нашиот партнер ќе издржи во борбата?
Токму тоа е најтешкото прашање-до кога ке трае?
Ке трае до кога ке е интересно,убаво,
После тоа,обавезно доага спласнување во врската.преиспитување,неизвесните прашања-дали е тоа што го барав,дали ме заслужува,дали го сакам,дали ке бидам среќна со него...
Ете ова е најголемиот период кога може да се падне во искушение.
А во брак...сега да се прашам,искрено ке си одговорам,дека немам ниту време,ниту желба за искушување.Уживам во тоа што го имам и што сум го постигнала и секојдневието не ми дава да мислам на нешто трето.Исто,познавајки се,не би можела да избегам од мојата совест.

Би рекла дека се зависи и од карактерот,ако партерот шара наоколу,тоа ке го прави пак,кога-тогаш,знам од многу примери.
Ако е посветен и среќен,тогаш шансите се далеку поголеми да одолее на искушенијата.

И кога би размилиле добро,дали воопшто вреди да се сруши се,за една авантура,која и можеби нема да биде онаква каква што ќе си ја замислиме?Заради страст,која толку брзо исчезнува?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И кога би размилиле добро,дали воопшто вреди да се сруши се,за една авантура,која и можеби нема да биде онаква каква што ќе си ја замислиме?Заради страст,која толку брзо исчезнува?

Може и да се гарантира дека уништувањето на довербата кај човекот што го сакаш неможе да вреди,совест ќе те убие (зависи колку совест има човек).Многу добро прашање,страста како доаѓа така и заминува.Таа е крива за искушенијата во животот (на љубовен план,има искушенија и во други сфери во животот,кој исто така не му даваат опуштен живот на човекот).Но најтешката борба се случува со неа,не е едноставно да се бориш против своите желби и замисли,без разлика колку цврст карактер си.
Не вреди,но сепак се појавува во човековиот живот.Од тука натаму кој колку желба и мотив има да и се спротистави.Стојам на ставот дека некогаш се појавува нешто што може да те покоси и да заборавиш како се викаш,а не пак со кого си во врска:)И од друга страна изневерувањето е најлошиот „шамар“ што некому можеме да му го дадеме како награда за неговото внимание и посветеност.Тешко е да си човек,нели?:)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кога човек ќе научи да биде задоволен со она што го има, тогаш искушението нема да го гледа како закана, и лесно ќе се справи со него.

Но, земајќи ја во предвид природата на окото човечко кое е ненаситно... колку повеќе имаш, толку повеќе сакаш. Така да крај на таа работа нема. Ретки се оние што се задоволни со нешто (кое нема да му здодее по 1-2 месеци) и што знаат што сакаат во животот.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.789
Поени од реакции
22.966
Четрвртвековни кризи, телемисти, и останати слични фаци се начитав. На крај ќе умрете сите како кучиња без рбет во сопстевените лаги и лицемерие. Не дека нешто поарен сум ама конкретно на темава да. Ништо лично према никој. На здравје искушување!:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom