Искуства со полицијата!

Сте имале ли искуство со полицијата?


  • Вкупно гласачи
    311

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Me doprea ednas na obilkolnica ne zaradi brzina tuku onaka radi da pisat deka doprele nekoj vo izvestajot, ama za nesreca moja tablickata zadna mi padna uste pred nekolku meseci. Koga me vide mi rece izlezi od kola ce imas kazna za tablickata. Ama posle muabeti, od kade sum ova ona, ispadna eden od policajcite da bil 2001 vo tetovo i se sozali me pusti, duri i mi kaza da vozam pozadi kola bidejci imalo uste edna patrola posle obikolnica. Normalno im ostaviv pestotce da se pocestat, no na zaminuvanje. ;)

Nemozam da se pozalam od policija :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Од денешен ВЕСТ:



НЕ ЗАСТАНУВАЈТЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ГОСТИВАР
Дење полицајци, ноќе друмски разбојници
Откако пријавил во полиција дека двајца друмски разбојници пукале во неговата кола на автопатот кај селото Форино, изреволтираниот возач бил преупатен на патролата за брза интервенција, но се шокирал кога та­му во групата полицајци ги препознал и друмските бандити


Пет­ми­на полицајци од полициската станица во Гостивар дење работеле ка­ко полицајци, а ноќе како друмски разбојници.
Гру­па­та била откриена откако двај­ца од нив во цивилна облека лани во де­кем­ври, во близина на селото Форино сопреле возач со намера да го ог­ра­бат. Кога нападнатиот успеал да избега, и покрај тоа што во него било пу­ка­но, случајот веднаш го пријавил во полицијата во Гостивар. Оттаму му би­ло речено со автомобилот да се упати на одредена ло­ка­ци­ја каде што ќе го чека полициско комбе со неколку полицајци. Кога возачот прис­тиг­нал на посочената локација, се шокирал. Таму, покрај тројцата полицајци од групата за ин­тер­вен­ци­ја, биле и двајцата цивилни полицајци што прет­ход­но пукале во него. Откако едниот од нив го претепал, го предупредиле по­ве­ќе да не пријавува во полиција оти, во спротивно, ќе биде уште повеќе те­пан.
Из­ре­вол­ти­ран од самоволието на по­ли­цај­ци­те, нападнатиот возач, и пок­рај сериозната закана, решил правдата да ја истера докрај. Наредниот ден оти­шол лично во гостиварската полиција и го пријавил нас­та­нот. Место вед­наш да биде постапено по неговата пријава, тој од полициската ста­ни­ца во Гостивар бил препратен случајот да го пријави во полициската ста­ни­ца во Чегране. То­гаш возачот неколкупати се обидел да стапи во кон­такт со командирот на станицата, но и во тоа не успеал. По шест дена, пак оти­шол во гос­ти­вар­ска­та полиција и поднел писмена изјава каде што до де­та­ли го опишал слу­ча­јот. По неколкумесечна истрага, случајот е рас­вет­лен и, како што соопшти МВР, вчера се поднесени кривични пријави про­тив Н.М. (28), Е.Д. (29), М.А. (23), Б.А. (32) и Б.Ш. (22), си­те полицајци во гос­ти­вар­ска­та полиција. Покрај овој случај, полицијата ја испитува евен­ту­ал­на­та можност за инволвираност на петтемина полицајци и во други вак­ви или слични кривични дела
Ин­ци­ден­тот се случил лани на 31 декември околу 4 часот, на локалниот пат за селото Фо­ри­но, кога Н.М. и Е.Д. со автомобил на Е.Д му го поп­ре­чи­ле патот на А.Ш., кој во ав­то­мо­би­лот бил заедно со негов пријател Двај­ца­та полицајци, иако не биле на ра­бо­та и биле во цивилна облека, со пиш­то­ли во раце се приближиле до автомобилот, по што, од страв, А.Ш. однатре ги заклучил вратите. Полицајците се обиделе насилно да ги отворат, па А.Ш. го стартувал автомобилот и се упатил во пра­вец на Гостивар, при што слушнал два до три истрели од огнено оружје, од кои ед­ни­от завршил во неговото возило. По ова, од мобилен телефон го пријавил настанот во гос­ти­вар­ска­та полиција, од каде што бил упатен на одредена локација да ја почека гру­па­та за интервенции. Кога со автомобилот пристигнал на по­со­че­но­то место, прис­тиг­на­ле и Н.М. и Е.Д., при што Н.М. го нападнал А.Ш. со тупаници Од групата за интервенции на А.Ш. и на неговиот сопатник им би­ло соопштено дека пријавените ли­ца се, всушност, полицајци. Откако А.Ш. им кажал на членовите на групата за интервенции дека тие пу­ка­ле во неговата кола, покажувајќи им го скршеното задно штоп светло, по­ли­цис­ки­те служ­бе­ни­ци од групата за интервенција ги предупредиле случајот да не го пријават во по­ли­ци­ја, заканувајќи им се дека во полиција ќе бидат те­па­ни уште повеќе. Од групата за ин­тер­вен­ции старешините биле из­вес­те­ни дека тие не се сретнале со на­пад­на­ти­от. Изреволтираниот возач од­лу­чил да биде упорен и на крај успеал да да ги анимира по­ли­цис­ки­те служ­би кои, по неколкумесечна истрага, го расветлија случајот и ги при­ве­доа полицајците разбојници.
П.А. Лазарова
Само полициски коли со сини коцки смеат да ве сопрат на автопат

Од пред извесно време на автопатиштата запираат и вршат радарска контрола посебно обележани полициски крајслери кои се обележани со сини коцки залепени на автомобилот. Тие се дел од автопатската сообраќајна единица на МВР. Според најновите правила на полицијата, само тие се задолжени за контрола и патролирање на автопатиштата и само тие можат да запрат возачи на автопат. Надвор од автопатиштата, во овој период кога фреквенцијата на возила е зголемена, на сообраќајните крајслери им помагаат и полицајци на скутери кои претежно патролираат во руралните и урбаните средини.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Тоа е, кога неписмени терористи ќе ги ставиш да спроведуваат јавен ред и мир.
сРамковен договор.... Да го мочам него и сите што го напишаа и потпишаа !
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Имам неколку негативни искуства за тепачки, пијан кога сум бил нешто нереди натам навам.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Да, сум имал негативно искуство со полицијата. Имав напишано на една друга тема. На мои 15 години бев приведен во полиција заедно со двајца другари зашто мислеа дека сме краделе. Не беа известени ниту нашите родители ниту знаевме што ни се случува. Колку е ова легално не знам, ама во тие моменти ние најмалку знаевме кои ни се правата. Иако им кажавме кои се децата што крадеа и им посочивме кај живеат, сепак бевме однесени во станица каде што не испрашуваа. Пред да пристигне мајка ми во полиција, еден од цајканите ме прашува - дали мислиш дека пред да зборуваш треба да викнеш адвокат? Јас му викам а вие свесни сте што правите, имам само 15 години и невин ме испрашувате овде? Цајканиве се стварно ретардирани, секој би го направиле криминалец за да напишат нешто во евиденцијата дека направиле или за да добијат покачување. Идиоти.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Вчера, за графит четворица дојдоа, но ги извретвме и како ништо да не било. Потоа, во станица летово ме однесоа затоа што јадев ќотек невин од големи и добро беше што не не држеа цела ноќ. Скоро секоја вечер не фаќаше рација, но секогаш остануваше само на: Ајде деца дома
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Еднаш пред да излезам со другар ми се изнаврна. И кога излеговме у парк немаше каде да седнеме зашто се` беше мокро и земавме картони и ги ставивме на клупа и седнавме врз клупа со нозете на картони за да не ја извалкаме. И си седиме ние така и оп еве ти пајкан. Доаѓа и ми прави мене некои филмови за закони за чистота не знам што. Ми зема податоци, ги проверува во станица и типот изненаден ми вика „Еј, не си ме лажел“. И ми вика демек 50 евра казна требало да ми пише. И му велам „Доаѓаш ти овде. Се` е мокро и валкано. Каде ќе седнеш ти? Кажи ми за да седнам и јас сега.“. И овој се мисли и ми вика „Дечко, ова ти е само опомена, не ти пишам казна.“ и си замина.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Премногу, и секогаш негативни.
ALL COPS ARE BASTARDS!
Братучед на еден мој другар пред 10тина години го застанала полиција. Тој носел капче со А.С.А.В. и пошто беше панкериште почнале да го претресуваат демек сомнителен бил. И еден од цајканите го прашал „А што значи ова на капчето?“ И овој ладен им вика „Еј не знаеш? Ајде Скопје, Ајде Вардар!“:D
 
Член од
30 август 2011
Мислења
87
Поени од реакции
41
Братучед на еден мој другар пред 10тина години го застанала полиција. Тој носел капче со А.С.А.В. и пошто беше панкериште почнале да го претресуваат демек сомнителен бил. И еден од цајканите го прашал „А што значи ова на капчето?“ И овој ладен им вика „Еј не знаеш? Ајде Скопје, Ајде Вардар!“:D
Ден денес кога одам на утакмица на статус на FB ставам Ајде Скопје, Ајде Вардар :)
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
8
Поени од реакции
4
do pred nekoe vreme nikakvo.. ama skoro imav slucka.. si idam pijan nakaj doma i na 3 policajci im prefrliv (neznam so koj pamet ) zosto ne reagiraat na tepackata koja se slucuvase neposredno pred niv . i edniot me grabna za raka me butna na zemja i me privede kako da sum posleden kriminalec ... pritoa se zdobiv so losa povreda na rakata od paganjeto.. me drzaa vo policija 5 saati so povredata... i vidoa ne vidoa me pustija.. i mi pisaa krivicna prijava za sprecuvanje na sluzbeno lice vo dolznost..sega ke treba i na sud da idam... srasna rabota.. makedonskata policija.. ne si ja vrsu rabotata.. zimaat najgolemi plati za lezenje.. i manifestiraat sila tamu kade sto ne treba..
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
do pred nekoe vreme nikakvo.. ama skoro imav slucka.. si idam pijan nakaj doma i na 3 policajci im prefrliv (neznam so koj pamet ) zosto ne reagiraat na tepackata koja se slucuvase neposredno pred niv . i edniot me grabna za raka me butna na zemja i me privede kako da sum posleden kriminalec ... pritoa se zdobiv so losa povreda na rakata od paganjeto.. me drzaa vo policija 5 saati so povredata... i vidoa ne vidoa me pustija.. i mi pisaa krivicna prijava za sprecuvanje na sluzbeno lice vo dolznost..sega ke treba i na sud da idam... srasna rabota.. makedonskata policija.. ne si ja vrsu rabotata.. zimaat najgolemi plati za lezenje.. i manifestiraat sila tamu kade sto ne treba..
Грам мозок немаат ќути што не си изел посериозен ќотек
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Случка од летово која може да се окарактеризира како негативна заради тоа шо седев 1саат у станица без потреба. Седам ја летово у Т.Ц Бисер јадам а бев дојден со веспа, завршив све идам ја отклучувам да стаам кацига ми приогаат двајца дечки у цивил(ме чекале) ми вади значка ми вика "Дечко полиција, веспава е пријавена за украдена" и ја му викам како бе украдена еве ти документи му давам сообраќајна(на име на татко ми беше веспата) му давам лична карта и возачка и гледа и ми вика "Ако ова е океј али мора да доеш со нас у станица да провериме" а у меѓувреме доаѓаат уште двајца алфи и еден на моторлата вика "Да, го најдовме дечкото тука е моторчето е крадено" многу сигурен беше а ја си се смешкам под брк. И ајде ми вика "ајде мора у полициска станица аеродром да идеме" му викам океј ајде идеме, и едниот алфаш ми вика дај да возам јас, а ја иам принцип таков да веспата освен ја и татко ми понекад никој да не ја вози пошо(не да се фалам сеа) али се работи за арилиа 2009година и не е уопште ефтина) и му викам јас на тој алфашот дека само јас ја возам веспата ,се товари он идеме у станица, и ми вика чекај тука, седнав на една столица у ПС Аеродром и чекам додека проверат од кај е купена, бр на шасија незнам што и на крај испадна дека не се работи за таа веспа што ја бараат. Инаку мангупот што ја пријавил за крадена ја видел мојава паркирана кај Бисер се јавил у полиција и рекол мојата е 100% и ради него ја дремев саат и нешо за џабе. За на крај да ми речат извини дечко таква е нашата работа мора да провериме...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Позитивни вести за нашата полиција.

Алфа спасил самоубец

http://www.time.mk/read/791719d65c/71ff2ae745/index.html

Триесет и девет годишниот Африм Б. денес доцна попладнето беше предомислен во својата намера да си го одземе животот.

По пријавата во полиција од случаен минувач, дека на мостот „Близнаци“ маж сака да се самоубие скокајќи во водите на Вардар, полициските екипи веднаш се упатиле на лице место.
Иако се обидувале да го предомислат во намерата, Африм одбивал да ги слуша, па дури и да разговара со нив. Несакал да разговара ниту со стручното лице кое било присутно.
Како што дознава Курир, набрзо на местото каде се одвивала целата драма, пристигнале припадници на единицата за борба против криминал „Алфа“.
Африм препознал еден од нив, бидејќи претходно бил апсен од него, па инсистирал да разговара само со припадникот на единицата.
По повеќе од еден час разговор и разубедување, 39-годишниот скопјанец ги послушал советите и се согласил да премине од другата страна на оградата од мостот.
Информациите до кои дојде Курир, велат дека веднаш со лицето бил извршен разговор, по што бил однесен во Клиниката за психијатрија.
Оттаму препратен, Африм е однесен во Психијатриската болница во Бардовци, каде е задржан на понатамошно лекување.
Неофицијално, Африм се одлучил да посегне по својот живот поради семејни проблеми. Тој веќе неколку години одел на терапија во Клиниката за психијатрија.
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
98
Поени од реакции
142
Пред некое време ми се закануваше пијано лице тепање едно друго и си викнав полиција дојде прашуе што е работа вака и вака.Те удри ли?Јас не.Па зашто не викна тогаш???Па зашто имаше палка во рака и ако не ве викнев ке требаше да се тепам така?Ок.
Ало шефе лицето го фативме во алкохолизирана состојба е а дечокто што пријавил не е удрен немаме на кој основ да го приведеме ок ок.
Ти пијан ајде тука потпиши дека нема веке да ти се повтори ова бла бла.
Ти дечко што пријави ајде потпиши тука!
Зашто јас да потпишам што сум направил???
Па потпиши дека сме дошле сме излегле на терен и дека сме постапиле како што треба.
Извинете кај го пишува тоа гледам само празна изјава (јас полициски службеник ________ во ___ станица на ______ ден во _______ часот на адреса___________ итн итн не памтам што све имаше ) и доле ми бара потпис што ако си напипете што ви текне па по судови едно друго???
Дечко мора да се потпишеш дека сме дошле во случај да те нападнат пак да не бидеме ние криви дека не сме интервенирале си ја штитам работата.
Ок господине напишете го тоа и ке се потпишам одма (тука добивам чуства на вина зашто сум викнал полиција и ја како ја да сум крив во целава ситуација).
Дечко немам време сега да пишувам вечерва си ти 10 ако ги пишував изјавиве уште на првиот случај ке бев ајде потпиши ако не ајде во станица да го чекаш командирот и него да му објасниш што е како е сабајле во 9 ке биде на работа (гледам на саат 1 навечер)
Ок еве ви потпис со тешка душа!
Не се секирај иди у кола има 50 вакви изјави потпишани.
Ок фала чао чао
Е сега ме мачи помислата што он напишал дали може да си ја чува таа изјава да си ја искористат другпат за друга работа и дали му се десило вака на некој друг да потпише бланко.
И во едно сум сигурен ако другпат се најдам во иста ситуација нема да глумам културен граганин и да пријавувам во полиција туку ке се тепам и да го јадам бар мирно ке си спијам без мој бланко потпис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom