- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.733
- Поени од реакции
- 8.743
Не е толку јад и беда, огромен проблем претставува нерасчистено од старт како ќе се функционира. Може ти очекуваш едно, жената друго.Не ме разбираш, јас ти зборам за време на брак, не е битно дали имотот пишува на мене или тебе, тоа е наш имот. Ако во бракот ,,си внела,, стан, тој стан пишува на твое име, но тој стан не е твој туку наш, се додека сме во брак. Ако се разведиме тој стан пак е твој. Исто и со имотот кој јас сум го внел, тоа е наш имот. Значи, додека сме во брак, пример, не може мене да ми текне и да продавам некој ,,мој,, стан без за тоа да се договорам со тебе, иако тој стан може ми е од татко или дедо, тоа е наш стан и за него решаваме заеднички. Бедно е во брак да има мој и твој имот.
Едно е евиденција друго е да ,,делиме,, трошоци, јас од ,моите,, пари ке купам ова а ти од ,твоите,, пари ке купиш она, оваа свадба се твои роднини па поклон ке дадеш ти, ова се мои гости јас ке спремам... јад и беда.
Овие работи на маса се решаваат, за никој да не биде разочаран.
Добро те разбирам што сакаш да кажеш, само во пракса е тешко изводливо, а и сам со некои коментари не си свесен можеби, но правиш да е комплицирано. На пример со тоа "пари од жена не ми требаат", океј, ако ти во моментот не заработуваш никако, кое ти е чарето за цело семејство?