Искрено или не за сопственото минато

Член од
22 август 2022
Мислења
580
Поени од реакции
1.836
Мислам дека проблемот на денешницава не е до тоа колку е лимитот, туку на кој начин е сфатен самиот однос.
Порано памтам јас кога бев помала и слушав повозрасни муабетот кога ќе тргнеше „ама нашата врска сериозна е/беше“, не знам зошто како непишано правило тоа сериозна се подразбираше почнале интимни односи. Тие дружења, флертови за една, неколку вечери и несериозни дружења не ги сметам во истава група. Тоа си е некој друг свет и почитувам луѓе со различно размислување од моето. Некому тоа му е потребно и го исполнува. Зборувам баш за врските и сметам дека, според мене, многу брзо се конзумираат, се трошат и можеби тоа е и причината за овие модерни стравови од врзување, не знам ghosting, gaslighting, луѓе почнаа да се плашат не само од врзување, туку и од раскинување, па идат прво со горенаведените ако може прво партнерот да го оладат и да предизвикаат он/а да се искара па после идат со таа „ете гледаш ти нѐ доведе до ова дереџе“.

И треба секој да знае на што е. Нејќеш врзување, си кажуваш, не треба никој да мора да праша што сме ние. Малку искреностж храброст и добра волја ќе ги решат сите проблеми.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.195
Одма математичка грешка.
Може сум имала 6 пред дечкото и тој бил 7ми, па сега си ја рехабилитирам. ;)

Ако на 33 сум имала 3ца, вреди да се размисли бе :D Ме пресмеавте деновиве, морам да признаам. :D

И сега да ми беше потенцијален дечко, според муабетов имам 3 опции:
1. Од одма да ти кажам, Лазе, среќо, не сме еден за друг (без да објаснам понатаму)
2. Да земам да те лажам втор си ми (а можеби 4ти, можеби 8ми, можеби ни едно ни друго...)
3. Да ти кажав вистина и да се понижувам додека на кантар ми мериш вредност

*Значи уште не си за во отпад, добро е. Макар @Ocajna како кажува, не знам Лазе, не знам, вика веќе во години мажи, не иде работата како треба... (n)
Kaj @Ocajna не е проблемот кај мажот, таа не знае да му ја зоврие крвта, да истакне женственост, еротика во движење....
А тоа ако пред дечкото си имала 6 а тој ти бил 7ми, не ја менува многу твојата позиција. Тоа значи дека уште многу мала си фатила лош пат, 6мина у некоја основна или рана средна школа е многу, тука одговорност треба да понесат и твоите родители и наставници...
Да беше толку среќна да ти бев потенцијален дечко :D:cool:, ти ке беше на седмо небо, нема да те прашував ништо што за тебе е непријатно, самата ке ми кажеше што како одоколу а што во комбинација со непосредниот контакт со тебе, твоето друштво, средина, семејство... ке ми ја дадеше комплетната слика за тебе. Оти јас сум стар волк, не чекам на готово да ми биде кажано ниту многу верувам на кажаното. А потоа следува главната финта, ке те носам на раце како капка роса, ке те милувам како најнежен цвет, париз, лондон, њујорк, така добро ке те залетам што ке си речеш дека од Лазо поарен и подобар на овој свет нема, и полека ке пропееш, ке го плукнеш и најмрачното што во себе го носиш... па после ке видиме, или ке бидеш најсреќната жена на овој свет и ке се смееш на твојата помисла за фармерско оплодување и други феминистички глупости или ке добиеш команда - мидерот во раце и да те нема. :ROFLMAO:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818

Жена ти те знае што тропотиш онлајн? :D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.195
Мислам дека проблемот на денешницава не е до тоа колку е лимитот, туку на кој начин е сфатен самиот однос.
Порано памтам јас кога бев помала и слушав повозрасни муабетот кога ќе тргнеше „ама нашата врска сериозна е/беше“, не знам зошто како непишано правило тоа сериозна се подразбираше почнале интимни односи. Тие дружења, флертови за една, неколку вечери и несериозни дружења не ги сметам во истава група. Тоа си е некој друг свет и почитувам луѓе со различно размислување од моето. Некому тоа му е потребно и го исполнува. Зборувам баш за врските и сметам дека, според мене, многу брзо се конзумираат, се трошат и можеби тоа е и причината за овие модерни стравови од врзување, не знам ghosting, gaslighting, луѓе почнаа да се плашат не само од врзување, туку и од раскинување, па идат прво со горенаведените ако може прво партнерот да го оладат и да предизвикаат он/а да се искара па после идат со таа „ете гледаш ти нѐ доведе до ова дереџе“.

И треба секој да знае на што е. Нејќеш врзување, си кажуваш, не треба никој да мора да праша што сме ние. Малку искреностж храброст и добра волја ќе ги решат сите проблеми.
Па сега работава е отидена у курац, сексот воопшто не се сваќа сериозно и е банализиран до крајни граници. Поради тоа е и немањето никаков критериум, лимит, морал... сексот е сведен на спортско - физичка активност, како ајде да свртиме еден баскет.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Па сега работава е отидена у курац, сексот воопшто не се сваќа сериозно и е банализиран до крајни граници. Поради тоа е и немањето никаков критериум, лимит, морал... сексот е сведен на спортско - физичка активност, како ајде да свртиме еден баскет.
И јас така викам, само што ми сметаат двојните аршини Лазе. Не може за жена да важат едни стандарди, за маж други. Промискуитетот не чини за никого, тоа се објаснуваме цела тема.
Ако мажот за себе не смета дека е "срамота" што имал 5 партнерки пред мене, не може да смета дека за мене е "срамота" што сум имала 5 партнери пред него.

Тоа си е мое сфаќање, дечкиве можат и невини да си купат, не е моја работа тоа :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.195
И јас така викам, само што ми сметаат двојните аршини Лазе. Не може за жена да важат едни стандарди, за маж други. Промискуитетот не чини за никого, тоа се објаснуваме цела тема.
Ако мажот за себе не смета дека е "срамота" што имал 5 партнерки пред мене, не може да смета дека за мене е "срамота" што сум имала 5 партнери пред него.

Тоа си е мое сфаќање, дечкиве можат и невини да си купат, не е моја работа тоа :)
Ти мешаш ситуација со ќотек :ROFLMAO:
Апсолутно се слагам, не сум за двојни аршини, моралот треба да важи за сите, сите треба да внимаваме на себе а треба да внимаваме да не го повредиме и другиот.
Неоправдано, но факт е дека кај нас поинаку се гледа на машко и женско. Ако машко направи беља тогаш тоа не се осудува на истиот начин како што би се осудила жена за истото дело, не гледаме исто... Тоа е така затоа што ,,жената е образот на куќата,,
 
Е арно, убаво си рече - неоправдано.
Сè додека бараш морал во еднаква мера во која го нудиш - нема тука ништо лицемерно. Ама е лицемерно неа да и' судиш, а за тебе да не важи истиот аршин :)
 
Да, тоа е лицемерие. Реков, неоправдано е да жената биде студена построго од мажот. Тоа не е исправно. Само ја констатирам состојбата како е овде. Ете, гледаш дека Лазо не е лош, туку е реален, шо е така така е. Ај сега и ти биди реална и кажи си што мислиш околу тоа партнерот да се информира за минатото, па ако му чини арно, ако не чао, ке бараме друг.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
Да, тоа е лицемерие. Реков, неоправдано е да жената биде студена построго од мажот. Тоа не е исправно. Само ја констатирам состојбата како е овде. Ете, гледаш дека Лазо не е лош, туку е реален, шо е така така е. Ај сега и ти биди реална и кажи си што мислиш околу тоа партнерот да се информира за минатото, па ако му чини арно, ако не чао, ке бараме друг.
За тоа у брошура и стои Duplex Standarden. Paid by Sorospija Von Der Peders.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.072
Поени од реакции
9.480
И јас така викам, само што ми сметаат двојните аршини Лазе. Не може за жена да важат едни стандарди, за маж други. Промискуитетот не чини за никого, тоа се објаснуваме цела тема.
Ако мажот за себе не смета дека е "срамота" што имал 5 партнерки пред мене, не може да смета дека за мене е "срамота" што сум имала 5 партнери пред него.

Тоа си е мое сфаќање, дечкиве можат и невини да си купат, не е моја работа тоа :)
По природата на нештата мажите бараат невино и младо, капка роса.....а жените бараат нешто поискусно, погрубо со поголема километража да се изразиме поетски. Нема тука двојни аршини таква е природата на нештата и ти тоа сигурно многу убаво го знаеш а за да победиш у дискусија одбираш да го игнорираш. Еднаш една циганка и вика на друга со цел да ја навреди "дa ти eбe мој муж"....тоа е тоа, таква е колективната свест. Тоа е така у принцип и не значи дека сите се такви ама статистички земено огромен дел.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.195
Знаеш, јас спротивно од тебе. Сега се чудам колку сум била наивна. Баш затоа што не бев сомничава, не гушев, не се јавував, не проверував, сосема свесна колку ми значи мојот мир и колку не трпам некој мене да ме гуши, еднакво го пружав истото. Тргаш од претпоставка дека имаш работа со зрела личност, што ваљда знае сама себе да се дочува од глупости.
Се надевам дека не е трајно, работам на тоа со психотерапевтот и многу работи надминав (каде бев и каде сум се два света), но со довербата уште имам проблем и не сакам да го имам. Ми смета што го имам.

Иако помислата на живот сама ми беше најстрашното нешто, дента кога тој се отсели мислев дека ќе умрам иако свесно знаев дека мора да е така, денес си го сакам мирот, сопствената тишина, сопствениот ред кој конечно го поведов. И го штитам, можеби и премногу. Се надевам дека некогаш пак ќе можам да бидам толку релаксирана и некому да верувам. Не е убаво чувството кога си сомничав, ни за себе, ни за партнерот.
@PurplePuma е ова твоето горенаведено писание е се што сакав да ти објаснам на оваа тема а ти не можеш да го разбереш или барем така се правиш, јас типувам на тоа дека така се правиш оти сигурен сум дека си јако интелигентна.
Еве, самата си ја кажуваш штетата која ја имаш претрпено од претходната врска. Сигурно е сериозно чим работата допрела до психотерапевт. Искрено ме радува што ете ти помогнал па сега си многу подобра од тоа што си била. Се надевам дека ке го надминеш и проблемот со довербата. Сега сум сигурен дека многу добро ме разбираш кога зборувам за тоа дека човекот е потрошен материјал, дека психички се аби, се амортизира, дека треба за некого да знаеш историја за да сватиш што, зошто и како е тој човек и дека не е мерење ороспилак и морализирање ако го прашаш што и како е со неговите претходни врски. Убеден сум и дека ме разбираш во која смисла го употребувам изразот ,,оштетена роба,,. Сите ние сме оштетена роба, само прашањето е колку е штетата а колку останало од нас и која е нашата способност за идни врски во кои партнерот нема да плаќа за штетата која ја начиниле претходните. За тоа треба да плукнеме, да кажеме што и како сме па ако му чини арно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
По природата на нештата мажите бараат невино и младо, капка роса.....а жените бараат нешто поискусно, погрубо со поголема километража да се изразиме поетски. Нема тука двојни аршини таква е природата на нештата и ти тоа сигурно многу убаво го знаеш а за да победиш у дискусија одбираш да го игнорираш. Еднаш една циганка и вика на друга со цел да ја навреди "дa ти eбe мој муж"....тоа е тоа, таква е колективната свест. Тоа е така у принцип и не значи дека сите се такви ама статистички земено огромен дел.
Освен што не зборувам за најголем дел од луѓето, зборувам за лични сфаќања во машко-женски односи, нели?
Темава е за искреност за свое минато, во мои очи (не колективни, мои) ова го сфаќам така, не може да бара од мене морал кој и сам не го нуди.

Затоа сите слободно бираме партнери, не нè мажат и женат со стројници :)
Автоматски споено мислење:

@PurplePuma е ова твоето горенаведено писание е се што сакав да ти објаснам на оваа тема а ти не можеш да го разбереш или барем така се правиш, јас типувам на тоа дека така се правиш оти сигурен сум дека си јако интелигентна.
Еве, самата си ја кажуваш штетата која ја имаш претрпено од претходната врска. Сигурно е сериозно чим работата допрела до психотерапевт. Искрено ме радува што ете ти помогнал па сега си многу подобра од тоа што си била. Се надевам дека ке го надминеш и проблемот со довербата. Сега сум сигурен дека многу добро ме разбираш кога зборувам за тоа дека човекот е потрошен материјал, дека психички се аби, се амортизира, дека треба за некого да знаеш историја за да сватиш што, зошто и како е тој човек и дека не е мерење ороспилак и морализирање ако го прашаш што и како е со неговите претходни врски. Убеден сум и дека ме разбираш во која смисла го употребувам изразот ,,оштетена роба,,. Сите ние сме оштетена роба, само прашањето е колку е штетата а колку останало од нас и која е нашата способност за идни врски во кои партнерот нема да плаќа за штетата која ја начиниле претходните. За тоа треба да плукнеме, да кажеме што и како сме па ако му чини арно.
Не знам дали е дозволено цитирање од една во друга тема, но ајде кога веќе си цитирал - психотерапевт посетувам од рана младост, не поради некаков проблем, едноставно не сакам да зборувам сега за околностите, макар не е тајна бидејќи имам одамна пишувано. Не беше крајот на врската причина, ниту мислам дека човек треба да има проблем за да оди на психотерапија, здрави луѓе одат бидејќи се грижат за своето ментално здравје - така и треба.

За претходни врски нормално дека и мене ме интересира Лазе, не е прашањето тоа, туку начинот и кога и како прашуваш. Еве ако за мои лични критериуми зборуваме, пре би сега да бидам со човек кој поминал тешки времиња, човек кој е разведен или еднакво бил во таква сериозна врска итн. затоа што мислам дека тој може многу подобро да ме разбере него некој што нема слично искуство. Не е исто човек кој само си замислува како функционира еден однос секојдневно и некој кој тоа и го искусил.

Макар, што е право, тебе на дејт не треба да те прашуваме за минатото, туку искреност за сегашноста да си побараме :D

Прашање за прв дејт: дали си женет? :cautious:
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.744
За претходни врски нормално дека и мене ме интересира Лазе, не е прашањето тоа, туку начинот и кога и како прашуваш. Еве ако за мои лични критериуми зборуваме, пре би сега да бидам со човек кој поминал тешки времиња, човек кој е разведен или еднакво бил во таква сериозна врска итн. затоа што мислам дека тој може многу подобро да ме разбере него некој што нема слично искуство. Не е исто човек кој само си замислува како функционира еден однос секојдневно и некој кој тоа и го искусил.

Макар, што е право, тебе на дејт не треба да те прашуваме за минатото, туку искреност за сегашноста да си побараме :D

Прашање за прв дејт: дали си женет? :cautious:
Cerk Cek, kako beshe muabetot za decana?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom