I
IBIZA SOUND
Гостин
a bre deca deca,zivotot ke si go upropastite....
Еднаш ме прелажаа да пробам домашна трева, демек од добра фирма билаКажете и вие добри и лоши а необични искуства со ова.
Е, ако не сакаш да читаш или да кажуваш вакви искуства, не мораш. Има и други теми, за Македонија, за Свет, политика, она ова. Разгледај си по форумов.Ај сеа забриши си тоа мустакот Ватс д поинт некој да споделува свое искуство на темава? Види ме, ја дував, ха! Што направи ти за Македонија, денес?
Не мора да ме запознаваш со форумот, од времето на дедо Ное сум тука. Одговори ми на прашањетоЕ, ако не сакаш да читаш или да кажуваш вакви искуства, не мораш. Има и други теми, за Македонија, за Свет, политика, она ова. Разгледај си по форумов.
Абе ти сигурно си доживеал некои паранои или бедфилмој од тоа џоинто . На секој кој пуши трева почесто сигурна сум дека му се има случено ова (свесно или не), само немаат мадиња да си кажат као демек со џадари дома ќе му отидеш, ама нема врска. На мој другар го имаме така заебавано дека цела планета се наоѓа под него а тој преку стакло ја гледа. Типов прв пат пробал а ние му мотавме филмови. Типчево уште ни ја објаснува планетата као на глобус да гледа. После незнам што му се деси ама важно се изнасмеавмеНе знам дали е дозволено ваква тема да се отвори на форумов, ако не е - нека ја избришат модераторите/администраторите.
Јас ќе кажам за едно искуство, кое ми се случи пред неколку дена, и од тогаш сам си ветив дека никогаш повеќе нема да запалам џоинт. Бевме јас, другарка и двајца другари. Се договоривме со кола да отидеме некаде на крајот на Скопје, и да пушиме. Имавме 2 џоинта свиткани, застанавме со колата и ги запаливме. Ги вртевме во круг, и ги испушивме. Јас седам така едно 10-15 минути, и наеднаш колата почна да се врти како во круг, бавно. Овие нешто се смееа, зборуваа, појма немам, а јас гледам како сето се врти. Другарката ми вика да сум и го подаел мобилниот, а јас ниту можам да мрднам па ниту да зборнам, а таа инсистира да и го поддадам мобилниот. И коа виде дека, веројатно, не сум способен, се наведна малку да го земе телефонот и ме допре по рамото, и јас тогаш замислив како една стрелка почнувајќи од стомакот се искачуваше накај грлото. И кога се искачи до грлото, наеднаш ме фати некоја паника, секундарно излегов од колата, и почнав да трчам по тоа патот. Како што трчав така патот ми се гледаше по искривен, темен.. Видов такси, се качив, и почна и таа кола бавно да се движи и во круг. Си мислев овој којзнае каде ме носи, сигурно ќе ми земе над 2000 ден. И таксистов ме прашува нешто, дали сум имал температура, па после почна нешто за некој сметки за струја, вода, парно да зборува, појма немам. И само вози, а мене веќе ептен почна паника да ме фаќа дека нема да имам пари да платам. И по некое време гледам Добродојдовте во Центар, и си викам, а готово дома сум. Не ми зеде пари колку шо мислев, наплати како и вообичаено. Влегувам во станот, цимерите не беа дома, легнувам на креветот, и креветов почна да се искачува по ѕидот. Паѓам јас од креветот, се качувам, и пак паѓам (сам се фрлав од кревет). Останав на подот, и почнав да сменувам картичка од мобилен телефон, ама филмот ми беше никој да не ме види, иако немаше никој во станот. Се кријам така наведнат, и може, едно 15 минути пробувам да ја извадам картичката и пак да ја ставам, во истиот телефон. И тука запре се, се будам утрото на кревет (појма немам како сум се качил) го уклучувам телефонот, и гледам 30 пропуштени повици (овие ми ѕвонеле). И од тогаш си ветив дека нема повеќе такви хорори да доживувам. Вие имате слични искуства?
Значи сепак е можно .Друже не можеш од марихуана така да се чуствуваш, освен ако не си стварно претерал...ама пак не ми се верува.
Или од таа што ја раснат близу Чернобил .Сигурно си пушел од таа што ја раснат под ув сијалици.