се изначитав Богами, па ај да споделам. Ме имаат претресувано 2-3 пати. Ништо страшно... Обично кога возам не пијам и кога пијам не возам, ама пред повеќе од 5-6 години прв пат се случи испив неколку чашки винце. Бев со еден другар и 3 девојчиња. Баравме еден паб кај корчагин некаде, врска неам како се вика. И пошто се развозувавме напред назад , кругчиња правевме а башка тамо и полицијата е ај да не не сопрат. Позади нас ротационо и стој. Си застанав и си излегов поштено. Џандар и џандарка.Прашуваат си пиел, многу јасно нема поента да лажеш викам да. Дував што дував, беше малце над дозволеното ме искараа ни кажаа кај е пабот, и ми рекоа само кафе да пијам.
Пошто тоа ни беше пред нос кај што не сопраа и паркингот, си ја паркирав колата и одејки накај барот ми вика џандарот, место да частиш едно кафе што те пуштивме ти само фала. И шо да му кажам на тоа. Му викам, ај ама ако си за пиво , зш со кафе исто ко да не сум ве частел
.
Алфи: Беше пред може 8 години , седиме кај балканика паркингот со уште 2ца другари слушаме музиче пијуцкаме топло време, и им ометаме на тие што ги мрзело до водно да идат. Колата на другарот црно бмв со спојлерче, абе по шпонско неможе да биде. Помина еден дефендер подзастана си продолжи. По некое време доаѓа кола застанува ауди а80, излегуваат двајца батки. Стандард, муабет, полиција, лични карти, чива е колава и на другарот му викаат немој ти да пиеш и ок... си отидоа. Не поминаа 10тина мин ... доаѓа и голф. Застанува, и уште не излезени ние спремаме документи. Излегува и вика полиција, и другаров вика, ако се навикнавме
, пред нецели десетина минути поминаа со аудито... Истиот муабет пак , и на крај... алфашот ни вика... дечки по една палица у рака и само јако. :S wtf.
Така да не сум имал некое лошо искуство во мк со полиција, што незначи дека нема гадови и дека не се сеирџии, туку мене така ми се погодило. Али затоа од кога се преселив во Холандијава, се изнаплаќав казни. 2013 од јануари до јуни си имав по една казна месечно. Ама и тука па “фини“ маме му га... Со комбе возев на работа , прв месец. Во зона 60 возев 95 (така ми кажаа
). Немав појас, и зборев на телефон. Си јуришам така и глеам и после некое време гледам позади мене ми блиндира голф (и тука се во голфови само 5ки
) . Застанувам и го ставив појасот набрзина, Доаѓа и ми вика пробуваме да те сопреме веќе 2,5 км , збореше на мобилен, и возеше над дозволеното. И првен јас викам ееј нема врска не зборев на моб како тоа.. И тука пресвртот... џаци вика сакаш на камера да видиш....
Е добро де зборев. И почнав да молам за прошка... арно ама ми рече да бирам за што сакам да ме казни, и му викам дај ми од поевтиното. И така си опелешив 250 е за зборење на мобилен прв месец на работа, на гладно шо би се рекло.
А и време е да спијам у пичку матер... глаа шо не поминува не поминува :S Ајт поздрав